Кога бев со син ми, пред неколку недели по оценките, учителката беше облечена во краток фустан. Нозете, 80 проценти беа разголени. Фустан без прерамки. Јас разбирам дека таа е млада и дека сака да е убава. И да убаво изгледаше, само не за во училиште, туку за во дискотека. Тој фустан и одговараше на годините, бидејќи таа речиси и да нема 30 години, но не и одговараше на професијата...

-Пред неколку месеци, мојата тригодишна ќерка качи температура среде ноќ. Не можевме да чекаме да се раздени, ја однесовме во Ургентен. Не пречека средновечна сестра. Ноктите црвени, налакирани, долги 20 саниметри. Не изгледа убаво, медицинско лице да дава помош така, да удира инјекции...
За некои важи правилото дека каде и да се секогаш треба да бидат пристојно облечени. Но, секојдневно сме сведоци на една друга слика која е реалност. Медицински сестри со длабоко деколте, наставнички во кратки здолништа или вработени во јавни институции кои забораваат што значи пристојност и како треба да изгледаш кога си на работа.
И покрај тоа што постојано се апелира и секаде постои кодекс на облекување, за некои тоа правило не важи.
Секое училиште си има куќен ред, каде е нагласено дека наставниците треба да бидат пристојно облечени, за да бидат пример за своите ученици. Но, со чест на исклучоци, има и такви со килограми нападна шминка, непристојна гардероба, почнувајчќи од деколте, до кратки здолништа, па се до хеланки и тесни маички со прерамки. Каков пример се тие наставници за децата? Што можат децата да научат од нив? Училиштето од секогаш било место за образување на децата, а всушност се случува они кои ги образуваат да бидат недолични и непристојни.
На тој начин, наставникот остава една друга слика кон учениците, и тука доаѓа кога тие не го почитуваат и кога кон него не гледаат сериозност.
Нешто слична е и сликата со здравствените работници.
Се работи со болни пациенти, кои отишле таму да бараат помош за себе. Многу пати наидуваа на силни парфеми, многу шминка, долги нокти, кои не одговараат на таква професија, како и непристојно облекување.
Во јавноста неодмна излезе скандал, како вработена во Управа за јавни приходи, дошла на работа без гаќи. Некој од вработените се пожалил кај директорот па тој бил принуден до сите вработени да испрати кодекс на однесување,а пред се на облекување.