Промовирани огласи »

Дали поголеми плати ќе го запрат одливот на доктори од државата?

За пет процнети ќе се зголеми платата на здравствените работници во семптември

За пет процнети ќе се зголеми платата на здравствените работници во семптември, соопшти министерто за здравство Венко Филипче. Основицата за пресметка на платата ќе се зголеми од 12.645 на 13.286 денари.

На ова зголемување реагираа од синдикатот на клинички центри дека на доктор специјалист од терицерно здравство платата ќе се зголеми за 1940 денари. Тие прашуваат како ќе се оствари ветената програма за двојно зголемување на основните плати 100 илјади денари за доктор специјалист до 2020 година. На денешното најаување на прес конференцијата реагираа и од ВМРО ДПМНЕ дека ветувањата се утопија.

На тема плата во здравство, Филипче потенцира дека специјалзантите кои се запиишале во март оваа година ќе ги добијат предвидените надоместоци.

Докторите по медицина се, исто така, професија со зголемен одлив. Во некои јавни здравствени установи има недостиг не само од медицински сестри, туку сè повеќе и од специјалисти кои најчесто заминуваат во западноевропските земји.

Според Синдикатот, со пет проценти покачување сегашната основна плата на доктор специјалист од терциерно здравство од 38.827 денари би изнесувала 40.767 денари, односно би се зголемила за 1.940 денари, а за медицинска сестра со средна стручна спрема со сегашна основна плата од 18.027 денари би изнесувала 18.927 денари или би се зголемила за 900 денари.

Со оваа динамика и вакво „скалесто покачување“ останува нејасно како ќе се спроведе програмата на Владата што Синдикатот на клинички центри во целост ја поддржува. Доколку е така планирано, би било единствено покачување на основната плата на здравствените работници во периодот од 2017 година до крајот на 2018 година, велат од Синдикатот.

За Синдикатот се неприфатливи и пресметки кои вклучуваат додатоци на плата какви што се дежурствата во толкување на остварување на Програмата на Владата 2017-2020 година која се однесува исклучиво на покачување на основната плата. 

Од матичниот факултет во Скопје немаат бројка на млади кои во последната година решиле да најдат работа во странство, но познато им е дека има обиди.

Генерално, Медицинскиот факултет нема точни сознанија колкав број од дипломираните доктори по медицина успеваат да се вработат во професијата во Република Македонија. Еден дел од нив бараат еквиваленција на предметните програми од страна на Медицинскиот факултет со надеж дека ќе најдат вработување надвор од државата. Претежно се обидуваат во Германија. Еден помал процент се вработуваат во фармацевтските компании и во приватните здравствени установи, изјави д-р Соња Топузовска, декан на Медицинскиот факултет при УКИМ.

Официјални податоци за иселувањето на младите и воопшто на луѓето од Македонија нема. Со долгоочекуваниот попис, меѓу другото, ќе стане јасна и таа цифра што сега е неодредена, но содржи пет нули. Секој познава барем еден човек кој одовде отишол некаде со билет во еден правец и со намера кариерата и иднината да ги гради далеку од дома. Коментарот е обично: таму повеќе ги ценат. Но, и овде се тие ценети професии и голем дел од нив успеваат да најдат работа која е и добро платена.

Прашањето е дали е тоа сè што сакаат тие? Врз нивната одлука да отпатуваат влијае и желбата за уредено и напредно општество, а од тоа зависи и одлуката да дојдат назад тие што веќе заминале:

Во моментов не размислуваме за враќање во Македонија. Некогаш во иднина, доколку би одлучиле да се вратиме, би сакал тоа да биде во една напредната европска Македонија, со подобрен здравствен систем, подобрена функционалност на институциите и еднаква можност за сите, рече доктор од Кочани кој од 2014-та има германска адреса.

Промовирани огласи »

Кои македонски пензионери земаат пензија од 49.000 денари?

Повеќето имаат старосна пензија, но колкумина ја земаат највисоката, а колку имаат минимални пензионерски приходи

Вкупно 312.703 пензионери земаат пензија од Фондот за пензиско и инвалдиско осигурување моментно, по основ на остварено работно право. Повеќето имаат старосна пензија, но колкумина ја земаат највисоката, а колку имаат минимални пензионерски приходи. Јулската статистика од ПИОМ покажува дека во моментов има пензионери чии месечни приходи само по овој основ изнесуваат 49.360 денари. Многу повеќе над просечната нето плата исплатена во земјава, која е нешто над 24.000 денари.

Впрочем во групата во која се пензионерите со максимални примања во јули имало вкупно 2.008 луѓе. Сите не земаат 49.360 денари, но пензиите на сите нив се движат од 37.537 денари до 49.360 денари.

Најголем дел од вкупниот број пензионери или вкупно 193.204 луѓе земаат пензии од 11.131 денар до 37.537 денари.

Помала група се пензионери кои имаат минимална пензија или од 8.716 денари до 9.189 денари месечено. Или во оваа група се пензиите на 93.493 пензионери.

Има и такви кои земаат под минималната пензија или до 8.716 денари. Толкава пензија земаат 23.998 луѓе.

Инаку просекот за исплатена пензија во јули изнесува 14.145 денари.

Вкупниот број на корисници на пензија е поголем ако се пресметаат и тие кои земаат воени и земјоделски пензии. Во јули корисници на пензија од воено право се 1.316, додека земјоделски пензии имаат 241 лице.

Промовирани огласи »

Се зголемуваат платите во здравството

Пресметувањето на најниската плата ќе отпочне да се применува со исплатата за септември, и согласно колективниот договор нема да изнесува помалку од 15.770 денари

Владата на вчерашната владина седница ја разгледа и усвои Информацијата за склучување на Спогодба за утврдување на вредноста на бодот за најниската плата за најнизок степен на сложеност и за начинот на пресметување и исплата на платите во здравствената дејност, и ќе изнесува 13.286 денари.

Од владината служба за информирање соопштија дека со оваа корекција вредноста на бодот во здравството се зголемува за пет отсто, а пресметувањето на најниската плата ќе отпочне да се применува со исплатата за септември, и согласно колективниот договор нема да изнесува помалку од 15.770 денари.

Промовирани огласи »

Нов оглас за субвенции: Можно е да има и национален авиопревозник

Владата распиша нов повик и воведе нови критериуми за субвенционирање авиокомпании

Не е исклучено да се воспостави и национален авиопревозник, а за тоа има можност, тврдат од Министерството за транспорт и врски. Оттаму велат дека тоа го покажала и првичната анализа која се врши во Министерството, а подоцна ќе биде ангажиран и консултант.

Воспоставување на национален авиопревозник не е исклучено од целата постапка што се води за обезбедување авио превоз. Сега се анализираат можностите за обновување на постапката во рамки на министерството, рече Светлана Глигоровска од Министерството за транспорт и врски на денешната прес-конфернеција.

На конференцијата беше соопштено дека Владата ја усвоила Уредбата за начинот и критериумите со кои ќе доделува субвенции на авиокомпании за евтини авиолинии, како и Програма за определување финансии за таа намена за периодот од 2019 до 2021 година. Со тоа и официјално почна постапката за претстојното објавување нов повик за субвенции за авиокомпании кои ќе оперираат од скопскиот и охридскиот аеродром.

Министерот Горан Сугарески рече дека авиокомпаниите ќе имаат обврска до 10 јануари следната година да воспостават база од најмалку еден авион на скопскиот или охридскиот аеродром за периодот за кој се доделува финансиската поддршка, а на кој аеродром сам ќе одлучи. Со претходниот јавен повик, што минатиот месец беше поништен поради административни пречки на единствената понуда од авиокомпанијата „Виз Ер“ беше предвидено задолжително воспоставување на една база на скопскиот и една база на охридскиот аеродром. Условите за новиот повик предвидуваат најдоцна до 10 јануари следната година авиопревозникот да започне со оперирање на најмалку две нови дестинации од аеродромот во Скопје и да ги опслужува за периодот за кој се доделува финансиската поддршка. Воедно треба авиокомпанијата што сака да добие субвенции треба да започне и со оперирање на најмалку четири нови дестинации од охридскиот аеродром, од кои првите две да ги воспостави до 10 јануари следната година, а останатите две во рок од една година по склучувањето на договорот. На секоја нова дестинација што ќе ја воведе авиопревозникот од аеродромот во Охрид претходните две години не требало да има редовна авиолинија.

Целата постапка за доделување на финансиската поддршка ќе се врши јавно, фер и транспарентно, рече Сугарески, повикувајќи ги сите заинтересирани авиокомпании да се пријават на повикот и изразувајќи уверување дека ќе се избере авиопревозник кој ќе достави најдобра понуда и ќе ги исполнува критериумите.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »