Промовирани огласи »

ЧЕКОР ПО ЧЕКОР: Донесен нов Закон за образование

Министерката за образование и наука Рената Дескоска во своето обраќање до пратениците во Собранието рече дека посебен фокус е ставен на контролата на квалитетот во високото образование

Вчера беше донесен нов Закон за високо образование кој влева мала надеж за подобар образовен систем, чекор по чекор.

Министерката за образование и наука Рената Дескоска во своето обраќање до пратениците во Собранието рече дека посебен фокус е ставен на контролата на квалитетот во високото образование. 

Затоа досегашниот Одбор за акредитација и евалуација е поделен на две тела – посебно тело за евалуација на квалитетот на високото образование и посебно тело за акредитација. 


Вака ќе се обезбеди и контрола на акредитираните програми, со цел да се утврди дали акредитираните институции го обезбедуваат квалитетот што тие го предвиделе – рече Дескоска. 


Нов начин на студентско организирање, нови институции кои ќе ги мерат квалитетот и работата на високообразовните институции, повеќе надлежности се враќаат во рацете на професорите, односно наставно-научните совети, а слабее моќта на деканите и на ректорите. Ова се само дел од промените што ги носи.

Промовирани огласи »

Сакате да проверите дали сте правилно пријавени на вашето работно место? Следете ја постапката подолу. Најпрво, посетете ја страната на Агенцијата за вработување на Република Македонија и кликнете на е-Работа.

Во случај веќе да се регистрирани како корисник на е-Работа, внесете ја електронската адреса која сте ја регистрирале како корисничко име и лозинката за најавување во системот.

Ако сте правно лице, потребно е да поседувате валиден дигитален сертификат издаден од квалификуван издавач на дигитални сертификати. Може да се регистрираат само правни субјекти на кои им е доделен ЕМБС од страна на Централниот регистар на РМ.

За регистрација на физички лица не е потребен дигитален сертификат. Може да се регистрира секое лице за кое веќе постојан основни податоци во некоја од евиденциите на АВРМ.

Регистрација во туѓо име, со туѓи податоци и туѓи е-мејл адреси како корисничко име, претставува злоупотреба и е казнива по закон. Агенцијата за вработување не презема одговорност за злоупотреби од ваков тип.

Откако ќе се регистрирате, можете да симнете дигитална копија од вашиот тековен М1/М2 образец.

Промовирани огласи »

Бугарија од август го поевтинува роамингот за Македонија

Од август поевтин роаминг кон Бугарија

Цените на роамингот за Македонија и за Србија ќе бидат намалени во август, а одлуката за тоа ќе биде донесена за време на бугарското претседавање со ЕУ, изјави министерот за транспорт на Бугарија Ивајло Московски.

Тој очекува наскоро поевтинување на роамингот и за останатите земји од Западен Балкан.

Московски информира дека мобилните оператори од Бугарија, Македонија и Србија веќе активно работат на потпишување спогодба.

Активностите течат во координација со бугарската еврокомесарка Марија Габриел, која беше иницијатор за пониски цени за роамингот во регионот, истакна бугарскиот министер за транспорт.

Во февруари годинава беше потпишан меѓувладин Меморандум за намалување на цените на роамингот за државите од Западен Балкан, што отвори можност мобилните оператори да почнат разговори за постигнување меѓусебен договор околу намалување на цените. Пониски цени за телефонските разговори меѓу државите од Западен Балкан и од ЕУ е еден од приоритетите на бугарското претседавање со Унијата.

Промовирани огласи »

Таксата за престој се пресметува како дневен фиксен износ по соба, а не по лице. Во зависност од видот на сместувањето таксата изнесува:

Од оваа година сите хотели, вили, апартмани, студија и соби за изнајмување во Грција се должни на гостите да им пресметаат данок на престој, односно такса за престој.

Плаќањето на таква такса е воведено во хотелите од една до пет ѕвездички, како и во останатите капацитети за сместување (апартмани, соби, вили) кои примаат гости за еден или повеќе денови. Во камповите и посебно одредените категории, не се плаќа такса за престој, објави интернет страницата Грцијаинфо.

Таксата за престој се пресметува како дневен фиксен износ по соба, а не по лице. Во зависност од видот на сместувањето таксата изнесува:

  • четири евра дневно по соба за хотели со 5 ѕвездички
  • три евра дневно по соба за хотели со 4 ѕвездички
  • 1,5 евро дневно по соба за хотели со 3 ѕвездички
  • 0,5 евра дневно по соба за хотели со 1-2 ѕвездички
  • 0,5 евра дневно за приватни соби, студија и апартмани

Таксата за престој се плаќа при одјавување на собата, непосредно пред заминување. Сопственикот или менаџерот на објектот или хотелот му издава на гостинот посебна потврда за извршена уплата, која содржи: датум на издавање, име на лицето кое престојувало, датум на престој, износ на таксата.

Иако ниту една официјална институција во Грција досега не објавила известување дека ќе се врши контрола на граничните премини за плаќањето на таксата, за секој случај потврдата обврзно да се зачува до излез од земјата. (МИА)

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »