Промовирани огласи »

2.075.300 жители имала Македонија во јануари 2018-та покажува истражување кое го објави Еуростат.

Статистичката канцеларија на ЕУ-Еуростат посочува дека истиот период лани бројот на популацијата во Македонија бил 2.073.700.

Сепак Македонија попис нема спроведено од 2001, а најавите се дека за две години ќе се преброиме.

Еуростат проценува дека Европската унија во јануари 2018 година броела 512,6 милиони жители а зголемувањето на популацијата од 1,1 милиони жители во однос на истиот период лани се должи на миграцијата, бидејќи е забележан поголем број на починати лица од новородени. 

Податоците покажуваат дека Германија е најнаселена, зад неа се Франција, Велиак Британија, Италија, Шпанија и Полска.

Промовирани огласи »

ЦЕЛИОТ СПИСОК: Овие автомобили имаат најсигурни мотори

Имајте на ум кога купувате автомобил

Експертите направија рангирање на автомобилски брендови чии мотори се најсигурни. На списокот се мотори, кај кои што не се забележани проблеми при првите 300.000 километри, пишува весникот „The Siver Times“.

На прво место во Топ 5 е брендот „Renault“ со својот „K7M“ мотор со волумен од 1,6 литри. Моторот е достапен во неколку варијанти на моќност, а се наоѓа во „Renault Megane“ и „Renault Scenic“ (1995-1999 година), „Renault Clio II“ (1998-2003), „Dacia Logan“ (2004-2010), „Dacia Sandero“ (2008-2011) и „Dacia Lodgy“ и „Dacia Dokker“ (2012). Овој мотор може да помине дури 400.000 км без поголем ремонт.

На втората позиција се рангирани три брендови на автомобили – „Hyundai“, „Kia“ и „Mitsubishi“. Експертите посочуваат дека генерално сите нивни агрегати се сигурни, единствениот нивни проблем е со катализаторите, но тој се забележува во доста ретки случаи.

Третото место е за моделите на „Opel“, имено „Astra“, „Zafira“ и „Vectra“, кои се опремени со 1,8-литарски бензински мотор. Тој исто така е сигурен и лесно може да достигне 300.000 км без да мора да се поправа.

Следна е „Honda“, чии мотори се оценети како многу добри. Нивните предности вклучуваат едноставни конструкции и детали за квалитетот. Исто така е објавено дека производството на „Honda“ моторите е многу добро направено.

Топ 5 од овој рејтинг го затвора моторот на „MR20DE“ на „Nissan“, кој се произведува од 2005-та година. Неговата главна предност е дека често се ажурира, а тоа се одразува многу позитивно на квалитетите, бидејќи сите недостатоците се отстрануваат.

Промовирани огласи »

Предвидуваат лоши вести, но биткоинот скокна на 8000 долари

Вртоглав скок на биткоинот

Вредноста на биткоинот надмина 8.000 долари за прв пат по два месеци, поради знаците на растечкиот институционален интерес за дигиталната валута, објави „Ројтерс“.

Претходно криптовалутата се движеше околу 6000 долари. 

Веста за зголемувањето на цената се појави, по одобрувањето во САД на фондот за берзанско тргување за криптовалути (ETF), што ја зголеми побарувачката.

Тоа беше поткрепено со коментарот на Лари Финк, извршен директор на „Black Rock Investment Bank“ во минатата недела, дека најголемата инвестициска компанија во светот е заинтересирана за криптовалутата.

На берзата во Луксембург, „Bitstamp“, вредноста се искачи на 8.130 долари, највисоко ниво од 22-ри мај.

По достигањето на максимумот од скоро 20.000 долари во декември минатата година, биткоинот изгуби повеќе од половина од својата вредност во оваа година поради падот на интересот од страна на институционалните и приватните инвеститори.

Иако цената на биткоин почна да расте во последниве недели, виртуелната валута се уште се соочува со тешкотии на патот кон масовната употреба. 

Според Европската унија, биткоинот и другите децентрализирани криптовалути можат да бидат истуркани надвор од пазарот, од  централните банки во светот, пренесува „Forbes“.

Промовирани огласи »

Граѓаните ќе ги добиваат пасошите на врата

Целта на анализите е да се направи конзистентен, ефикасен и брз систем што ќе им овозможи на граѓаните брзо да бидат услужени.

Министерството за внатрешни работи прави анализи на целокупниот процес за вадење лични документи, на телефонското закажување на терминот што сега се спроведува преку приватна фирма, на можноста целата оваа активност да ја преземат службите на МВР, со цел процесот да се забрза, поедностави, но и да биде финансиски поисплатлив, а се работи и на тоа патните исправи граѓаните да ги добиваат на домашна адреса.

Ова го посочи денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговорајќи на прашање од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Емилија Александрова. Таа побара од министерот да каже како ќе се поедностави процесот на вадење лични документи во помалите градови.

Закажувањето за вадење лични документи е сериозен проблем, имајќи предвид дека е направен договор со фирма, која го има кол центарот за вадење лични документи. Ова е затекната состојба. Тоа е добра идеја, која функционира во поголемите градови, рече Спасовски и додаде дека група во МВР работи на анализи во насока Министерството да ја преземе оваа активност.

Нагласи дека премногу пари и финансиски средства се одлеваат во приватна фирма, и додаде дека врз основа на анализите ќе биде дефиниран соодветниот начин и метод како целата оваа активност да биде преземена од МВР.

Се согласувам и во право сте дека во тој дел има несоодветност. Има градови во кои нема луѓе и можат веднаш да извадат исправа, но мораат да имаат термин, додаде Спасовски.

Во летниот период дневно се издаваат 1.200 до 1.500 пасоши, а потребите се околу 2.500. Спасовски рече дека целта на анализите е да се направи конзистентен, ефикасен и брз систем што ќе им овозможи на граѓаните брзо да бидат услужени.

Министерот за внатрешни работи додаде дека се работи на можноста патните исправи да бидат доставувани лично на домашна адреса, со цел да не мораат граѓаните да одат директно до Одделот за управни работи. Преку консултатни, дополни, се прават обиди за олеснување на потстапката за вадење пасоши во ДКП.

Република Македонија е една од државите која најлошо го има решено тој проблем, бидејќи мора вработени од МВР оттука со мобилни станици да поминат цел месец низ европските држави, да ги сликаат луѓето, да се вратат назад, да се изработуваат пасошите, рече Спасовски.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »