Промовирани огласи »

Парадокс на пазарот на труд: 90.000 невработени, а над 10.700 работни места остануваат празни

И покрај високата невработеност, компаниите во Македонија не успеваат да пополнат илјадници позиции. Најголем недостиг има во трговијата, индустријата и угостителството.

Македонскиот пазар на труд се соочува со изразен парадокс: иако во второто тримесечје од 2026 година во земјата биле евидентирани 90.020 невработени лица, истовремено останале непополнети 10.697 работни места. Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на невработеност изнесува 11,3 проценти, додека бројот на пополнети работни позиции достигнал 483.171.

Најголема потреба од кадар има во трговијата со 2.404 слободни позиции, потоа во преработувачката индустрија со 1.990 и во сместувањето и угостителството со 1.338. Значаен недостиг е забележан и во административните и помошните услужни дејности, транспортот, градежништвото, како и во ИТ и телекомуникацискиот сектор. Највисока стапка на слободни работни места е регистрирана токму во угостителството – 6,23 проценти.

Во споредба со првото тримесечје, бројот на празни работни места е зголемен за 450, при што најголем раст има во угостителството и трговијата. На регионално ниво, Скопскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места, а најизразен недостиг на кадар има кај фирмите со 10 до 49 вработени. Овие бројки укажуваат на сериозно несовпаѓање меѓу понудата и побарувачката на труд, односно на проблем со квалификациите и усогласеноста на работната сила со потребите на компаниите.

Тагови: Агенција за вработување (АВРМ) невработеност

Промовирани огласи »

4 совети како да се справите со колега кој постојано ве прекинува

Дали имате колега кој секогаш мора да ве прекине? Еве како да реагирате!

Сите сме се нашле во ситуација кога се обидуваме да ја завршиме реченицата, а колегата веќе влегува со свој коментар, прашање или мислење. Едно прекинување можеби не е проблем, но кога тоа станува навика, може да влијае на вашата концентрација, самодоверба и начинот на кој другите ја слушаат вашата идеја.

Наместо да се нервирате или да влегувате во конфликт, постојат начини мирно и професионално да поставите граница.

1. Не му дозволувајте да ја преземе дискусијата

Кога некој ќе ве прекине, не мора веднаш да му го препуштите зборот. Смирено можете да кажете: „Само да ја довршам мислата, па веднаш ќе ве сослушам.“ На овој начин не звучите агресивно, но јасно покажувате дека очекувате да добиете простор да завршите со она што го зборувате.

2. Разговарајте со него насамо

Ако прекинувањето се повторува, најдобро е проблемот да го решите директно, но без публика. Објаснете му како неговото однесување влијае врз вас и врз комуникацијата.

Наместо: „Постојано ме прекинуваш!“, пробајте со: „Забележувам дека често се прекинуваме додека разговараме. Би ми значело прво да ја завршам мислата, а потоа да го слушнам твоето мислење.“ Овој пристап е помалку конфронтирачки и остава простор за нормален разговор.

3. Поставете правило на состаноците

Ако проблемот најчесто се случува на состаноци, договорете едноставно правило секој да има можност да го заврши своето излагање пред да следи коментар или прашање.

Можете и самите да го примените тоа во разговорот: кога колегата ќе ве прекине, кратко потсетете го: „Ќе се навратиме на тоа прашање веднаш штом завршам.“ Со текот на времето, ваквото повторување може да помогне да се промени динамиката на комуникација.

4. Ако продолжи вклучете го менаџерот

Понекогаш директниот разговор не е доволен. Ако прекинувањето е постојано, намерно и почнува да влијае врз вашата работа или позиција во тимот, разговарајте со вашиот претпоставен.

Важно е да не го претставувате проблемот како лична нетрпеливост кон колегата, туку како прашање на професионална комуникација и тимска работа. На крајот, целта не е да го „замолчите“ колегата, туку да создадете комуникација во која сите имаат еднаква можност да бидат слушнати. Професионалното поставување граници не значи конфликт напротив, често е еден од најдобрите начини да се спречат поголеми недоразбирања на работното место.

Прочитајте и за: 5 начини да бидете позабележливи на работа без да се наметнувате

Тагови: совети за работа

Промовирани огласи »

Најновите огласи за работа во Тетово!

Огласи за работа во Тетово!

Барате работа во Тетово? Проверете ги најновите огласи за вработување и најдете ја идеалната можност за вашиот кариерен напредок! Без разлика дали сте искусен професионалец или почетник кој бара прва работа, тука ќе најдете огласи што одговараат на вашите потреби и квалификации.

Придружете се на успешни компании и започнете ново поглавје во вашата кариера. Не чекајте! Аплицирајте веднаш и осигурете си посветла иднина.

Sales Representative in Tetovo
Аранжер (Visual Merchandiser) - Тетово Re Mall
Службеник во експозитура Тетово
Асистент на продажба - Тетово
Магационер
Оператор во кројачница
Кројач

Прочитајте и за: Најди работа во Куманово!

Се уште сте во потрага по идеалното работно место?! Проверете ги сите останати огласи и аплицирајте ТУКА.

Промовирани огласи »

Привремено запрена БСЖ вакцинацијата во Македонија, ќе се проверуваат сериите

По информациите за несакани реакции во Хрватска, македонските здравствени власти ја стопираа БСЖ вакцинацијата додека не се проверат сериите и нивниот квалитет.

Македонските здравствени власти привремено ја стопираа имунизацијата со БСЖ вакцината, откако во хрватските медиуми беа објавени информации за појава на несакани реакции по нејзина примена. По ова, веднаш заседавала Комисијата за имунизација при Министерството за здравство, а била контактирана и Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) за да се утврди кои серии од вакцината се користат во земјава.

Од Министерството посочуваат дека станува збор за ист производител, поради што е побарана детална проверка на сериите, нивниот квалитет и можната поврзаност со пријавените несакани реакции. Комисијата донела заклучок вакцинацијата привремено да се одложи сè додека не се добијат целосни информации.

Иако БСЖ вакцината е задолжителна во Македонија поради високиот ризик од туберкулоза, институциите уверуваат дека мерката е превентивна. Во моментов, на Институтот за ТБЦ има 95 пациенти со туберкулоза, од кои 83 се регистрирани годинава, додека во Детската болница Козле се евидентирани 15 случаи во 2025 и уште 12 нови случаи во 2026 година. Според Министерството, во последните десет години до МАЛМЕД е поднесена само една пријава за сомнеж за несакана реакција од БСЖ вакцина.

Тагови: БСЖ вакцината вакцина Македонија

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »