Промовирани огласи »

Само „Виз ер“ доставила понуда за субвенции за нови линии

Само „Виз ер“ доставила понуда за нови дестинации од Скопскиот и Охридскиот аеродром

Само „Виз ер“ доставила понуда за нови дестинации од Скопскиот и Охридскиот регион на повикот за субвенционирање авиокомпании, информираат од Министерството за транспорт и врски.
Јавно отворање на понудите се одржа денеска во 12 часот.

До 12 часот, до кога беше крајниот рок, понуда достави само една компанија, „Виз ер“. Во следниот период Комисијата ќе изврши евалуација на понудата за да утврди дали поднесената документација одговара со условите и барањата на тендерот, велат од Министерството.

Промовирани огласи »

Промени ќе претрпат 24 учебници од средно и основно образование

По сугестија на наставниците

Во дваесет и два учебници кои се користат во основното образование и два учебника од средно образование ќе има исправки или дополнувања на содржината, според укажаните грешки од наставниците до Педагошката служба, објави „Независен“.

Во процедура на изработка се неколку нови учебници, како и нови наставни програми по кои ќе треба да се изработат учебниците за тие предмети. Тука треба да имаме во предвид дека во образованието секогаш има потреба за промена по насоки, наставни програми и учебници со цел подобрување на квалитетот. На пример, за стручното образование ова година имавме оглас за околу 30 нови учебници. Во процедура се исто така околу 15 други учебници од кои повеќето за предмети по странски јазици во основното и средното образование, објаснуваат од Министерството за образование.

Со години во наставата се провлекуваат учебници со грешки. Во дел има технички пропусти, несоодветен превод, неточни податоци кои се однесуваат за историја на етникуми, ама и географски недоследности.

Промовирани огласи »

2.075.300 жители имала Македонија во јануари 2018-та покажува истражување кое го објави Еуростат.

Статистичката канцеларија на ЕУ-Еуростат посочува дека истиот период лани бројот на популацијата во Македонија бил 2.073.700.

Сепак Македонија попис нема спроведено од 2001, а најавите се дека за две години ќе се преброиме.

Еуростат проценува дека Европската унија во јануари 2018 година броела 512,6 милиони жители а зголемувањето на популацијата од 1,1 милиони жители во однос на истиот период лани се должи на миграцијата, бидејќи е забележан поголем број на починати лица од новородени. 

Податоците покажуваат дека Германија е најнаселена, зад неа се Франција, Велиак Британија, Италија, Шпанија и Полска.

Промовирани огласи »

ЦЕЛИОТ СПИСОК: Овие автомобили имаат најсигурни мотори

Имајте на ум кога купувате автомобил

Експертите направија рангирање на автомобилски брендови чии мотори се најсигурни. На списокот се мотори, кај кои што не се забележани проблеми при првите 300.000 километри, пишува весникот „The Siver Times“.

На прво место во Топ 5 е брендот „Renault“ со својот „K7M“ мотор со волумен од 1,6 литри. Моторот е достапен во неколку варијанти на моќност, а се наоѓа во „Renault Megane“ и „Renault Scenic“ (1995-1999 година), „Renault Clio II“ (1998-2003), „Dacia Logan“ (2004-2010), „Dacia Sandero“ (2008-2011) и „Dacia Lodgy“ и „Dacia Dokker“ (2012). Овој мотор може да помине дури 400.000 км без поголем ремонт.

На втората позиција се рангирани три брендови на автомобили – „Hyundai“, „Kia“ и „Mitsubishi“. Експертите посочуваат дека генерално сите нивни агрегати се сигурни, единствениот нивни проблем е со катализаторите, но тој се забележува во доста ретки случаи.

Третото место е за моделите на „Opel“, имено „Astra“, „Zafira“ и „Vectra“, кои се опремени со 1,8-литарски бензински мотор. Тој исто така е сигурен и лесно може да достигне 300.000 км без да мора да се поправа.

Следна е „Honda“, чии мотори се оценети како многу добри. Нивните предности вклучуваат едноставни конструкции и детали за квалитетот. Исто така е објавено дека производството на „Honda“ моторите е многу добро направено.

Топ 5 од овој рејтинг го затвора моторот на „MR20DE“ на „Nissan“, кој се произведува од 2005-та година. Неговата главна предност е дека често се ажурира, а тоа се одразува многу позитивно на квалитетите, бидејќи сите недостатоците се отстрануваат.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »