Промовирани огласи »

Vip со поддршка на извидниците во Македонија

12 –та македонска извидничка смотракоја ќе се одржи од 14 до 22 јули во охридското село Скребатно

Телекомуникациската компанија Vip со гордост ја објавува соработката со Сојузот на извидниците на Македонија и ја најавува поддршката за 12 –та македонска извидничка смотракоја ќе се одржи од 14 до 22 јули во охридското село Скребатно.

На овој  извиднички настан од интернационални размери што се одржува на секои пет години, Vip се приклучува како компанија која секогаш безрезервно ги поддржува младите и нивните афинитети за стекнување нови вештини, за дружење и авантури на отворено, надвор од урбаните средини. Во рамките на настанот, покрај 100 таканаречени работилници во кои извидниците ќе имаат можност да ги испробаат и надградат своите вештини, вработени – волонтери од Вип, со особено задоволство ја прифатија поканата за одржување работилници за најмладите скаути на тема “Безбедно користење на интернет” и предавање за развојот на најнапредните дигитални технологии кои претставуваат секојдневие на младите луѓе.

Самата локација и теренот нудат голем број на можности за извиднички авантури и забава. Планинскиот терен и околината на селото нудат прекрасно окружување за копнените активности кои се дел од програмата, како планинарење, хајк, качување по карпа, потрага по богатство, додека непосредната близина на кампот до Охридското Езеро овозможува реализација на доста водени активности како, пливање, нуркање, едрење, рафтинг и многу други, но секако и можност за запознавање на извидниците со убавините кои ги нуди Охридскиот регион.

На смотрата учество ќе земат над 1.200 извидници од Македонија и од 15 други земји: Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Израел, Молдавија, Русија, Словачка, Словенија, Србија, Украина, Франција, Хрватска, Црна Гора и Чешка.

Промовирани огласи »

Медицинските сестри на одмор само 10 дена во годината ?

Известување до министерот Филипче дека се преморени

Здружение на медицинските сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТА – ЗА НАС) му испратија известување до министерот за здравство Венко Филипче.дека се преморени и дека имаат само 10 дена годишен одмор во годината.

Медицинските сестри и другиот медицински персонал од тоа ниво во моментот се револтирани од односот на институциите во кои работат, оти  работат со само еден слободен ден во неделата, може да земат само минимален годишен одмор од 10 дена, а честопати се и повикувани да го прекинат и да се вратат на работа.

Медицинските сестри периодов се соочуваат со приморано користење на минимално законско ниво од 10 дена годишен одмор поради недостатокот на персонал во институциите. Работат дежурства и во смени со само еден ден слободен. Вишокот работни часови и работата во дежурства не се дефинирани дали ќе бидат исплатени по основ на дежурства, на ноќна работа или пак преку слободни денови за кои не се знае дали ќе може да ги искористат поради дефицитот. Голем дел од медицинските сестро се повикуваат да ги прекинат и веќе започнатите годишни одмори и да се вратат на работа, велат од здружението, појаснувајќи дека  покрај малите плати и недоволно вреднуваниот труд, сега овој медицински персонал е дополнително оштетен поради случајот со годишните одмори.

Промовирани огласи »

Нема пари од гастарбајтерите како порано

Колку пари пратиле работниците во земјава

Безмалку 315 милиони долари пратиле работници во земјава како лични дознаки од странство во цела 2017 година. Според податоци на Светската банка оваа сума е за 25 милиони долари поголема од таа во 2016 година кога во земјава по тој основ влегле 290 милиони долари. Но ланската сума секако е пониска од рекордот во 2011 година кога како лични дознаки се водат 434 милиони долари. Од тогаш наваму трендот беше надолен се до 2017 кога има зголемување на сумата.

Пари се за преживување, за туркање на месецот, многу ретко за некоја инвестиција, за старт на нов бизнис. Нашинците кои работат во странство на своите семејства речиси на месечна основа им праќаат пари назад. Сепак се тврди дека сумата која официјално е прикажана е доста помала од реалната оти голем дел од парите се префрлуваат овде по неофицијални канали. Тоа значи дека ги носат со себе кога се враќаат или ги праќаат по роднини.

Ако се анализираат само податоците од Светска банка, по години, од 2002 до 2008 година има постојан раст на сумата која се води како дознаки од странство. Во 2002 година по тој основ во земјава влегле 106 милиони евра, додека во 2008 година се над 406 милиони евра. Следните две години вкупната сума е пониска, но во 2011 година личните дознаки стасуваат до рекордните 434 милиони евра

Од таа година навака сепак е евидентиран пад и тоа драстичен, затоа што во 2016 година сумата се спиштила до ниво од 2006 година. Познавачите велат дека тоа се годините на кризата, па разбирливо и помалку пари стасуваа во земјава и од нашинците. Тоа сепак не коинцидира со податокот дека се повеќе луѓе се исселиле од државата во последните години. Упатува дека надвор се по цели семејства па и практично нема потреба од испраќање пари назад.

Инаку статистика за личните трансфери води и Народната банка. Според податоци оттаму лани, трансферите од работници изнесуваат 198 милиони долари. Годинава по тој основ приливот во земјава за три месеци е  38 милиони долари.

Промовирани огласи »

Осум прашања кои треба да му ги поставите на вашиот потенцијален работодавец

Овие 8 прашања задолжително да ги поставите на крајот од интервјуто за работа

Разговорот за работа не е важен само за работодавачот да може подобро да го запознае потенцијалниот кандидат, туку и за кандидатот – да може да добие што е можно подобар впечаток за самата позиција, работното место и компанијата која би можела да го вработи.

За таа цел, „Бизнис Инсајдер“ ви нуди неколку конкретни прашања, што кандидатот на крајот од интервјуто задолжително мора да му ги постави на работодавачот, со што би го искажал својот интерес, во смисла на адаптација на новата работа и целиот тој процес.

Тоа што би било добро кандидатот да праша, а што би му било од корист е:

  • Дали ви одговорив на сите ваши прашања?
  • Кој би бил идеален кандидат за ова работно место, според вашето мислење и критериум, и дали сум јас тој кандидат?
  • Кој ви е главна конкуренција и кои се вашите предности во тој поглед?
  • Кои се слабостите на оваа работна позиција?
  • Како изгледа еден обичен работен ден?
  • Можам ли да направам уште нешто со што би ви помогнала за да ме одберете мене како идеален кандидат?
  • Дали знаете зошто вашите вработени сакаат да работат во вашата компанија?
  • Дали ова е некоја нова работна позиција и ако не е, зошто претходната ја напуштила работата?
Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »