Промовирани огласи »

Заврши акцијата за субвенционирање велосипеди во Карпош, нема повеќе средства во буџетот

Граѓаните повеќе да не аплицираат, повика општината

Aкцијата за субвенционирање при купувањето на нови велосипеди која ја спроведе Општина Карпош експресно е завршена, откако беше објавен повикот во јавноста за аплицирање на граѓаните.

Оваа фаза на финансиска поддршка при купување нови велосипеди е окончана поради исцрпување на паричните средства предвидени во Буџетот, информираат од Општината.

Со оглед на тоа што квотата за субвенционирање е пополнета, локалната самоуправа, од денеска нема да ги зема в предвид сите новопристигнати апликации. „Во случај да се предвидат нови средства за оваа намена, ќе бидете навремено известени преку веб- страната на Општината, социјалните мрежи и Фејсбук профилот на Општина Карпош, како и преку пишаните медиуми“, се вели во соопштението.

Промовирани огласи »

Поднесени 835 барања за бесплатен одмор на работници со ниски примања

Мерката е наменета за семејства чии месечни примања не надминуваат 22 илјади денари нето плата

Досега се поднесени 835 барања за користење на мерката за која годинава Министерството за економија обезбеди 30 милиони денари и е наменета за 2.000 семејства чии месечни примања не надминуваат 22 илјади денари нето плата.

По минатогодишниот пилот проект за поддршка на внатрешниот туризам кој даде видливи резултати, Министерството за економија во соработка со приватниот сектор продолжува со истата мерка и оваа година.

За користење на мерката работниците со ниски примања можат да аплицираат до крајот на месецов, врз основа на принципот „Прв дојден-прв услужен”.

Промовирани огласи »

„50“ од денеска повторно ќе застанува во ГТЦ

Постојката на „50ка“ кај ГТЦ повторно во функција.

Заклучно со 07.05.2018 година автобуската постојка лоцирана во сутерен на ГТЦ каде сообраќа  автобуската линија со број 50 ,повторно ќе биде во функција, информираат од ЈСП.

Привремениот прекин на функционирање на постојката беше заради изведување градежни работи, односно  реконструкција на улицата.

Реконструкцијата беше изведена од страна на ЈП „Улица и патиштата„ кои извршија комплетна обнова на улицата,со поставување на специјален асфалт кој гарантира одлична состојба на улицата во наредните 10 години. 

Промовирани огласи »

Не плашете се да кажете „НЕ“ на овие нешта на работа

Некогаш едноставно треба да се каже јасно и гласно „НЕ“!

Иако треба да бидеме одговорни на работа и да ги сфатиме сериозно нашите должности, постојат одредени моменти во кои едноставно треба да се каже не. Човек не може секогаш да се придржува кон тврдењата на другите и не треба да ги занемари неговите начела. Покрај тоа, одбивањето да направи нешто може да покаже карактер и решителност, и на крајот создава подобар впечаток за работникот отколку ако тој по дифолт се согласува со сè.

Од бизнис инсајдер, посочуваат неколку ситуации каде што не треба да се чувствувате виновни кога ќе кажете не.

1. Кога ви се поставуваат несоодветни и неефикасни задачи кои не одговараат на вашата работа.

2. Кога ве тераат да правите нешто што воопшто не е во твоите одговорности и е должност на некој друг.

3. Кога треба да присуствувате на непотребни, непродуктивни и премногу долги состаноци кои ќе ве спречат да ја вршите непосредната работа.

4. Кога ве тераат да бидете "онлајн" 24 часа на ден.

5. Кога те тераат да правиш нешто што е спротивно на твоите вредности.

6. Кога ви поставуваат навистина нереални рокови.

7. Кога ви даваат дополнителна работа, иако веќе сте преоптоварени.

8. Кога ќе ви дадат задача која е посоодветна за друго лице.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »