Промовирани огласи »

Почна продажбата на алкохол и по 19 часот

Од вчера се укина забраната за продажба на алкохол по 19 часот.

Од вчера се укина забраната за продажба на алкохол по 19 часот.

Собранието пред десетина дена ги изгласа измените на Законот за трговија, на предлог на Владата. Со измените се дозволува продажба на алкохол во киосците, но останува забраната за бензинските пумпи како и забраната за продажба на алкохол на лица помлади од 18 години.

Промовирани огласи »

Видео: Ѕирнете во првото училиште за гејмери

Посакувате ли ваква кариера?

Средното училиште „Јунг Пинг“ во Тајван прво во светот нуди настава за професионално играње игри. Станува збор за средно училиште во кое има насоки и за автомеханичари, кувари, графички дизајнери и туристички работници. 


На насоката за игри ќе се запишат стотина ученици во септември оваа година, но сите тие треба да се изберат уште една од постоечките насоки. Покрај тоа што ќе го гледа успехот од основното училиште, упправата ќе посвети внимание и на интервјуата со кандидатите и на нивните квалификации со цел да се уверат дека способноста на кандидатите кога станува збор за игри е навистина одлична.

Меѓу вработените во училиштето има „пензионирани“ е-спортисти, кои во моментов предводат гејминг тим надвор од наставата, но од септември веќе тоа ќе влезе во наставата.

Се разбира, учениците од септември нема само да играат игри. Бидејќи станува збор за приватно училиште, тоа има слобода да избере предмети кои ќе ја сочинуваат програмата. Така учениците ќе имаат часови каде што ќе научат како да состават или поправат компјутер, како различни компоненти влијаат на ефикасноста, ќе ја изучуваат историјата на компјутерските игри и основите на односите со јавноста и маркетингот.

Видео: Ѕирнете во првото училиште за гејмери

Промовирани огласи »

Сите чекори за вработување во Германија

Поради големата заинтересираност на нашите читатели

Македонските граѓани почнувајќи од 2018 година можат да се вработат во Германија и без ЕУ пасош, а поради огромниот недостиг од работници што го има оваа земја кој се движи до милион слободни рaботни места.

Доколку не сте од Европската Унија (ЕУ) или од Европската Економска Зона тогаш во Германија Ви треба работна дозвола/ работно одобрение кое се добива врз база на најдена работа.

Доколку имате професионално образование со завршен степен, универзитетски степен или училишен степен мора да ги дадете овие свидетелства/документи да се преведат и заверат.

Заверување значи: некоја официјална инстанца проверува дали Вашите документи се вистински. Најдобро е тоа да го направи некоја државна служба во Вашата татковина. Понекогаш Вашиот завршен степен не важи во Германија. Тоа може да го проверите уште во Вашата татковина (Признавање на странски дипломи). Повеќе информации ќе добиете на интернет страната „Признавање во Германија“.

Има многу можности: огласи за работа може да најдете на интернет, во весниците или преку агенцијата за вработување/центарот за вработување. Во весникот најчесто ќе најдете работни места од регионот. Меѓутоа огласите се актуелни.

На интернет има многу повеќе огласи за работа, но тие не се секогаш актуелни. Во центарот за вработување ќе добиете советување и тие ќе ги побараат соодветните работни места за Вас. Но, може да прашате и директно во фирмата. Понекогаш имаат слободни работни места, но не се на интернет или во весникот. На интернет страната на фирмата понекогаш се наоѓаат слободните работни места Уште го има.

Професионалниот информативен центар (Berufsinformationszentrum скр. BIZ) на Агенцијата за вработување: таму ќе најдете огласи за работа и многу информации на темата професии и работа. Таму и во Центарот за вработување може да го ставите Вашиот профил на интернет. Професионалниот информативен центар нуди и професионално советување, кога не знаете што можете да правите или што сакате да правите.

Исто од корист може да биде и праксата во фирмата: ќе се запознаете повеќе со работата и ќе добиете контакти Аплицирањето е првиот чекор на работниот пазар. Многу важни се документите за апликацијата. Ви треба покривно писмо (писмо до фирмата), добра фотографија за аплицирање, биографија и Вашите свидетелства (на германски јазик). Професионалниот информативен центар нуди работилници за: „Аплицирање во Германија“. На нив се учи како изгледа апликацијата и како да се подготвите за интервјуто за работа.

Во многу градови има советување за мигранти. Тука ќе Ви помогнат и при барањето на работа и со апликацијата(видете Сојузна служба за миграции и бегалци). За младите до 27 години има специјално советување кај службите за миграција на младите.

Промовирани огласи »

Граѓаните да пријават во МВР доколку се соочиле со несоодветно однесување на полицијата

Безбедноста на граѓаните е на прво место! , порача до јавноста министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Се бориме за правда и мир, а тоа значи и неселективна примена на законите и подеднаков пристап кон сите кои ги прекршуваат правилата.

Викендов беше спроведена заедничка акција на Министерството за внатрешни работи, Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд. Целта беше да се превземат мерки против оние кои на било каков начин ги прекршуваат законите и со своите постапки го загрозуваат јавниот ред и мир.

 Меѓу чесните гости имаше и такви кои незаконски беа вооружени, кои поседуваа наркотични средства, кои нападнаа полицајци и кои одбија да постапат по полициска наредба.

Ноќните клубови се места за забава, но мора да бидат безбедни, а законот важи еднакво за сите.

Полицијата нема воопшто употребено сила, а акцијата е спроведена според прописите и правилата.
Ги повикувам граѓаните да пријават во МВР доколку се соочиле со несоодветно однесување на полицијата – веднаш ќе реагираме согласно процедурата.

Безбедноста на граѓаните е на прво место! , порача до јавноста министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »