Стручен за управување со ризици

Објавенпред 3 часа
Активен до13.11.2026
ПозицијаАналитичар
ЛокацијаСкопје
Телефон02/3219-900
Веб-страницаwww.pcb.mk
За компанијата

ПроКредит е германска развојно ориентирана банка со присуство во Источна и Југоисточна Европа, посветена на поддржување микро, мали и средни претпријатија (ММСП) и физички лица, како и на поттикнување... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

ПроКредит е германска развојно ориентирана банка со присуство во Источна и Југоисточна Европа, посветена на поддржување микро, мали и средни претпријатија (ММСП) и физички лица, како и на поттикнување економски раст и одржлив развој.

Стани следното дополнение на нашиот тим како Стручен за управување со ризици и придонеси кон навремено идентификување, следење и управување со ризиците на кои е изложена Банката.

Клучни одговорности:

  • Следење и анализа на ризичниот профил на Банката, со фокус на ликвидносниот, пазарниот, оперативниот и останатите релевантни ризици.
  • Следење на интерните и регулаторните лимити, индикаторите за ризик и праговите за рано предупредување, како и навремено идентификување и комуницирање на потенцијални отстапувања.
  • Подготовка, анализа и презентација на редовни извештаи од областа на управување со ризици за потребите на Банката, Групацијата, регулаторните тела и органите на управување.
  • Спроведување на стрес-тестирања и сценарио анализи, анализа на ризични настани и проценка на влијанието на различни ризик фактори врз работењето на Банката.
  • Следење и анализа на изложеноста кон банки и земји, вклучително анализа на финансиски показатели, кредитни рејтинзи и други релевантни фактори на ризик.
  • Учество во унапредување на рамката за управување со ризици, вклучително ревидирање на методологии, политики и процедури, подготовка на планови и извештаи и следење на реализацијата на препораките на релевантните тела.

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование од областа на економија, финансии, банкарство, сметководство или друга сродна област.
  • Претходно работно искуство во областа на управување со ризици.
  • Развиени аналитички способности и способност за работа со поголем обем на финансиски и квантитативни податоци.
  • Разбирање на финансиски извештаи и клучни финансиски показатели.
  • Прецизност, систематичност и внимание на детали, со способност за почитување на дефинирани рокови.
  • Напредно познавање на MS Excel и останатите алатки од MS Office пакетот.
  • Одлично познавање на англиски јазик.

Што нудиме:

  • Меѓународна компанија со пријатна и отворена работна атмосфера.
  • Тимска соработка и култура која охрабрува проактивност и иновативни идеи.
  • Континуиран личен и професионален развој.
  • Рамна хиерархија и брзи процеси на одлучување.
  • Флексибилно работно време (08:00 – 09:00).

Ги охрабруваме сите заинтересирани кандидати да аплицираат на линк: ProCredit Bank - Апликација за вработување.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Други активни огласи од ПроКредит Банка АД Скопје

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе