Лице за контакт центар (Call Center Agent)

Објавенпред 12 часа
Активен до24.11.2026
ПозицијаТелефонски оператор/Поддршка
ЛокацијаКуманово
Веб-страницаhttps://www.alfi.mk/
За компанијата

„АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е трговско друштво кое успешно ја гради својата професионална приказна од 1992 година, во рамки на компанијата се отворени и подружниците Алфи Техноцентар во Куманово, која постои 13... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

АЛФИ БИ КОМПАНИ има потреба од одговорна, комуникативна и организирана личност за работната позиција Лице за контакт центар (Call Center Agent), која ќе биде задолжена за секојдневна комуникација со клиентите преку телефон, СМС-пораки и социјалните мрежи на компанијата.

Работни задачи и одговорности:

  • Одговарање на телефонски повици и воспоставување професионална комуникација со клиентите.
  • Редовно следење и одговарање на пристигнати СМС-пораки и пораки преку сите социјални мрежи на компанијата (Facebook, Instagram и други дигитални канали).
  • Континуирана комуникација со клиентите и навремено одговарање на нивните прашања, барања и интересирања.
  • Давање точни и навремени информации за производите, нивните карактеристики, достапност и цени.
  • Фотографирање на производи и испраќање фотографии до клиентите кога е потребно, со цел полесно информирање и донесување одлука за купување.
  • Помош и насочување на клиентите при процесот на онлајн купување.
  • Следење на комуникацијата со клиентите и навремено постапување по нивните барања.
  • Професионално, љубезно и ефикасно решавање на прашања и евентуални поплаки од клиентите.
  • Одржување високо ниво на услужност и позитивна комуникација, со цел зголемување на задоволството и довербата на клиентите.

Потребни квалификации и вештини:

  • Минимум средно образование.
  • Добро познавање и активно користење на компјутер и интернет.
  • Познавање и користење на социјалните мрежи и дигиталните комуникациски канали.
  • Добри комуникациски и организациски способности.
  • Способност за истовремено следење и обработка на повеќе барања од клиенти.
  • Способност за јасно, прецизно и професионално писмено и усно изразување.

Лични карактеристики:

  • Љубезност, комуникативност и позитивен однос кон клиентите.
  • Одговорност, исполнителност и посветеност на работните обврски.
  • Трпеливост и професионален пристап во комуникацијата.
  • Проактивност и иницијативност во решавање на барањата на клиентите.
  • Способност за тимска работа и соработка.
  • Дисциплинираност и навремено извршување на работните задачи.
  • Желба за учење и континуирано унапредување на квалитетот на услугата.

Што нудиме:

  • Работа во стабилна и реномирана компанија.
  • Пријатна и професионална работна средина.
  • Можност за професионално усовршување и напредување.
  • Можност за долгорочна соработка.

Доколку сте комуникативна, одговорна и исполнителна личност, сакате работа со луѓе и уживате во секојдневната комуникација со клиенти, Ве покануваме да станете дел од нашиот тим!

Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу или на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот] , со ознака „ Лице за контакт центар“

Можете да нè контактирате и на телефонскиот број 076/448-505, 075/234-732 (од пон-петок во период од 08:30 до 16:30)

Сите кандидати ќе бидат исконтактирани.

Сите апликации се третираат со доверливост.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

CV за апликацијата

Изберете едно CV кое ќе биде испратено со апликацијата.

Други активни огласи од АЛФИ ТЕХНОЦЕНТАР

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе