Промовирани огласи »

Осум прашања кои треба да му ги поставите на вашиот потенцијален работодавец

Овие 8 прашања задолжително да ги поставите на крајот од интервјуто за работа

Разговорот за работа не е важен само за работодавачот да може подобро да го запознае потенцијалниот кандидат, туку и за кандидатот – да може да добие што е можно подобар впечаток за самата позиција, работното место и компанијата која би можела да го вработи.

За таа цел, „Бизнис Инсајдер“ ви нуди неколку конкретни прашања, што кандидатот на крајот од интервјуто задолжително мора да му ги постави на работодавачот, со што би го искажал својот интерес, во смисла на адаптација на новата работа и целиот тој процес.

Тоа што би било добро кандидатот да праша, а што би му било од корист е:

  • Дали ви одговорив на сите ваши прашања?
  • Кој би бил идеален кандидат за ова работно место, според вашето мислење и критериум, и дали сум јас тој кандидат?
  • Кој ви е главна конкуренција и кои се вашите предности во тој поглед?
  • Кои се слабостите на оваа работна позиција?
  • Како изгледа еден обичен работен ден?
  • Можам ли да направам уште нешто со што би ви помогнала за да ме одберете мене како идеален кандидат?
  • Дали знаете зошто вашите вработени сакаат да работат во вашата компанија?
  • Дали ова е некоја нова работна позиција и ако не е, зошто претходната ја напуштила работата?

Промовирани огласи »

Филипче: За шест месеци вработени се 1.100 лица во јавното здравство - од септември ќе се зголемат платите

Skopjeinfo.mk 1 час · Додаде дека планираат дополнителен бран вработувања на кадар

Во изминатите шест месеци околу 1.100 лица се вработени во јавните здравствени установи, најмногу доктори и сестри, а многу малку административни работници. Ќе продолжиме да ги имплементираме сите мерки со цел да ги задржиме младите доктори во државата, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека ќе продолжат со зголемување на платите од септември, дополнително и од јануари идната година и ќе ја подобрат едукацијата на начин што ќе соработуваат со странските универзитети.

За време на мојата посета на Израел беше договорена размена на доктори пред се во сферата на трансплантацијата, но и во сите други сфери на експертиза кои ќе ги одредиме како наши приоритети. Секој месец десет наши доктори ќе можат да заминат во една од најпознатите болници во Тел Авив да се едуцираат во своите струки, да останат колку што сметаат дека е доволно во зависност од нивото на експертиза и после да се вратат на своите работни места. Знам дека е тешко, но сум многу сигурен дека сето ова ќе ги мотивира лекарите да останат во нашата земја, рече Филипче.

Додаде дека планираат дополнителен бран вработувања на кадар за кој во моментот нема финансиски средства, за кои исто така ќе се обезбедат дополнителни средства од буџетот и тоа ќе биде во септември.

Пред се тука мислам на Здравствен дом Скопје на кој најмногу му недостига кадар за Итната медицинска служба, но и за други сервиси кои ги дава, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за пуштањето во употреба на Кабинетот за клиничка исхрана и за набавката на ендоскопски капсули на Клиниката за гастроентерохепатологија.

Промовирани огласи »

Први грантови за домашните компании од владиниот План за економски раст

10,5 милиони евра ќе бидат доделени за кофинансирање со четири мерки

На претставници на микро, мали и средни претпријатија денеска ќе бидат доделени грантови за финансирање на проектите со кои аплицираа на повикот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) со што почна примената на мерките од третиот столб на владиниот План за економски раст.

Со повикот се предвидува до крајот на годинава да бидат доделени 10,5 милиони евра за кофинансирање со четири мерки.

Првата мерка е за брзорастечки компании и „газели“ на кои им се нудат по 10 милиони денари, односно 30 отсто од вкупно вложените средства за набавка на нова опрема и финансирање на развој на нова технологија. Се однесува на компании со до 250 вработени и минимални годишни приходи од три милиони денари.

Со втората мерка се опфатени микро компании до пет вработени и годишен приход од три милиони денари, а им се нудат до пет милиони или 30 отсто за набавка на технологии и изградба на хали.Третата е за компании со доминантна сопственост на македонски граѓани на кои добиваат до 20 милиони денари или 70 отсто од вкупниот износ на инвестирани средства за инвестициски развој и маркетинг, а четвртата е за поддршка на млади до 29 години за усовршување во странство за што државата им нуди до милион денари.

Грантовите на избраните компании ќе им ги доделат премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и директорот на ФИТР, Јован Деспотовски.

Промовирани огласи »

УСАИД и МТСП ќе ги предводат напорите за развојот на работната сила во Македонија

УСАИД и МТСП ќе ги предводат напорите за развојот на работната сила во Македонија

Денеска во Скопје се одржа состанок за координирање и вмрежување на активностите за развој на работната сила во Македонија. Состанокот беше организиран од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем и Министерството за труд и Социјална Политика, а присутни беа и други владини агенции, организации и донаторски проекти.

Заедничките напори се главен фактор за успех во секоја развојна политика вклучувајќи ја и оваа. Резултатите од напорите на МТСП може да бидат дополнително засилени преку соработка со сите овие организации кои го имаат истото поле на интерес. Денешниот состанок ќе овозможи да согледаме до кој степен сме навлезени во решавањето на проблемот и да ги координираме понатамошните напори, објасни министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Како дел од главните точки на состанокот, организациите за поддршка на бизнисите ги презентираа своите активности кои ги превземаат или планираат да ги превземат во полето на развој на работна сила. Како грантисти на Проектот, бизнис асоцијациите и кластерите образложија кои активности планираат да ги превземат со цел да имаат поквалификуван кадар во секторите во кои оперираат, додека пак владините агенции и другите донаторски проекти ги презентираат своите програми за развој на вештини. Преку образложување активностите кои ќе се превземаат во ова поле, сите актери ќе ги координираат своите напори со цел да ги максимизираат резултатите и да обезбедат меѓусебна долгорочна соработка во нивното работење.

Зголемувањето на вработливоста на македонскиот кадар е макроекономски проблем кој не може долгорочно да се реши без соработка од поголем број на засегнати индустрии, институции и организации. Затоа, заедно со Министерството за труд, го одржуваме овој координативен состанок каде што сите засегнати чинители ќе можат меѓусебно да ги надополнат и усогласат своите програми, изјави Татјана Марковска, проектен менаџер во канцеларијата на УСАИД во Македонија.

Ова ќе биде прв од серија на координативни работни средби на тема развој на работна сила преку кој чинителите во полето ќе соработуваат со цел ефикасно делување врз решавањето на проблемите со ниската вработливост во Македонија.

Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем ќе ја зајакне конкурентноста на микро, малите и средните претпријатија (ММСП) во Македонија преку подобрување на деловните услуги, финансирањето и пазарните врски за да поттикне значителен пораст на продуктивноста и вработувањата во ММСП. Проектот има три општи и заемно поврзани цели: 1) Подобрување на деловните услуги, 2) Подобрување на пристапот до финансии за ММСП, и 3) Поттикнување на инвестиции од приватниот сектор за локален економски развој.

Тагови: МТПС УСАИД

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »