Групацијата „Лего“ (Lego Group) во партнерство со „Бравогруп Холдинг“ (Bravogroup Holding) ја отвора првата сертифицирана продавница на Lego® во Северна Македонија

Во Скопје се отвора нова дестинација за креативност, учење преку игра и незаборавни доживувања со LEGO!

Скопје, Северна Македонија, 20 ноември 2026 година – Групацијата „ЛЕГО“ (LEGO®) го одбележува своето прво директно присуство на малопродажниот пазар во Северна Македонија со отворањето нова продавница LEGO® Store, со површина од 180 квадратни метри во „Ист Гејт Мол“ во Скопје. Продавницата е наменска дестинација каде што децата, семејствата и обожавателите може да откријат широк избор на сетови LEGO® и да ја доживеат радоста на градењето во инспиративна и игрива средина.

Новата продавница е првата продавница LEGO® во регионот што има два влеза, создавајќи отворена и пријатна средина за посетителите што доаѓаат од различни насоки во „Ист Гејт Мол“. Со отворањето на продавницата, брендот LEGO® станува подостапен за потрошувачите во Северна Македонија преку неговото физичко искуство, осмислено околу имагинацијата, креативноста, забавата, учењето, грижата и квалитетот.

Физичките и дигиталните шопинг-доживувања имаат комплементарни улоги. Купувањето онлајн нуди удобност и лесна достапност, додека, пак, продавницата LEGO® им овозможува на посетителите да се поврзат со брендот LEGO® на непосреден начин, да откриваат производи и да ја доживеат радоста на заедничкото градење фигури.

„Воодушевени сме што ја отвораме првата продавница LEGO® во Северна Македонија и што им посакуваме добредојде на децата, на семејствата и на обожавателите во простор создаден да ги поттикне имагинацијата и креативноста“, изјави генералната директорка Жужана Четењи. „Ова отворање е возбудливо постигнување за нас. На многу луѓе им дава можност лично да го откријат играњето со LEGO®, да истражуваат нови можности и да уживаат во гордоста што доаѓа од создавањето нешто свое. Со нетрпение очекуваме да станеме дел од локалната заедница и да ги инспирираме градителите на утрешнината.“

Новата продавница, со површина од 180 квадратни метри, на потрошувачите им нуди пријатна атмосфера во која може да истражат широк избор на сетови LEGO® што се наменети за различни интереси и возрасни групи. Исто така, ќе има и „ѕид од тули“ (Pick a Brick Wall), каде што посетителите ќе може да избираат и да купуваат поединечни коцки LEGO® за да создаваат и да градат на свој начин.

Целта на отворањето на продавницата е да го збогати играчкото доживување со LEGO® во Северна Македонија, овозможувајќи им на потрошувачите дополнителен начин да се поврзат со брендот. Фокусот на Групацијата „ЛЕГО“ (LEGO®) е учењето преку игра да го донесе до повеќе деца и семејства, истовремено нудејќи висококвалитетно доживување што ги одразува вредностите на брендот LEGO®.

За „Бравогруп“ (Bravogroup)

„Бравогруп“ (Bravogroup) е приватна унгарска компанија основана во 1992 година, со искуство во управување со франшизи од 1994 година. Групацијата работи со меѓународни брендови, вклучувајќи ги „Самсунг“ (Samsung), „Шаоми“ (Xiaomi), „Хјулит Пакард“ (Hewlett Packard), „Шарк/Нинџа“ (Shark/Ninja) и Групацијата „ЛЕГО“ (LEGO® Group).

Надградувајќи го партнерството со Групацијата „ЛЕГО“, воспоставено во 2014 година, „Бравогруп“ ја отвора својата најнова сертифицирана продавница LEGO® во трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ во Скопје на 20 ноември 2026 година, заедно со онлајн продавница што ќе ја опслужува Северна Македонија. Отворањето означува уште една успешна етапа во рамките на партнерството, преку кое малопродажната мрежа LEGO® на „Бравогруп“ вклучува осум продавници, со што целокупното работење на компанијата се проширува во осум земји.

Партнерството постојано расте во рамките на целиот регион со отворање продавници во Хрватска во 2014 година, во Словенија во 2016 година, во Србија во 2018 година, во Бугарија во 2023 година, во Унгарија во 2024 година и во Северна Македонија во 2026 година.

Идните цели на компанијата „Бравогруп“ се да ја прошири својата мрежа на продавници LEGO® низ целиот јадрански регион до 2030 година, создавајќи повеќе можности за децата, семејствата и обожавателите да ја откријат радоста на градењето фигури LEGO®.

За Групацијата „ЛЕГО“ (LEGO® Group)

Мисијата на Групацијата „ЛЕГО“ е да ги инспирира и да ги поттикнува градителите на утрешнината преку моќта на играта. LEGO® System in Play, чија основа се коцките LEGO®, им овозможува на децата и на обожавателите да градат и да преградуваат сè што можат да замислат.

Групацијата е основана во Билунд, Данска, во 1932 година од страна на Оле Кирк Кристијансен. Нејзиното име е изведено од двата дански збора „LEg GOdt“, што значи „играј добро“. И ден-денес Групацијата „ЛЕГО“ е семејна компанија со седиште во Билунд. Производите на „ЛЕГО“ се омилени меѓу децата и обожавателите ширум светот.

LEGO® и логото „LEGO®“ се трговски марки на Групацијата „ЛЕГО“. ©2026 The LEGO® Group.

Тагови: ЕАСТ ГАТЕ МАЛЛ ДОО

Поскап живот во ноември: Синдикалната кошница достигна 70.827 денари

За основните потреби на четиричлено семејство во ноември биле потребни 469 денари повеќе отколку во октомври, покажува пресметката на ССМ.

https://kariera.mk/article/17397/troshocite-za-hrana-rechisi-na-nivo-na-minimalna-plataВредноста на синдикалната минимална кошница во ноември достигна 70.827 денари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Тоа е за 469 денари повеќе од октомври, кога за основните месечни потреби на четиричлено семејство биле потребни 70.358 денари.

Кошницата ги опфаќа трошоците за храна и пијалаци, домување, комунални услуги и други неопходни расходи. За овие потреби се издвојува најголем дел од семејниот буџет, па нивното поскапување остава помалку пари за други трошоци.

Ноемврискиот раст дополнително ги оптоварува семејните буџети, особено кај домаќинствата со ниски или фиксни приходи.

Тагови: минимална кошница ноември

Дали е во ред да одбиете да обучувате нов колега ако тоа не е дел од вашата работа?

Шефот очекува да обучувате нов колега, но кој ќе ја заврши вашата работа?

Кога во компанијата пристигнува нов колега, често се очекува некој од поискусните вработени да му помогне да се снајде, да му ги објасни работните задачи и да го запознае со начинот на функционирање на тимот. На прв поглед, ова изгледа како сосема нормален дел од колегијалноста. Но, што се случува кога обуката станува дополнителна обврска, за која немате ниту време, ниту признание, ниту јасно дефинирана одговорност? Дали сте себични ако кажете дека тоа не е ваша работа?

Помошта е колегијалност, но обуката е одговорност

Постои разлика помеѓу тоа повремено да му помогнете на новиот колега и да преземете целосна одговорност за неговата обука. Да одговорите на неколку прашања, да му покажете каде се наоѓаат одредени документи или да му објасните како функционира некој процес е дел од нормалната соработка.

Меѓутоа, ако од вас се очекува секојдневно да го обучувате, да ги проверувате неговите задачи и да одговарате за неговиот напредок, тогаш станува збор за дополнителна работна обврска. Особено ако сето тоа го правите паралелно со сопствените задачи и рокови.

Кога помошта станува товар?

Проблемот најчесто не е во новиот колега, туку во начинот на кој компанијата ја организира неговата адаптација.

Ако обуката не е планирана, ако немате издвоено време за неа и ако никој не ги зема предвид вашите дополнителни обврски, лесно може да се создаде незадоволство. Наместо да се чувствувате ценети поради вашето знаење и искуство, може да добиете впечаток дека вашата подготвеност да помогнете се подразбира и постојано се користи.

Дополнително, ако вашата продуктивност почне да опаѓа затоа што поголем дел од времето го посветувате на обучување друг, а потоа добивате забелешки дека не сте ги завршиле сопствените задачи, тогаш нешто во организацијата не функционира како што треба.

Како да одбиете без да создадете конфликт?

Одбивањето не мора да биде непријатно, ниту треба да звучи како да не сакате да соработувате. Важно е јасно да ги поставите границите, без да го обвинувате новиот колега.

Наместо директно да кажете дека тоа не е ваша работа, можете да објасните дека моментално имате обврски што бараат целосно внимание и дека не би можеле квалитетно да ја преземете и обуката. Можете да предложите обуката да биде организирана од страна на менаџерот, да се одреди конкретно лице задолжено за неа или да ви се прераспределат дел од работните задачи доколку се очекува да ја преземете таа одговорност.

На тој начин не ја одбивате соработката, туку барате обврските да бидат реално распределени.

И вашето време и знаење имаат вредност

Искусните вработени често се оние на кои компанијата најмногу се потпира кога треба да се реши проблем, да се пренесе знаење или да се помогне на нов член на тимот. Тоа е признание за нивната стручност, но не треба да стане причина нивните сопствени обврски постојано да бидат ставени во втор план.

Ако компанијата очекува од вас да бидете ментор, обучувач или лице задолжено за воведување нови колеги, сосема е оправдано да побарате тоа да биде јасно договорено и препознаено како дел од вашата улога.

На крајот, не сте лош колега ако не можете да преземете уште една обврска. Добрата соработка не значи секогаш да кажувате „да“, туку да знаете кога можете да помогнете, а кога е потребно да поставите граница. Новиот колега заслужува квалитетна обука, но и вие заслужувате услови во кои ќе можете професионално да ја завршувате сопствената работа.

Прочитајте и за: Што кога компанијата бара иницијатива но ги казнува грешките?

Тагови: совети за работа

Денешната временска прогноза носи неколку изненадувања!

Еве на што да бидете подготвени

Во утринските часови се очекуваат врнежи од дожд, кои постепено ќе престанат во текот на денот, по што следува разведрување. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, кој во западните делови повремено ќе достигнува брзина над 80 km/h.

Во Скопје, утрото ќе биде проследено со можност за повремен дожд, додека во текот на денот се очекува претежно сончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

21.11.2026 Сабота   8° 07:28   17:14
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h























8°

1
22.11.2026 Недела   6° / 12° 07:30   17:14
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
8°
7°
7°
7°
6°
6°
6°
6°
6°
7°
9°
10°
11°
12°
12°
11°
10°
10°
9°
9°
8°
9°
8°
7°

1

1

1

1

1

1

1

1

1

2

2

2

3

3

3

3

3

3

2

2

3

3

3

3
23.11.2026 Понеделник   6° / 16° 07:31   17:13
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
7°
7°
7°
7°
7°
7°
6°
6°
6°
8°
10°
13°
15°
16°
16°
7°
7°
7°
7°
6°
6°
6°
6°
6°

3

3

3

3

3

3

2

2

3

3

3

3

4

5

5

8

6

4

3

2

2

3

4

4