Промовирани огласи »

250 лица во Македонија живееле без државјанство

Лицата кои не се регистрирани во матичните книги на родените

Лицата кои не се регистрирани или пак ги немаат регистрирано нивните деца во матичните книги на родените тоа можат да го направат до 30 септември годинава во подрачните единици на Управата за водење на матичните книги со поднесување барање за дополнително запишување. 

Ова го овозможува шестмесечниот јавен повик за прибирање податоци за лица - нерегистрирани во матичната книга, инициран од Управата за водење на матичните книги и Министерството за труд и социјална политика, што беше објавен во април годинава.

Се работи за лица родени во домашни услови, но и лица кои се родени во здравствени установи, меѓутоа нивните родители не ја извршиле должноста да го пријават името на детето во матичната служба.

Досега оваа можност за запишување во матичната евиденција, како што информираат од Управата за водење на матичните книги, ја искористиле 250 лица.

За пријавување се пополнува прашалник од страна на нашиот матичар според усни изјави или согласно еден документ за идентификација што го поседуваат. Упатно е да имаат и да покажат за децата, картони за вакцинација, сведетелства, копии од некои потврди и било кои документи што може да помогнат во нивна идентификација. Врз основа на ова лицата ќе се евидентираат и потоа ќе се спроведува управна постапка за нивно запишување во матичната евиденција, велат од Управата, пренесува МИА.

Промовирани огласи »

Само „Виз ер“ доставила понуда за субвенции за нови линии

Само „Виз ер“ доставила понуда за нови дестинации од Скопскиот и Охридскиот аеродром

Само „Виз ер“ доставила понуда за нови дестинации од Скопскиот и Охридскиот регион на повикот за субвенционирање авиокомпании, информираат од Министерството за транспорт и врски.
Јавно отворање на понудите се одржа денеска во 12 часот.

До 12 часот, до кога беше крајниот рок, понуда достави само една компанија, „Виз ер“. Во следниот период Комисијата ќе изврши евалуација на понудата за да утврди дали поднесената документација одговара со условите и барањата на тендерот, велат од Министерството.

Промовирани огласи »

Промени ќе претрпат 24 учебници од средно и основно образование

По сугестија на наставниците

Во дваесет и два учебници кои се користат во основното образование и два учебника од средно образование ќе има исправки или дополнувања на содржината, според укажаните грешки од наставниците до Педагошката служба, објави „Независен“.

Во процедура на изработка се неколку нови учебници, како и нови наставни програми по кои ќе треба да се изработат учебниците за тие предмети. Тука треба да имаме во предвид дека во образованието секогаш има потреба за промена по насоки, наставни програми и учебници со цел подобрување на квалитетот. На пример, за стручното образование ова година имавме оглас за околу 30 нови учебници. Во процедура се исто така околу 15 други учебници од кои повеќето за предмети по странски јазици во основното и средното образование, објаснуваат од Министерството за образование.

Со години во наставата се провлекуваат учебници со грешки. Во дел има технички пропусти, несоодветен превод, неточни податоци кои се однесуваат за историја на етникуми, ама и географски недоследности.

Промовирани огласи »

2.075.300 жители имала Македонија во јануари 2018-та покажува истражување кое го објави Еуростат.

Статистичката канцеларија на ЕУ-Еуростат посочува дека истиот период лани бројот на популацијата во Македонија бил 2.073.700.

Сепак Македонија попис нема спроведено од 2001, а најавите се дека за две години ќе се преброиме.

Еуростат проценува дека Европската унија во јануари 2018 година броела 512,6 милиони жители а зголемувањето на популацијата од 1,1 милиони жители во однос на истиот период лани се должи на миграцијата, бидејќи е забележан поголем број на починати лица од новородени. 

Податоците покажуваат дека Германија е најнаселена, зад неа се Франција, Велиак Британија, Италија, Шпанија и Полска.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »