Промовирани огласи »

Повеќе од 80 проценти од анкетираните Европејци сакаат да биде тргната практиката на поместување на часовниците и смената на летно и зимско сметање на времето. 

Консултациите на Европската комисија од почетокот на јули до средината на август вклучуваа 4,6 милиони луѓе (помалку од 0,5% од населението на ЕУ). 

Повеќе од три милиони гласови беа дадени во Германија.

Од оние кои претпочитаат да престане да се менува зимско и летно сметање на времето, повеќето сакаат да се задржи летното сметање на времето.

Портпаролката на ЕК пред неколку дена рече дека Европската комисија детално ќе ги испита резултатите пред да даде какви било јавни изјави.

Иако не е правно обврзувачки, консултациите можат да послужат како основа за законодавни активности потребни за да се направат промени во правната рамка. Секоја конечна реформа мора да биде одобрена од Европскиот парламент и земјите-членки.

Што мислите вие за оваа тема, дали ќе биде подобро да се премине само на летно сметање на времето или да остане како што е?

Промовирани огласи »

Kaко од фотелја да се заработат 2000 долари месечно?

Ќе имате слободно време, а за 3 недели ќе заработите доволно за следните 6 месеци

Од дома може да се заработат 2000 долари месечно, и потоа да се живее комотно неколку месеци. 

Но, ваквата работа на различни веб платформи не нуди социјална и здравствена заштита, а на ваков начин работат доста луѓе од Западен Балкан. 

Наместо да се селат во Европа, Канада или Австралија, младите луѓе одлучија да заработуваат дома по европски стандарди.

Платформите Upwork и Toptal нудат можност за фриленс работа со многу подобра заработка од онаа што ја нудат класичните работни места. 

Но, негативните страни се што овие луѓе немаат постојани работодавци, а имаат голема конкуренција од целиот свет. 

„Разликата е во тоа што сте слободни, можете можете навистина добро да живеете, но мора да вложите малку време и напор“ - вели Ѓорѓе, 3 Д уметник од Србија, пишуваат српските медиуми. 

Нема сигурност, но за три недели вели можете да заработите пари за следните шест месеци. 

Многи фриленсери на Балканот не ги пријавуваат своите приходи и не плаќаат данок. 

Промовирани огласи »

Измени во полагањето за возачка: Нова фирма го доби милионскиот тендер од МВР

Фирма основна пред една седмица го доби милионскиот бизнис за полагање возачки во Скопје

Тестовите, пологинот и градското возење потребни за добивање возачка дозвола од скоро ќе се полагаат во нова фирма која пред неколку денови добила овластување од МВР за оваа дејност. Авто-испитен центар Скопје, сега ќе го работи тоа што беше работа на АМСМ во изминативе десет години, а лиценцата за работа, штотуку отворената фирма ја добила од Министерството за внатрешни работи на 14-ти август, објави телевизија Алфа.

Фирмата „Авто-испитен центар Скопје“ била отворена само седум дена пред МВР да го распишат јавниот конкурс за ангажирање фирма за полагање возачки испити. Според податоците од Централниот регистар, „Авто-испитен центар Скопје“, е друштво формирано на 19-ти јуни  2018 година. МВР, пак, јавниот конкурс за избор на фирма која ќе врши полагање возачки го распишале на 25 јуни, една недела по отворањето на фирмата.

Според одлуката на Министерството, штотуку основаната компанија победила на тендерот, па од игра неофицијално биле исфрлени АМСМ, АСУЦ Боро Петрушевски, ПСС и Ауто Македонија.

„Авто испитен центар Скопје“ доби милионски бизнис бидејќи во наредните пет години тие ќе бидат единствените што ќе спроведуваат теоретски и практични тестирања за возачки испити. Од овој бизнис во град со над 700.000 жители, годишниот обрт достигнува и до милион евра, а познавачите велат дека фирмата стара седум дена до распишување на огласот, годишно може да има заработка и над 300.000 евра.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »