Промовирани огласи »

„Lucky days” во НЕПТУН! Денови на среќни купувачи од 09-12.07.2018г. со супер понуди, големи попусти и шопинг до 48 рати со happy кредитот!

НЕПТУН како најголем малопродажен ланец за бела техника и електроника во Македонија е препознатлив по овој концепт на продажба, каде им нуди на своите лојални купувачи исклучителна можност да набават производи од целокупниот продажен асортиман по промотивни цени и можност да плаќаат до 48 рати.

Сега е вистинско време за шопинг! Акцијата е активна на сите производи од сите категории. Разгледајте ги одличните понуди за: фрижидери, машини за перење алишта, плотни, фурни, клима уреди, телевизори, компјутери и таблети, па сè до мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина. Секој купувач ќе може да најде нешто соодветно и поволно за себе и за својот дом. Посетете ги продавниците на НЕПТУН ширум Македонија и уверете се самите! Побрзајте, акцијата трае само 4 дена.

Малопродажната мрежа на Нептун, 20 години е присутна на македонскиот пазар и во моментов е застапена со 25 продажни места во 21 град во Македонија, а вкупниот број на вработени брои над 400.

За да ги погледнете деталите околу акцијата и летокот за „Lucky days” кликнете на линкот: https://www.neptun.mk

Промовирани огласи »

Колку и што смее да се внесе во Македонија од странство?

Еве што е дозволено внесување од странство

Секој патник кој влегува во земјава има право да внесе до 10.000 евра во готовина без да ги пријави, додека секој што излегува треба да ја пријави сумата поголема од 2.000 евра при што приложува и потврда од овластена банка или менувачница.

Поголемата сума од 10.000 евра при влез на граничен премин патникот треба задолжително да ја пријави на царинските органи. Изнесување на ефективни странски пари над 10.000 евра и 120.000 денари е забрането.

Слободно да изнесат ефективни странски пари во износ до 10.000 по лице можат нерезидентите во РМ. Доколку изнесуваат ефективни странски пари над 10.000 евра задолжително се приложува на увид писмената потврда во која е евидентиран износот при влез од страна на царинскиот орган.

Во насока на побрз проток на патниците на граничните премини е воведен зелен канал за оние кои немаат стока за пријавување што подлежи на увозни давачки. Доколку имаат нешто за пријавување се користи „црвениот канал“ на кој се пријавува се што носи патникот со себе и во т.н. скратена царинска постапка се царини стока чија вредност не надминува 800 евра во денарска противвредност.

Секој патник во Македонија покрај личниот багаж и лекови за лична употреба, слободно може да се внесат до 200 цигари (или 100 цигарилоси или 50 пури или 250 грама тутун за пушење), еден парфем од 50 мл или една тоалетна вода од 250 мл и литар алкохолен пијалак или два литра вино.

Малолетни лица под 18 години не може да внесат алкохол и преработки од тутун.

При влез на патникот му се потребни и посебни дозволи за живи животни, суровини од животинско потекло, домашни миленичиња и за растенија. Забрана постои за оружје и муниција, недозволени супстанци, отрови и штетни материи, како и за фалсификувана и пиратска стока.

Граѓаните кои се враќаат во Македонија може да внесат слободно стока од некомерцијална природа во вредност до 350 евра, при што не се вклучуваат алкохолни пијалаци, преработка од тутун, парфеми и тоалетна вода.

Промовирани огласи »

Од утре нови цени на горивата

Промена на цените на суровата нафта на светските берзи

Поради промените на цените на суровата нафта на светските берзи, од утре најверојатно ќе следи ново поскапување на цените на нафтените деривати. 

Се очекува Регулаторната комизија за енергетика да најави зголемување на цената за нешто над 2 денари по литар и ова ќе биде прво поскапување по претходните две намалувања на цената. 

Промовирани огласи »

100 денари за еден час паркинг кај „Свети Пантелејмон“

Почна да се наплаќа паркингот кај манастирот во Нерези

Од вчера, 7 јули, почна да работи новото зонско паркиралиште, зона А02, кај манастирот „Свети Пантелејмон“ во Нерези. Паркирањето на оваа паркинг-зона ќе се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот, информира Градот Скопје.

Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. СМС пораките за паркирање може да се испратат на бројот 144 144 од сите мобилни оператори во Република Македонија.

На паркиралиштето е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли на кои се наведени сите неопходни информации во врска со паркирањето, времетраењето и цената. Непрописното паркирање на ова паркиралиште и непочитувањето на сигнализацијата ќе се санкционира.

Оваа новина, велат од Град Скопје, е дел од оптималното решение за зачувување на планината Водно и за да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и на велосипедистите.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »