Промовирани огласи »

Трошоците за храна речиси на ниво на минимална плата

Новите пресметки на Сојузот на синдикати покажуваат дека животните трошоци за четиричлено семејство и натаму се високи, а храната сама по себе е речиси колку минимална плата.

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во јули достигнале 68.498 денари, додека за семејствата што живеат во изнајмен стан од 60 квадратни метри, вкупните расходи се искачиле на 83.873 денари, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати.

Според објавените податоци, речиси половина од синдикалната минимална кошничка отпаѓа на храна и режиски трошоци. Особено загрижува фактот што само трошоците за храна се приближуваат до износот на законски утврдената минимална плата, што дополнително го отежнува домашниот буџет на граѓаните.

Во споредба со јуни, вредноста на синдикалната минимална кошничка е намалена за 156 денари, но синдикалните податоци и натаму укажуваат дека основните трошоци за живот остануваат високи и создаваат сериозен притисок врз семејните финансии.

Тагови: минимална кошница минимална плата Сојуз на синдикатите (ССМ)

Промовирани огласи »

Најнови огласи за работа во Куманово!

Огласи за работа во Куманово!

Куманово, како еден од поголемите градови во Македонија, нуди голем број можности за работа во различни индустрии. Без разлика дали сте млад професионалец, квалификуван работник, или студент кој бара прво работно искуство, пазарот на труд во Куманово нуди разновидни опции за сите профили на кандидати.

Моментално се отворени следниве работни позиции:

Кредитен Референт Куманово
Магацински работник и администратор во логистички дистрибутивен центар Куманово
Асистент на продажба - Куманово
Готвач/ка
Вилушкарист - Куманово
Магацински работници - подготвувачи на роба - Куманово
Возач / Доставувач (Ц Категорија)
Customer Service Coordinator - Kumanovo
Оператор за контрола на квалитет - Куманово

Се уште невработени?! Сите останати работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Најди работа во Скопје!

Промовирани огласи »

На што да внимавате при изборот на кариера?

Како да ја одберете вистинската кариера за Вас?

Изборот на кариера е една од најважните одлуки што ги носиме во животот, но често луѓето ја темелат само на моменталната плата или популарноста на одредена професија. Иако овие фактори се важни, подеднакво важно е да размислите дали работата одговара на вашите интереси, способности и вредности. Кариера што ве исполнува на долг рок е онаа во која ќе имате можност да учите, да напредувате и да се чувствувате мотивирано.

Пред да донесете одлука, истражете го пазарот на труд и побарувачката за професијата што ве интересира. Разговарајте со луѓе кои веќе работат во таа област, информирајте се за можностите за напредување и стекнете реална слика за секојдневните обврски. Не заборавајте дека добрата кариера не се гради преку ноќ таа бара постојано усовршување, стекнување нови вештини и подготвеност да се прифатат нови предизвици.

Исто така, размислете каков живот сакате да имате надвор од работното место. Работното време, флексибилноста, можностите за работа од далечина, организациската култура и балансот помеѓу приватниот и професионалниот живот се фактори што можат значително да влијаат на вашето задоволство. Најдобриот избор не е секогаш најплатената работа, туку онаа што ќе ви овозможи професионален развој, финансиска стабилност и чувство дека секој ден работите нешто што има вредност за вас.

Тагови: напредување во кариера професии

Промовирани огласи »

Дизелот од полноќ поскап за 4,5 денари - Поскапуваат и бензините

Возачи, подгответе се за повисоки цени.

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на максималните малопродажни цени на нафтените деривати во просек за 4,55% во однос на претходната одлука донесена минатата недела, односно на 20 јули.

Новите цени ќе важат од ноќеска на полноќ.

Согласно одлуката, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 93 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 95 денари за литар, што претставува поскапување од 3 денари по литар.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се зголемува за 4,5 денари и ќе изнесува 98,5 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за 5 денари, на 98 денари за литар.

Поскапува и мазутот М-1 НС, чија нова максимална цена ќе изнесува 48,099 денари за килограм, односно за 2,726 денари повеќе од досегашната.

Од РКЕ информираат дека зголемувањето на цените е резултат на растот на референтните цени на светските пазари, каде што бензините поскапеле за 6,229 проценти, дизелот за 7,442 проценти, екстра лесното масло за 8,051 процент, а мазутот за 8,159 проценти. Комисијата потсетува дека станува збор за максимални малопродажни цени, а трговците можат да ги продаваат нафтените деривати и по пониски цени од утврдените.

Тагови: дизел нафтените деривати Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ)

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »