Промовирани огласи »

Автоматизација во подем: Земји со најмногу роботи се овие

Темпото на индустриска автоматизација се забрзува

Подемот на машините е неоспорен факт. Податоци на Меѓународната федерација за роботика откриваат дека темпото на индустриска автоматизација се забрзува во поголемиот дел од развиениот свет со 66 инсталирани индустриски роботи на 10 илјади вработени во светот во 2015 година.

Година подоцна тие се веќе во просек 74. Европа располага со 99 роботи на 10 илјади ваботени, додека во Северна и Јужна Америка, и во Азија нивниот број достигнува соодветно 84 и 63. Кина исто така е меѓу земјите со најголем раст на индустриска автоматизација, но густината на роботите е најголема во Јужна Кореја, според Visual Capitalist.

Во 2016 година азиската земја имала 631 инсталирани индустриски роботи на 10 илјади вработени благодарение на се 'поголем број роботи во електрониката и индустријата. 90% од индустриските роботи во Сингапур се инсталирани во индустријата за електроника и земјата се рангираше на второ место по густина со 488 роботи на 10 илјади вработени.

Германија и Јапонија се познати со автомобилската индустрија и кај нив густината е малку над 300 робот на 10 илјади вработени. Интересно е дека Јапонија е еден од најголемите играчи во индустриската роботика, со удел од 52% од глобалната понуда.

Во САД стапката на автоматизација е побавна, а таму на 10 илјади вработени се паѓаат 189 роботи. Кина се стреми да го зголеми нивото на автоматизација во наредните години и цели да влезе во првите десет на земјите со најголема густина на роботи до 2020 година.

Во 2013 година во земјата имало 25 робот на 10 илјади вработени, а до 2016 година нивниот број се зголемил на 68. Индија сеуште заостанува зад другите земји во автоматизацијата и имала само три индустриски роботи на 10 илјади вработени во 2016 година.

Фото: Ројтерс

Тагови: автоматизација

Промовирани огласи »

Заврши акцијата за субвенционирање велосипеди во Карпош, нема повеќе средства во буџетот

Граѓаните повеќе да не аплицираат, повика општината

Aкцијата за субвенционирање при купувањето на нови велосипеди која ја спроведе Општина Карпош експресно е завршена, откако беше објавен повикот во јавноста за аплицирање на граѓаните.

Оваа фаза на финансиска поддршка при купување нови велосипеди е окончана поради исцрпување на паричните средства предвидени во Буџетот, информираат од Општината.

Со оглед на тоа што квотата за субвенционирање е пополнета, локалната самоуправа, од денеска нема да ги зема в предвид сите новопристигнати апликации. „Во случај да се предвидат нови средства за оваа намена, ќе бидете навремено известени преку веб- страната на Општината, социјалните мрежи и Фејсбук профилот на Општина Карпош, како и преку пишаните медиуми“, се вели во соопштението.

Промовирани огласи »

Поднесени 835 барања за бесплатен одмор на работници со ниски примања

Мерката е наменета за семејства чии месечни примања не надминуваат 22 илјади денари нето плата

Досега се поднесени 835 барања за користење на мерката за која годинава Министерството за економија обезбеди 30 милиони денари и е наменета за 2.000 семејства чии месечни примања не надминуваат 22 илјади денари нето плата.

По минатогодишниот пилот проект за поддршка на внатрешниот туризам кој даде видливи резултати, Министерството за економија во соработка со приватниот сектор продолжува со истата мерка и оваа година.

За користење на мерката работниците со ниски примања можат да аплицираат до крајот на месецов, врз основа на принципот „Прв дојден-прв услужен”.

Промовирани огласи »

„50“ од денеска повторно ќе застанува во ГТЦ

Постојката на „50ка“ кај ГТЦ повторно во функција.

Заклучно со 07.05.2018 година автобуската постојка лоцирана во сутерен на ГТЦ каде сообраќа  автобуската линија со број 50 ,повторно ќе биде во функција, информираат од ЈСП.

Привремениот прекин на функционирање на постојката беше заради изведување градежни работи, односно  реконструкција на улицата.

Реконструкцијата беше изведена од страна на ЈП „Улица и патиштата„ кои извршија комплетна обнова на улицата,со поставување на специјален асфалт кој гарантира одлична состојба на улицата во наредните 10 години. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »