Промовирани огласи »

„50“ од денеска повторно ќе застанува во ГТЦ

Постојката на „50ка“ кај ГТЦ повторно во функција.

Заклучно со 07.05.2018 година автобуската постојка лоцирана во сутерен на ГТЦ каде сообраќа  автобуската линија со број 50 ,повторно ќе биде во функција, информираат од ЈСП.

Привремениот прекин на функционирање на постојката беше заради изведување градежни работи, односно  реконструкција на улицата.

Реконструкцијата беше изведена од страна на ЈП „Улица и патиштата„ кои извршија комплетна обнова на улицата,со поставување на специјален асфалт кој гарантира одлична состојба на улицата во наредните 10 години. 

Промовирани огласи »

Не плашете се да кажете „НЕ“ на овие нешта на работа

Некогаш едноставно треба да се каже јасно и гласно „НЕ“!

Иако треба да бидеме одговорни на работа и да ги сфатиме сериозно нашите должности, постојат одредени моменти во кои едноставно треба да се каже не. Човек не може секогаш да се придржува кон тврдењата на другите и не треба да ги занемари неговите начела. Покрај тоа, одбивањето да направи нешто може да покаже карактер и решителност, и на крајот создава подобар впечаток за работникот отколку ако тој по дифолт се согласува со сè.

Од бизнис инсајдер, посочуваат неколку ситуации каде што не треба да се чувствувате виновни кога ќе кажете не.

1. Кога ви се поставуваат несоодветни и неефикасни задачи кои не одговараат на вашата работа.

2. Кога ве тераат да правите нешто што воопшто не е во твоите одговорности и е должност на некој друг.

3. Кога треба да присуствувате на непотребни, непродуктивни и премногу долги состаноци кои ќе ве спречат да ја вршите непосредната работа.

4. Кога ве тераат да бидете "онлајн" 24 часа на ден.

5. Кога те тераат да правиш нешто што е спротивно на твоите вредности.

6. Кога ви поставуваат навистина нереални рокови.

7. Кога ви даваат дополнителна работа, иако веќе сте преоптоварени.

8. Кога ќе ви дадат задача која е посоодветна за друго лице.

Промовирани огласи »

Едно прашање кое може целосно да ви ја промени кариерата

Некој ќе ви каже дека тајната на успехот е само напорната работа...

Некој ќе ви каже дека тајната на успехот е само напорната работа. Друг - едноставно мора да пробаш повторно и повторно. И трето - треба да станете секое утро во 4 часот или во 3 часот, или воопшто да не спиете.

Мислења секакви. Можеби функционираат за одредени луѓе. Но универзалното правило што важи за сите е - никој не успева сам. Врски, а пред сè, начините на кои ги градите и одржувате се водечки фактор во вашиот раст.

Каде да започнете? Според Inc.com, со едноставно прашање: "Како можам да ви бидам од корист?".

Без разлика дали се среќавате со партнери, разговарате со колегите или претпоставените, секогаш поставете го ова прашање. Всушност, тоа ќе ви помогне, бидејќи преку него ќе ги зајакнете односите и контактите.

Луѓето кои не се социјални и не сакаат да ја понудат својата помош не ги сакаат другите. И луѓето кои реагираат и покажуваат интерес за другите оставаат голем впечаток. Тие создаваат автентични и долгорочни односи и се поактивни.

Вашите добри контакти може да се претворат во нови професионални можности и тоа е главната придобивка за вас сами. Никогаш не знаеш кога ќе мора да побарате помош од некој познаник за информации, совети, помош и многу повеќе.

Но, кога ќе го поставите прашањето, бидете подготвени навистина да помогнете ако побараат од вас. Треба да покажете дека сте одговорни и може да имаат доверба во вас. Не секоја помош е брза и лесна, но сигурно ќе ви исплати назад во иднина.

Промовирани огласи »

По гориво кај соседите: Каде е најисплатливо да се точи бензин во соседството?

Хрватите спаѓаат меѓу граѓаните кои плаќаат скапо гориво па каде најмногу им се исплаќа да точат ?

Возачите во Хрватска во последно време забележуваат константен пораст на цените на горивата кои од недела во недела се повеќе растат.

Поради тоа во Хрватска се почесто се прашуваат - кој е виновен?

Во однос на просечната висина на платата Хрватите спаѓаат меѓу граѓаните кои плаќаат скапо гориво. Тука е и државата која литар бензин го оптеретила со акциза од 3,86 куни, а дизелот со 3,06 куни.

Со ДДВ, давачките на државата надминуваат половина од малопродажната цена на бензинот па може да се очекува граѓаните на Хрватска се почето гориво да точат во евтината Босна и Херцеговина, Унгарија и Црна Гора, пишува Večernji list. 

Бензинот е поевтин и во Србија, меѓутоа не и дизелот, а оние кои заминуваат кон средна Европа најисплатливо е да се запрат во Австрија каде цените на горивата речиси се идентични со оние во Босна и Херцеговина.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »