Од 2027 година ETIAS и за Македонците: 20 евра за патување во Европа

ЕУ подготвува нови правила за влез: македонските граѓани ќе треба однапред да побараат ETIAS одобрение и да платат 20 евра пред патување во 30 европски земји.

Македонските граѓани од 2027 година најверојатно ќе треба да исполнат нова обврска пред патување во поголем дел од Европа — да аплицираат за ETIAS електронско одобрение и да платат надомест од 20 евра. Системот, кој ЕУ го воведува за земјите со безвизен режим, не е виза, туку претходна електронска регистрација што ќе важи за краткорочни престои во 30 европски земји, меѓу кои и држави од Шенген-зоната и Кипар.

Аплицирањето ќе се врши онлајн, преку официјална веб-страница или мобилна апликација, со внесување лични и пасошки податоци. Од плаќање ќе бидат ослободени лицата под 18 и над 70 години, како и одредени членови на семејства на државјани на ЕУ. Одобрението ќе важи до три години или до истекот на пасошот, а ќе овозможува повеќекратни патувања, но со почитување на правилото за престој до 90 дена во период од 180 дена.

Во меѓувреме, EES системот веќе е во функција на надворешните граници на Шенген и дигитално ги бележи влезовите и излезите на патниците, наместо печати во пасош. Најважната разлика е што EES се применува на самата граница, додека ETIAS ќе мора да се обезбеди пред тргнување на пат. Од ЕУ засега порачуваат дека точниот датум за старт на ETIAS сè уште не е утврден, а граѓаните во моментов не треба да поднесуваат барања ниту да плаќаат.

Тагови: ETIAS Европа Македонци

Вработување во Стокомак!

Најди работа во Стокомак!

Стокомак е ланец на дисконти продавници кој работи по концептот хард-дисконт.

Моментално вработува:

Продавач/ка - Касиер/ка - Аеродром
Продавач/ка - Касиер/ка - Драчево
Продавач/ка - Касиер/ка - Ново Лисиче
Продавач/Касиер - Ново Село
Продавач/ка - Касиер/ка - Тафталиџе

Останатите активни огласи од Стокомак ќе ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни места ќе ги најдете ТУКА.

Тагови: ДТ Стокомак ДОО

Black Week во Семос Едукација: Попустите траат неколку дена знаењето останува засекогаш

До крајот на ноември, попусти до 50% на обуки, кариерни програми, курсеви за млади и сертификациски испити!

Скопје, 10 ноември 2026 – Black Friday најчесто е синоним за попуст на нешто што долго го посакуваме нов телефон, патики, гаџет. Оваа година Семос Едукација предлага поинаква перспектива, попустот да се искористи за нешто што може да ја смени твојата кариерата.

Под слоганот „Попустите се ограничени. Знаењето останува засекогаш.“ Семос Едукација ја започнува кампањата која овозможува попуст до 50% на специјално одбрани АИ обуки, кариерни програми, сертификациски испити и курсеви за млади. Пораката на кампањата е едноставна дека ваквите понуди траат кратко, но знаењето и вештините што ги стекнуваме остануваат и создаваат вредност долго потоа. Технологијата, вештачката интелигенција и новите начини на работа ги менуваат професиите со невиден темпо. Континуираното учење затоа веќе не е само предност, туку предуслов за професионален развој.

Затоа годинашната понуда е фокусирана на програми за практично знаење, надградба на професионалните компетенции и подготовка за следниот чекор во кариерата. Понудата опфаќа пет категории:

Кратки курсеви – за брза и практична надградба на конкретна вештина, применлива веднаш во работата.

  • AI обуки – обуки за тоа како вештачката интелигенција може конкретно да помогне во секојдневната работа, од анализа и продуктивност до дизајн и програмирање.
  • Кариерни програми – за оние што планираат посериозен кариерен чекор, промена на професионалната насока или стекнување нов сет компетенции.
  • Сертифицирани испити – можност знаењето да се потврди со меѓународно признаена сертификација.
  • Курсеви за млади - за оние кои сакаат да стекнат практични дигитални вештини и да направат прв чекор кон професиите на иднината.

Black Friday обично нè поттикнува да размислуваме што можеме да купиме поевтино. Ние сакаме да го поставиме прашањето поинаку: Што можеш да научиш денес што ќе ти вреди и утре

Попустот трае неколку дена, но одлуката да инвестираш во себе ќе ти донесе во иднина. Исто така имајте предвид дека бројот на места е ограничен - изјавија од Семос Едукација. Целосната понуда е достапна на blackweek.semoseducation.com

Попустите се ограничени. Знаењето останува засекогаш.

Тагови: курсеви обуки за вработени Семос Едукација

Стефани Стојаноска Наумческа: Уметноста е начин да ги пренесам чувствата што не можам да ги кажам со зборови

Кога срцето и душата се претвораат во уметност – запознајте ја Стефани и нејзиното творештво.

Која е Стефани Стојаноска Наумческа, што ве исполнува надвор од уметноста и како би се опишале себеси како личност и уметник?

Јас сум Стефани Стојаноска Наумческа, родена на 17.08.1996 година во Гостивар и имам 30 години. Пред сè, сум човек кој верува дека со доволно љубов, труд и упорност може да се стигне до целта. Би се опишала како емотивна, истрајна и искрена личност. Не се откажувам лесно, дури и кога патот е тежок.

Надвор од уметноста ме исполнуваат семејството, луѓето што ги сакам, патувањата, прошетките и едноставните моменти од секојдневието. Но, мислам дека уметноста секогаш е некаде присутна во мене. Дури и кога не сум пред платно, размислувам, набљудувам и барам инспирација.

Стефани, како започна вашата љубов кон уметноста и кога сфативте дека сликањето ќе стане дел од вашиот живот?

Љубовта кон уметноста започна уште кога имав шест години. Тогаш веројатно не знаев дека еден ден сликањето ќе стане толку важен дел од мојот живот. Само сакав да цртам.

Со годините таа детска љубов прерасна во нешто многу поголемо. Почнав да сфаќам дека преку платното можам да кажам нешта што понекогаш не можам да ги кажам со зборови.

Како би го опишале вашиот уметнички стил и што најчесто сакате да пренесете преку вашите дела?

Денес, по толку години работа, можам слободно да кажам дека сликањето е дел од мојот карактер и од мојот живот.

Мојата уметност не сакам да ја ставам во една рамка. Работам портрети, апстрактни дела и експериментирам со различни техники и материјали. Можеби токму тоа најмногу ме опишува  желбата постојано да истражувам нешто ново.

Преку делата сакам да пренесам емоција. Сакам човекот што ќе застане пред мојата слика да почувствува нешто, без разлика дали е мир, љубов, тага, сила или надеж. За мене една слика е успешна кога ќе успее да допре до некого.

Особено интересни се вашите слики создадени со кафе. Како дојдовте до оваа необична техника и што ја прави посебна?

Кафето го доживеав како уште еден начин да експериментирам со уметноста. Сакав да видам што може да се создаде со материјал кој не е класична боја, а сепак има прекрасни природни тонови. Мене ме привлекува неговата топлина и начинот на кој остава различни нијанси и траги. Никогаш не можеш целосно да го контролираш резултатот, а токму тоа ми е интересно. Понекогаш комбинирам кафе со акрилни бои и така добивам сосема поинаков ефект.

Вашето творештво опфаќа портрети, апстрактни дела и различни техники. Каде најмногу ја пронаоѓате својата креативна слобода?

Сакам да покажам дека уметноста може да се најде и во нешта што ги гледаме секој ден.

Најголема слобода чувствувам кога не размислувам дали нешто е „правилно“ или „погрешно“. Кога сликам апстракција, дозволувам чувството да ме води. Кај портретите, пак, има друга одговорност сакам да ја пренесам личноста, погледот и емоцијата.

Ме привлекува експериментирањето. Работам со акрил, масло, графика, туш, сув пастел, кафе, а понекогаш и вино. Не сакам да останам само на една техника. Сакам постојано да учам и да откривам нешто ново.

Колку време е потребно за создавање едно уметничко дело и што ви претставува најголем предизвик во процесот?

Нема точно правило. Некое дело може да биде создадено за неколку часа, а на друго можам да работам со денови. Понекогаш платното едноставно не ми дозволува да застанам додека не го почувствувам како завршено. Најголемиот предизвик е да го пренесам она што го имам во себе. Можам да имам јасна замисла, но кога ќе започнам да сликам, делото може да тргне во сосема друга насока. И токму тогаш настануваат најинтересните моменти.

Досега сте имале изложби и претставувања во Македонија и Италија. Кое искуство ви оставило најсилен впечаток?

Секоја изложба има своја приказна и своја емоција. Првата самостојна изложба „Бесконечна надеж“ во Гостивар беше посебна затоа што беше остварување на еден голем сон.

Но, многу силно искуство за мене беше и претставувањето во Италија. Да ја видам мојата уметност надвор од Македонија, пред публика која не ме познава лично, беше огромна мотивација. Самостојната изложба „Arte dell’anima“ во Ровиго ми покажа дека уметноста навистина нема граници.

Особено ми значи кога ќе слушнам дека некое мое дело некому му се допаднало, го допрело или дека денес живее во нечиј дом или институција. Тогаш чувствувам дека мојата работа продолжува да живее и надвор од мене.

Колку е тешко за еден уметник од Македонија да го претстави своето творештво надвор од границите на државата?

Не е лесно. Потребни се многу труд, истрајност, храброст и верба во себе. Понекогаш најтешкиот дел не е самото сликање, туку да најдеш можност некој да ја види твојата работа. Но, јас верувам дека ако навистина го сакаш тоа што го работиш, не треба да се откажеш. Секое отворање на врата е нова можност. За мене е огромна чест што моите дела од Македонија стигнаа до Италија и што имам можност да продолжам да ја претставувам нашата уметност и надвор од границите. И токму затоа со голема возбуда ја подготвувам мојата нова самостојна изложба „Срце и душа на платно“, која ќе се одржи на 20 ноември во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево. Оваа изложба за мене не е само уште една изложба. Во неа има дел од мојата досегашна работа, но и многу ново  мојата сегашна енергија, искуствата што ги стекнав и желбата да продолжам понатаму. Ќе бидат претставени дела во кои повторно ги спојувам моите најголеми љубови  портретот, апстракцијата, боите и експериментирањето со необични техники.

На 20 ноември ја подготвувате самостојната изложба „Срце и душа на платно“. Што се крие зад името и какви дела ќе имаат можност да видат посетителите?

„Срце и душа на платно“ е токму она што сакам да го оставам зад себе како уметник  не само слики, туку чувства, приказни и трага. На изложбата ќе бидат претставени околу 30 дела, меѓу кои апстрактни дела и портрети на девојки со кафе. Оваа изложба за мене е уште еден важен чекор во моето уметничко патување. Особено ми значи што моите дела беа дел од групни изложби во Ровиго и Падова, како и од меѓународни уметнички проекти. Секое од овие претставувања за мене е доказ дека уметноста може да ги премине границите и да создаде врска меѓу луѓето и различните култури. Насловот „Срце и душа на платно“ има многу лично значење за мене. Секоја слика што ја создавам носи дел од мојата душа, моите чувства, мисли и моменти од животот. Не сакав изложбата да има само убав наслов, туку име што навистина ќе ја отсликува мојата уметност.

Дали зад секоја ваша слика стои лична приказна, емоција или инспирација?

Верувам дека зад секоја слика стои барем едно чувство. Не мора секогаш да биде конкретна лична приказна, но секогаш постои некаква емоција или момент што ме поттикнал да започнам да создавам.

Понекогаш инспирацијата доаѓа од луѓето, понекогаш од природата, од нечиј поглед, од музика или од сосема обичен момент. Има слики во кои внесувам дел од себе, а има и такви во кои оставам простор секој човек да ја создаде сопствената приказна.

За мене најубаво е кога некој ќе застане пред моја слика и ќе ја доживее на начин на кој јас можеби воопшто не сум го замислила. Тогаш уметноста добива нов живот.

Кои се вашите идни планови и дали подготвувате нови изложби или уметнички проекти?

Не сакам да застанам на она што досега сум го постигнала. Имам многу идеи, нови мотиви и техники што сакам да ги истражам. Верувам дека најубавите уметнички приказни допрва доаѓаат.

Тагови: креативност сликање уметност Стефани Стојаноска Наумческа