Промовирани огласи »

Поврат на ДДВ кај граѓаните следна реформа на УЈП

Лукаревска го најави повратот на ДДВ кај граѓаните како следна реформа на УЈП

Сања Лукаревска, првиот човек на Управата за јавни приходи, го најави предизборниот проект „Повеќе пари кај граѓаните“ како следна даночна реформа на кои што работи УЈП и ја планира за следниот период.

Владата на Република Македонија долго време го ветуваше фамозниот систем со кој на граѓаните ќе им се враќаат по 15% од платениот ДДВ, со исклучок на данокот остварен при купување на лускузни производи.

Управата за јавни приходи превзема активности за имплементација на Проектот “Повеќе пари кај граѓаните”, кој треба да овозможи поврат на 15% од износот на платениот ДДВ на физички лица.Исто така превземаме низа активности за имплементација на Проектот за обезбедување на даночно намалување за стопански субјекти кои ќе донираат средства на спортските клубови – изјави Лукаревска.

Ова ветување Владата предводена од СДСМго одложи за 2019 година, со образложение дека во 2018 година само ќе се реализира пилот проект во два региона во земјава.

Тагови: Мој ДДВ УЈП

Промовирани огласи »

250 лица во Македонија живееле без државјанство

Лицата кои не се регистрирани во матичните книги на родените

Лицата кои не се регистрирани или пак ги немаат регистрирано нивните деца во матичните книги на родените тоа можат да го направат до 30 септември годинава во подрачните единици на Управата за водење на матичните книги со поднесување барање за дополнително запишување. 

Ова го овозможува шестмесечниот јавен повик за прибирање податоци за лица - нерегистрирани во матичната книга, инициран од Управата за водење на матичните книги и Министерството за труд и социјална политика, што беше објавен во април годинава.

Се работи за лица родени во домашни услови, но и лица кои се родени во здравствени установи, меѓутоа нивните родители не ја извршиле должноста да го пријават името на детето во матичната служба.

Досега оваа можност за запишување во матичната евиденција, како што информираат од Управата за водење на матичните книги, ја искористиле 250 лица.

За пријавување се пополнува прашалник од страна на нашиот матичар според усни изјави или согласно еден документ за идентификација што го поседуваат. Упатно е да имаат и да покажат за децата, картони за вакцинација, сведетелства, копии од некои потврди и било кои документи што може да помогнат во нивна идентификација. Врз основа на ова лицата ќе се евидентираат и потоа ќе се спроведува управна постапка за нивно запишување во матичната евиденција, велат од Управата, пренесува МИА.

Промовирани огласи »

Само „Виз ер“ доставила понуда за субвенции за нови линии

Само „Виз ер“ доставила понуда за нови дестинации од Скопскиот и Охридскиот аеродром

Само „Виз ер“ доставила понуда за нови дестинации од Скопскиот и Охридскиот регион на повикот за субвенционирање авиокомпании, информираат од Министерството за транспорт и врски.
Јавно отворање на понудите се одржа денеска во 12 часот.

До 12 часот, до кога беше крајниот рок, понуда достави само една компанија, „Виз ер“. Во следниот период Комисијата ќе изврши евалуација на понудата за да утврди дали поднесената документација одговара со условите и барањата на тендерот, велат од Министерството.

Промовирани огласи »

Промени ќе претрпат 24 учебници од средно и основно образование

По сугестија на наставниците

Во дваесет и два учебници кои се користат во основното образование и два учебника од средно образование ќе има исправки или дополнувања на содржината, според укажаните грешки од наставниците до Педагошката служба, објави „Независен“.

Во процедура на изработка се неколку нови учебници, како и нови наставни програми по кои ќе треба да се изработат учебниците за тие предмети. Тука треба да имаме во предвид дека во образованието секогаш има потреба за промена по насоки, наставни програми и учебници со цел подобрување на квалитетот. На пример, за стручното образование ова година имавме оглас за околу 30 нови учебници. Во процедура се исто така околу 15 други учебници од кои повеќето за предмети по странски јазици во основното и средното образование, објаснуваат од Министерството за образование.

Со години во наставата се провлекуваат учебници со грешки. Во дел има технички пропусти, несоодветен превод, неточни податоци кои се однесуваат за историја на етникуми, ама и географски недоследности.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »