Промовирани огласи »

Македонските возачки дозволи и натаму непризнати во Германија

Иако на почеток на годината беше најавено од Владата дека ќе се потпише договор за заемно и реципрочно признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и Германија, тоа сѐ уште се нема случено.

Иако на почеток на годината беше најавено од Владата дека ќе се потпише договор за заемно и реципрочно признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и Германија, тоа сѐ уште се нема случено.

Како што пренесува Независен, од страна на Министерството за внатрешни работи потенцираа дека од страна на германските колеги биле побарани технички корекции на самиот Закон за безбедност во сообраќајот на патиштата. Премиерот Зоран Заев при неговата средба со германската канцеларка Ангела Меркел во февруари, во интервју за „Дојче веле“ изјави дека забелешките од германските власти биле од техничка, а не од суштинска природа.

Бараните измени и дополнувања на Законот за сообраќај на патиштата поминаа вчера во собраниска процедура. Следен чекор би требало да биде усогласување на терминот за потпишување на договорот за заемно и реципрочно признавање на возачките дозволи, при што од Министерството за внатрешни работи за „Независен весник“ велат дека овој процес е во завршна фаза.

Постапката за постигнување договор за реципрочно признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и Германија е во завршна фаза. Кога ќе биде постигнат, јавноста ќе биде веднаш известена, соопштија од МВР.

Меѓутоа, граѓаните на Македонија што живеат и работат во Германија се револтирани и очекуваат експресно решение бидејќи вака губат доверба во нашите институции. Тие одамна покренаа петиција како дополнителен притисок за договор меѓу Скопје и Берлин за признавање на дозволите. На неа беа собрани над 42.000 потписи, кои само сведочат за големината на самиот проблем.

Александар Бузлески е еден од организаторите на петицијата, кој живее и работи во Германија. Тој вели дека иселениците плаќаат високи казни ако возат само со македонска дозвола. Бузлески апелира до надлежните институции што е можно побрзо да го решат овој проблем.

Македонските државјани што живеат во Германија (чиј вкупен број надминува 100.000) немаат друга опција освен да веруваат и да се надеваат во ветувањата што ги даваат македонските официјални институции. Сепак, би апелирал уште еднаш до нашите надлежни институции да направат максимални напори во насока на дефинитивно решавање на проблемот бидејќи ситуацијата кај нашинците тука во Германија е крајно напната и за нив ова е екстремно голем хендикеп, истакна Бузлески.

Според Бузлески, државјаните на Србија со десетпати помала петиција им укажаа на нивните власти за апсурдноста на овој проблем и кон крајот на февруари 2017 година издејствуваа потпишување на договорот за заемно и реципрочно признавање на возачките дозволи меѓу Србија и Германија.

Неофицијално висината на првата казна за возење со непризната дозвола во Германија изнесува 600 евра, но доколку возачот е запрен од германската полиција вторпат тогаш казнета се зголемува до 1.400 евра, а следува и таканаречен „идиот-тест“ како потврда за психичката стабилност на возачот.

Македонските државјани што живеат и работат во Германија се надеваат на брзо решавање на проблемот кој им претставува дополнителен трошок или, пак, напор за повторно полагање за возачка дозвола пред германските власти.

Промовирани огласи »

Лајиќ: Можно е укинување на роамингот за сите земји од Западен Балкан

Нешто добро за земјите од Западен Балкан

На самитот на ЕУ- Западен Балкан во Софија, којшто ќе се оддржи на 17 мај, можеби повторно да се разгледа иницијатива и потпишаниот договор за укинување на роаминг на сите земји од Западен Балкан. Тоа за Танјуг го изјави српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации-Расим Лајиќ.

Ние пред три години потпишавме договор со Македонија, БиХ и Црна Гора. Сега и Косово и Албанија сакаат да се приклучат кон тој договор да имаме укинат роаминг на просторот на Западен Балкан, вели Лајиќ.

Промовирани огласи »

Еве во кои случаи може да ве избришат од евиденција на невработени

Дополнително, АВРМ има право да избрише од евиденција граѓани кои се упатени од Агенцијата кај работодавач, а тие не се јават или одбијат да засноваат работен однос, или пак одбие обука, преквалификација или доквалификација заради вработување.

За невработено лице се сметаат сите лица кои се пријавени во Агенцијата за вработување, кои се невработени и активно бараат работа, способни се да работат и се подготвени да прифатат секакво соодветно или погодно вработување што ќе го понуди Агенцијата.

Сите лица кои се регистрирани од страна на Агенцијата за вработување како невработени имаат право да ги уживаат сите права утврдени со закон кои им следуваат на невработени лица.

Секој граѓанин кој што е евидентиран како невработен е должен лично да се јавува во Агенцијата на секои 30 дена и да докаже дека активно барало работа во последниот месец. Невработените што нема да ја исполнат оваа обврска во рок од 30 дена по истекот на рокот на јавување утврден во индивидуалниот план за вработување, се брише од евиденцијата на невработени лица.

Дополнително, АВРМ има право да избрише од евиденција граѓани кои се упатени од Агенцијата кај работодавач, а тие не се јават или одбијат да засноваат работен однос, или пак одбие обука, преквалификација или доквалификација заради вработување.

Невработените лица кои не ги почитуваат преземените обврски од индивидуалниот план за вработување исто така се бришат од евиденција.

Лице што нема да прифати обука два пати во текот на две години исто така се брише од евиденцијата на невработени.

Сите невработени лица кои од страна на инспекцискиот орган се затекнати да работат спротивно на законот или одбијат работно ангажирање за вршење на јавни работи се бришат од евиденција.

Промовирани огласи »

ЧЕКОР ПО ЧЕКОР: Донесен нов Закон за образование

Министерката за образование и наука Рената Дескоска во своето обраќање до пратениците во Собранието рече дека посебен фокус е ставен на контролата на квалитетот во високото образование

Вчера беше донесен нов Закон за високо образование кој влева мала надеж за подобар образовен систем, чекор по чекор.

Министерката за образование и наука Рената Дескоска во своето обраќање до пратениците во Собранието рече дека посебен фокус е ставен на контролата на квалитетот во високото образование. 

Затоа досегашниот Одбор за акредитација и евалуација е поделен на две тела – посебно тело за евалуација на квалитетот на високото образование и посебно тело за акредитација. 


Вака ќе се обезбеди и контрола на акредитираните програми, со цел да се утврди дали акредитираните институции го обезбедуваат квалитетот што тие го предвиделе – рече Дескоска. 


Нов начин на студентско организирање, нови институции кои ќе ги мерат квалитетот и работата на високообразовните институции, повеќе надлежности се враќаат во рацете на професорите, односно наставно-научните совети, а слабее моќта на деканите и на ректорите. Ова се само дел од промените што ги носи.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »