Промовирани огласи »

Колку и што смее да се внесе во Македонија од странство?

Еве што е дозволено внесување од странство

Секој патник кој влегува во земјава има право да внесе до 10.000 евра во готовина без да ги пријави, додека секој што излегува треба да ја пријави сумата поголема од 2.000 евра при што приложува и потврда од овластена банка или менувачница.

Поголемата сума од 10.000 евра при влез на граничен премин патникот треба задолжително да ја пријави на царинските органи. Изнесување на ефективни странски пари над 10.000 евра и 120.000 денари е забрането.

Слободно да изнесат ефективни странски пари во износ до 10.000 по лице можат нерезидентите во РМ. Доколку изнесуваат ефективни странски пари над 10.000 евра задолжително се приложува на увид писмената потврда во која е евидентиран износот при влез од страна на царинскиот орган.

Во насока на побрз проток на патниците на граничните премини е воведен зелен канал за оние кои немаат стока за пријавување што подлежи на увозни давачки. Доколку имаат нешто за пријавување се користи „црвениот канал“ на кој се пријавува се што носи патникот со себе и во т.н. скратена царинска постапка се царини стока чија вредност не надминува 800 евра во денарска противвредност.

Секој патник во Македонија покрај личниот багаж и лекови за лична употреба, слободно може да се внесат до 200 цигари (или 100 цигарилоси или 50 пури или 250 грама тутун за пушење), еден парфем од 50 мл или една тоалетна вода од 250 мл и литар алкохолен пијалак или два литра вино.

Малолетни лица под 18 години не може да внесат алкохол и преработки од тутун.

При влез на патникот му се потребни и посебни дозволи за живи животни, суровини од животинско потекло, домашни миленичиња и за растенија. Забрана постои за оружје и муниција, недозволени супстанци, отрови и штетни материи, како и за фалсификувана и пиратска стока.

Граѓаните кои се враќаат во Македонија може да внесат слободно стока од некомерцијална природа во вредност до 350 евра, при што не се вклучуваат алкохолни пијалаци, преработка од тутун, парфеми и тоалетна вода.

Промовирани огласи »

Од утре нови цени на горивата

Промена на цените на суровата нафта на светските берзи

Поради промените на цените на суровата нафта на светските берзи, од утре најверојатно ќе следи ново поскапување на цените на нафтените деривати. 

Се очекува Регулаторната комизија за енергетика да најави зголемување на цената за нешто над 2 денари по литар и ова ќе биде прво поскапување по претходните две намалувања на цената. 

Промовирани огласи »

100 денари за еден час паркинг кај „Свети Пантелејмон“

Почна да се наплаќа паркингот кај манастирот во Нерези

Од вчера, 7 јули, почна да работи новото зонско паркиралиште, зона А02, кај манастирот „Свети Пантелејмон“ во Нерези. Паркирањето на оваа паркинг-зона ќе се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот, информира Градот Скопје.

Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. СМС пораките за паркирање може да се испратат на бројот 144 144 од сите мобилни оператори во Република Македонија.

На паркиралиштето е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли на кои се наведени сите неопходни информации во врска со паркирањето, времетраењето и цената. Непрописното паркирање на ова паркиралиште и непочитувањето на сигнализацијата ќе се санкционира.

Оваа новина, велат од Град Скопје, е дел од оптималното решение за зачувување на планината Водно и за да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и на велосипедистите.

Промовирани огласи »

Нови законски измени: Плаќање во кеш само до 2 000 евра

Од вчера важи забраната за плаќање со кеш на стоки и услуги во износ поголем од 2.000 евра

Од вчера важи забраната за плаќање со кеш на стоки и услуги во износ поголем од 2.000 евра.

Оваа одредба предвидена во новиот Закон за спречување на перење пари кој влегува во сила в сабота треба да го намали работењето со пари во готово, што е детектирано како еден од вентилите за сива економија. Со стариот закон, лимит за готовински плаќања беше 15.000 евра.

Новиот закон предвидува уште поголемо затегнување на готовинските плаќања. Интенцијата, како што објаснуваат даночните експерти, е без картичка да можеш да купиш само нешто ситно.

Законот предвидува од први јануари догодина, ограничувањето од 2.000 евра да се спушти на 1.000 евра. А по половина година, од први јуни 2019, забраната за плаќање со готовина на стоки и услуги ќе се однесува на готовински плаќања, во износ од 500 евра во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции што не се извршени преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги, вели законот.  

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »