Халкбанк и Women in Tech Macedonia ги повикуваат жените претприемачки да ја создадат платформата што им треба

Халкбанк и Women in Tech Macedonia ги покануваат жените претприемачки да ја косоздадат платформата HalkWomen.mk

Повик за хакатон за жени претприемачки на 19 ноември: 100 учеснички, 20 тимови, ментори и создавање на платформа за поддршка на женско претприемништво

Халкбанк АД Скопје, во соработка со Women in Tech Macedonia, организира Хакатон HalkWomen.mk. Настанот ќе трае од 9:00 до 13:00 на 19 ноември, во Централата на Халкбанк на ул. Водњанска бр. 1/2 во Скопје.

Хакатонот има за цел да вклучи 100 жени на едно место, жени со бизнис, идни претприемачки и експертки. Заедно ќе одлучат што треба да нуди новата платформа за поддршка на женското претприемништво.

Хакатонот е првиот чекор во изградбата на HalkWomen.mk, дигитална платформа за поддршка на женското претприемништво. Платформата ќе собере на едно место практично знаење, експертска поддршка, менторство и можности за раст. Денес жените што водат или планираат бизнис ги бараат овие информации на повеќе различни места.

На HalkWomen хакатонот секоја учесничка има свој глас:

  • Учесничките работат во 20 мешани тимови по 5 жени.
  • Тимовите ги дефинираат најчестите пречки во водењето бизнис и предлагаат решенија што платформата треба да ги понуди.
  • Ментори од финансии, право, маркетинг и дигитализација ги советуваат учесничките за нивниот бизнис и за решенијата на тимовите.
  • Жирито ги посетува сите 20 тимови на нивните маси. Секој тим ја претставува својата идеја, без чекање и без трема од голема сцена.
  • Во галеријата на идеи сите учеснички ги разгледуваат решенијата и гласаат за омилените.
  • Идеите од хакатонот стануваат основа за содржината и услугите на HalkWomen.mk.

Зошто вреди да учествуваш

  • Твојата идеја ја обликува платформата што ќе ја користат жените претприемачки во Македонија.
  • Добиваш бесплатен совет од ментори за финансии, право, маркетинг и дигитализација.
  • Секој тим ја претставува својата идеја пред жирито.
  • Награди во повеќе категории: прво, второ и трето место, награда на публиката, најкреативна идеја, најдобар тимски дух, најдобро решение за заедницата и најхрабра идеја.
  • Секоја учесничка добива сертификат за учество.
  • За едно утро се запознаваш со 100 жени со слични цели.
  • Не ти треба техничко знаење ниту готова бизнис идеја. Дојди со твоето искуство.

Како да се пријавиш

Регистрирај се на овој линк: https://forms.gle/yXCMiuWK6B7aCJDd7. Пополнувањето трае неколку минути. Рокот за пријава е 16 ноември 2026. 

Ајде заедно да ја создадеме платформата што отсекогаш ни била потребна.

Тагови: хакатон жени претприемачи ХАЛК БАНКА АД Скопје

Зошто вработените заминуваат дури и кога имаат добра плата?

Како се гради здрава работна средина? Марина Јаневска за улогата на човечките ресурси

Во втората епизода на подкастот „НА КАДЕ ОДИМЕ?“ наша гостинка е Марина Јаневска, специјалист за човечки ресурси и правни работи, со која разговараме за промените во работната култура, очекувањата на новите генерации, односот меѓу вработените и работодавачите и предизвиците со кои се соочуваат HR професионалците денес.

Работниот однос не се сведува само на плата и работни обврски. Довербата, добрата комуникација, можностите за развој и чувството дека трудот е препознаен се фактори што влијаат врз тоа дали еден вработен ќе одлучи да остане или да побара нова можност.

Со 12-годишно професионално искуство, Марина Јаневска, која работи во Жан Митрев Клиника, споделува свои искуства и ставови за тоа како изгледа HR однатре и колку е важна неговата улога во градењето здрава работна средина.

Во разговорот отвораме прашања за тоа зошто вработените ја напуштаат компанијата дури и кога имаат добра плата, дали HR навистина е на страната на вработените кога нивните интереси се судираат со интересите на работодавачите и како Генерацијата Z ги менува досегашните правила на работното место.

Разговараме и за најчестите грешки на кандидатите при интервју за работа, преговорите за плата, разликата меѓу добар работник и добар менаџер, како и предизвиците во управувањето со човечки ресурси во здравствениот сектор.

Погледнете ја втората епизода на „На Каде Одиме?“ и слушнете ја перспективата на Марина Јаневска за работната култура, професионалниот развој и односите меѓу вработените и работодавачите.

Зошто вработените заминуваат дури и кога имаат добра плата?

Тагови: HR HR трендови НА КАДЕ ОДИМЕ Марина Јаневска

Над 1.000 невработени магистри и 39 доктори на науки во Македонија

И покрај високото образование, стотици граѓани со магистерски и докторски титули остануваат без работа, додека младинската невработеност и натаму е загрижувачки висока.

Во Македонија, заклучно со 31 август 2026 година, како невработени се евидентирани 1.026 лица со завршени магистерски студии и 39 доктори на науки, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување. Од невработените магистри, 639 се мажи и 387 жени, додека кај докторите на науки 26 се мажи, а 13 жени. Бројките укажуваат дека ниту највисоките академски квалификации не се сигурна гаранција за работно место.

Во споредба со јули 2026 година, кога биле евидентирани 1.068 невработени магистри и 40 доктори на науки, е забележан благ пад. Бројот на невработени магистри се намалил за 42 лица, а кај докторите на науки за едно лице. Сепак, и покрај ова намалување, повеќе од илјада високообразовани граѓани и натаму остануваат на листата на невработени.

Пошироката слика на пазарот на труд покажува дека проблемот не ги погодува само високообразованите. Според Државниот завод за статистика, стапката на невработеност кај младите од 15 до 29 години во вториот квартал од 2026 година изнесувала 24 проценти, наспроти вкупната стапка од 11,3 проценти. Дополнително, според Евростат, во 2025 година дури 23,4 проценти од младите во земјава не работеле, не студирале и не посетувале обука, што е повеќе од двојно над просекот на Европската Унија од 11 проценти.

Тагови: Евростат невработеност образование

Огласи за работа во државна администрација!

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Моментално отворени позиции:

Референт - администратор (шалтерски работник), Одделение за правни работи и човечки ресурси

Помлад референт - матичар во подрачна канцеларија на одделение за матично работење, Подрачна канцеларија Делчево, Одделение за матично работење Штип, Сектор за управно - надзорни работи од областа на матичното работење, планирање и анализа

Помлад соработник за спроведување на урбанистички планови, Одделение за урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина и ЛЕР

Советник за општи и нормативно правни работи - Секретар, Одделение за нормативно - правни работи, човечки ресурси и општи работи, Административна служба

Самостоен референт за финансиско - сметководствени, книговодствени и благајнички работи, Одделение за финансиски прашања

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: државна администрација