Промовирани огласи »

Од утре нови цени на горивата

Промена на цените на суровата нафта на светските берзи

Поради промените на цените на суровата нафта на светските берзи, од утре најверојатно ќе следи ново поскапување на цените на нафтените деривати. 

Се очекува Регулаторната комизија за енергетика да најави зголемување на цената за нешто над 2 денари по литар и ова ќе биде прво поскапување по претходните две намалувања на цената. 

Промовирани огласи »

100 денари за еден час паркинг кај „Свети Пантелејмон“

Почна да се наплаќа паркингот кај манастирот во Нерези

Од вчера, 7 јули, почна да работи новото зонско паркиралиште, зона А02, кај манастирот „Свети Пантелејмон“ во Нерези. Паркирањето на оваа паркинг-зона ќе се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот, информира Градот Скопје.

Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. СМС пораките за паркирање може да се испратат на бројот 144 144 од сите мобилни оператори во Република Македонија.

На паркиралиштето е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли на кои се наведени сите неопходни информации во врска со паркирањето, времетраењето и цената. Непрописното паркирање на ова паркиралиште и непочитувањето на сигнализацијата ќе се санкционира.

Оваа новина, велат од Град Скопје, е дел од оптималното решение за зачувување на планината Водно и за да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и на велосипедистите.

Промовирани огласи »

Нови законски измени: Плаќање во кеш само до 2 000 евра

Од вчера важи забраната за плаќање со кеш на стоки и услуги во износ поголем од 2.000 евра

Од вчера важи забраната за плаќање со кеш на стоки и услуги во износ поголем од 2.000 евра.

Оваа одредба предвидена во новиот Закон за спречување на перење пари кој влегува во сила в сабота треба да го намали работењето со пари во готово, што е детектирано како еден од вентилите за сива економија. Со стариот закон, лимит за готовински плаќања беше 15.000 евра.

Новиот закон предвидува уште поголемо затегнување на готовинските плаќања. Интенцијата, како што објаснуваат даночните експерти, е без картичка да можеш да купиш само нешто ситно.

Законот предвидува од први јануари догодина, ограничувањето од 2.000 евра да се спушти на 1.000 евра. А по половина година, од први јуни 2019, забраната за плаќање со готовина на стоки и услуги ќе се однесува на готовински плаќања, во износ од 500 евра во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции што не се извршени преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги, вели законот.  

Промовирани огласи »

Почна продажбата на алкохол и по 19 часот

Од вчера се укина забраната за продажба на алкохол по 19 часот.

Од вчера се укина забраната за продажба на алкохол по 19 часот.

Собранието пред десетина дена ги изгласа измените на Законот за трговија, на предлог на Владата. Со измените се дозволува продажба на алкохол во киосците, но останува забраната за бензинските пумпи како и забраната за продажба на алкохол на лица помлади од 18 години.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »