Промовирани огласи »

Таравари: Порано имавме највисока доверба, сега е падната за неколку места

Претходниот министер за здравство открива колку доктори заминале лани од Македонија

Поранешниот министер за здравство Арбен Таравари, како гостин на ТВ Алфа, изјави дека, според некои интерни анкети, довербата на граѓаните во министерството била највисока од сите владини институции, но сега таа е падната за неколку позиции.

Во текот на гостувањето Таравари спомна дека минатата година се правело анкета за тоа колку граѓаните имаат доверба во министерства. На таа анкета минатата година Министерството за здраство били на прво место, и тоа пред премиерот. Но, сега се наоѓало на трето или четвро место од долу на листата.

Таравари истакна дека оставиле министерство со најголема доверба, а сега е меѓу последните на листата.

Ова  е таман работа за оставка. Ова е скандал. Досега оваа влада, оваа година немала поголем скандал од ова. И поголема причини од оваа за оставка, не знам дали може да има, изјави Таравари, мислејќи на фамозниот тендер од 36 милиони евра за реагенси и централизирање на лабораториите.

Таравари изјави дека во последните три месеци од државата се иселиле 110 доктори и ова било најголемо иселување во последните десет години.

Промовирани огласи »

Согласно Законот за работни односи, секој работник кој има непрекинат работен стаж од 6 месеци има право на платен годишен одмор од најмалку 20 и најмногу 26 работни дена. На месечно ниво се добиваат по 2 дена платен одмор.

Според законот предвидено е годишниот одмор да се користи во два дела, првиот дел мора да трае најмалку 12 работни дена и да се користи до крајот на тековната година, а вториот дел најдоцна до 30 јуни идната година. Доколку не го искористите одморот работодавачот треба да ви ги наплати тие денови дополнително на платата во јули.

Треба да напоменеме дека во годишниот одмор не се пресметуваат: празниците, викендите (доколку од фирмата каде што сте вработени се неработни), отсуствата поради боледување и другите случаи на оправдано отсуство од работа.

Тие кои не се во редовен работен однос како на пример хонорарарците и другите нетипични видови на вработувања не се предвидени со Законот за работни односи, но обврска е на менаџментот кој ги користи услугите на оваа група е да им овозможи еднаков третман во однос на користењето на одморите со другите вработени. Но сепак тоа останува во меѓусебен договор на засегнатите страни.

Законот предвидува прекршочка одговорност на сите работодавачи кои ќе ги прекршат одредбите недавајќи им одмор на своите работници.

За да користите годишен одмор треба однапред да поднесете барање за истото и тоа да биде утврдено со план за одмори и писменото барање да биде потпишано од работодавецот и од вас како вработен.

Тагови: годишен одмор

Промовирани огласи »

Еве колку чинат лежалките и кафе или пиво во Охрид во екот на сезоната

Оваа лето не им се погоди баш на ниту на оние кои сакаат да се одморат и да уживаат во водите на Охридското Езеро, ниту пак на угостителите

Оваа лето не им се погоди баш на ниту на оние кои  сакаат да се одморат и да уживаат во водите на Охридското Езеро, ниту пак на угостителите.

Постојаниот дожн и температурите кои не се баш карактеристични за овој период од годината, го полнат Охрид само за викенд. Во работните денови, Охрид не е тоа што бил некогаш.

Кога е викенд и плажите се полни и се бара место плус.

Изнајмување на лежалка чини од 100 до 200 денари, во зависност од плажата.

Кафе може да испиете за 50 или 60 денари. Сокче или пиво за 70, 80 денари.

Ако сакате да јадете на плажа, ќе треба да одвоите од 100 до 200 денари.

Цени речиси исти како и во Скопје.

Промовирани огласи »

Се знае ли редот: Наставнички во кратки здолништа, медицински сестри со долги нокти, државни службенички со длабоко деколте

Skopjeinfo.mk пред 45 мин. · Медицински сестри со длабоко деколте, наставнички во кратки здолништа или вработени во јавни институции кои забораваат што значи пристојност и како треба да изгледаш кога си на работа

Кога бев со син ми, пред неколку недели по оценките, учителката беше облечена во краток фустан. Нозете, 80 проценти беа разголени. Фустан без прерамки. Јас разбирам дека таа е млада и дека сака да е убава. И да убаво изгледаше, само не за во училиште, туку за во дискотека. Тој фустан и одговараше на годините, бидејќи таа речиси и да нема 30 години, но не и одговараше на професијата...

-Пред неколку месеци, мојата тригодишна ќерка качи температура среде ноќ. Не можевме да чекаме да се раздени, ја однесовме во Ургентен. Не пречека средновечна сестра. Ноктите црвени, налакирани, долги 20 саниметри. Не изгледа убаво, медицинско лице да дава помош така, да удира инјекции...

За некои важи правилото дека каде и да се секогаш треба да бидат пристојно облечени. Но, секојдневно сме сведоци на една друга слика која е реалност. Медицински сестри со длабоко деколте, наставнички во кратки здолништа или вработени во јавни институции кои забораваат што значи пристојност и како треба да изгледаш кога си на работа.

И покрај тоа што постојано се апелира и секаде постои кодекс на облекување, за некои тоа правило не важи.

Секое училиште си има куќен ред, каде е нагласено дека наставниците треба да бидат пристојно облечени, за да бидат пример за своите ученици. Но, со чест на исклучоци, има и такви со килограми нападна шминка, непристојна гардероба, почнувајчќи од деколте, до кратки здолништа, па се до хеланки и тесни маички со прерамки. Каков пример се тие наставници за децата? Што можат децата да научат од нив? Училиштето од секогаш било место за образување на децата, а всушност се случува они кои ги образуваат да бидат недолични и непристојни.

На тој начин, наставникот остава една друга слика кон учениците, и тука доаѓа кога тие не го почитуваат и кога кон него не гледаат сериозност.

Нешто слична е и сликата со здравствените работници.

Се работи со болни пациенти, кои отишле таму да бараат помош за себе. Многу пати наидуваа на силни парфеми, многу шминка, долги нокти, кои не одговараат на таква професија, како и непристојно облекување.

Во јавноста неодмна излезе скандал, како вработена во Управа за јавни приходи, дошла на работа без гаќи. Некој од вработените се пожалил кај директорот па тој бил принуден до сите вработени да испрати кодекс на однесување,а пред се на облекување.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »