За пет процнети ќе се зголеми платата на здравствените работници во семптември, соопшти министерто за здравство Венко Филипче. Основицата за пресметка на платата ќе се зголеми од 12.645 на 13.286 денари.

На ова зголемување реагираа од синдикатот на клинички центри дека на доктор специјалист од терицерно здравство платата ќе се зголеми за 1940 денари. Тие прашуваат како ќе се оствари ветената програма за двојно зголемување на основните плати 100 илјади денари за доктор специјалист до 2020 година. На денешното најаување на прес конференцијата реагираа и од ВМРО ДПМНЕ дека ветувањата се утопија.
На тема плата во здравство, Филипче потенцира дека специјалзантите кои се запиишале во март оваа година ќе ги добијат предвидените надоместоци.
Докторите по медицина се, исто така, професија со зголемен одлив. Во некои јавни здравствени установи има недостиг не само од медицински сестри, туку сè повеќе и од специјалисти кои најчесто заминуваат во западноевропските земји.
Според Синдикатот, со пет проценти покачување сегашната основна плата на доктор специјалист од терциерно здравство од 38.827 денари би изнесувала 40.767 денари, односно би се зголемила за 1.940 денари, а за медицинска сестра со средна стручна спрема со сегашна основна плата од 18.027 денари би изнесувала 18.927 денари или би се зголемила за 900 денари.
Со оваа динамика и вакво „скалесто покачување“ останува нејасно како ќе се спроведе програмата на Владата што Синдикатот на клинички центри во целост ја поддржува. Доколку е така планирано, би било единствено покачување на основната плата на здравствените работници во периодот од 2017 година до крајот на 2018 година, велат од Синдикатот.
За Синдикатот се неприфатливи и пресметки кои вклучуваат додатоци на плата какви што се дежурствата во толкување на остварување на Програмата на Владата 2017-2020 година која се однесува исклучиво на покачување на основната плата.
Од матичниот факултет во Скопје немаат бројка на млади кои во последната година решиле да најдат работа во странство, но познато им е дека има обиди.
Генерално, Медицинскиот факултет нема точни сознанија колкав број од дипломираните доктори по медицина успеваат да се вработат во професијата во Република Македонија. Еден дел од нив бараат еквиваленција на предметните програми од страна на Медицинскиот факултет со надеж дека ќе најдат вработување надвор од државата. Претежно се обидуваат во Германија. Еден помал процент се вработуваат во фармацевтските компании и во приватните здравствени установи, изјави д-р Соња Топузовска, декан на Медицинскиот факултет при УКИМ.
Официјални податоци за иселувањето на младите и воопшто на луѓето од Македонија нема. Со долгоочекуваниот попис, меѓу другото, ќе стане јасна и таа цифра што сега е неодредена, но содржи пет нули. Секој познава барем еден човек кој одовде отишол некаде со билет во еден правец и со намера кариерата и иднината да ги гради далеку од дома. Коментарот е обично: таму повеќе ги ценат. Но, и овде се тие ценети професии и голем дел од нив успеваат да најдат работа која е и добро платена.
Прашањето е дали е тоа сè што сакаат тие? Врз нивната одлука да отпатуваат влијае и желбата за уредено и напредно општество, а од тоа зависи и одлуката да дојдат назад тие што веќе заминале:
Во моментов не размислуваме за враќање во Македонија. Некогаш во иднина, доколку би одлучиле да се вратиме, би сакал тоа да биде во една напредната европска Македонија, со подобрен здравствен систем, подобрена функционалност на институциите и еднаква можност за сите, рече доктор од Кочани кој од 2014-та има германска адреса.