10 професии што вештачката интелигенција најмногу ќе ги притисне до 2027 година

Од корисничка поддршка до програмери и преведувачи — АИ веќе го менува пазарот на трудот. Проверете кои работни места се најизложени и што ќе биде клучно за опстанок.

Вештачката интелигенција забрзано го менува пазарот на трудот, а според анализа пренесена од „Форбс“, 2027 година може да донесе силен притисок врз низа професии што се потпираат на рутински и повторливи задачи. Развојот на АИ-агенти, системи што самостојно извршуваат задачи како одговарање на клиенти, закажување состаноци, обработка на податоци и пишување извештаи, им овозможува на компаниите да работат со помал број вработени. Сепак, експертите предупредуваат дека не станува збор нужно за целосно исчезнување на професиите, туку за нивна длабока трансформација.

Меѓу 10-те најзагрозени професии се вработените во корисничка поддршка, програмерите, службениците за резервации и закажување, административните асистенти, службениците за внесување податоци, банкарските службеници на шалтер, административните и помошните служби, преведувачите, финансиските аналитичари, како и касиерите и продавачите на билети. Анализата посочува дека АИ веќе презема значителен дел од задачите во овие области — од пишување и проверка код до обработка на фактури, преводи и подготовка на финансиски извештаи.

Клучната промена нема да биде само во бројот на работни места, туку и во начинот на работа. Наместо да ги заменат луѓето во целост, компаниите сè повеќе ќе бараат кадар што знае да управува со АИ-системи, да ги проверува нивните резултати и да решава посложени проблеми. Главната порака е јасна: оние што ќе научат да ја користат вештачката интелигенција како алатка, ќе имаат најголема предност на идниот пазар на трудот.

Тагови: вештачка интелигенција професии

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Моментално отворени позиции:

Виш соработник за административни, општи и правни работи - Секретар, Административна служба

Раководител на одделение за хардвер и системски софтвер, Одделение за хардвер и системски софтвер, Сектор за информатика, Централна служба

Стручен соработник во подрачна служба, Стручен соработник за следење на основни здравствени услуги во примарна здравствена заштита, Одделение за финансии, анализа, контрола и трезорско работење, Подрачна Служба - Струга

Раководител на одделение за администрирање со бази на податоци за евиденција со матични книги, Сектор за информациско комуникациски системи

Референт III ниво, Референт за пресметување и контрола на надоместок на боледување, Одделение за надоместоци и придонеси, Подрачна служба Битола

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: државна администрација

Нови кариерни можности во Макпетрол!

Погледни ги најновите огласи за работа во Макпетрол!

Уште од основањето, повеќе од седум децении, Макпетрол АД отсекогаш бил предводник во примената на новитетите во погонските горива, во унапредувањето на квалитетот на своите производи, како и во воведувањето на алтернативни погонски горива кои придонесуваат за поголема заштита на животната средина.

Како компанија која константно расте и се унапредува, моментално го проширува својот тим и има отворено позиции за:

Пожарникар - обезбедувач во склад Илинден
Пожарникар - обезбедувач во склад Прилеп
Помлад бравар во Дирекција за одржување
Автомеханичар во Сервис за автомобили и мотоцикли Хонда - Илинденска

Доколку сакте да станете дел од Макпетрол аплицирајте и станете дел од една од водечките компании во Македонија.

Останатите рабони позиции можете да ги најдте ТУКА.

Тагови: МАКПЕТРОЛ

Нови правила за боледување од 1 декември: без дополнителни наоди само до пет дена

Од следниот месец се менуваат правилата за боледување: матичните лекари ќе одобруваат отсуство без дополнителни наоди до пет дена, а за подолг период ќе бидат потребни испитувања или специјалистички прегледи.

Од 1 декември стапуваат во сила нови правила за издавање боледување, според кои матичниот лекар ќе може да одобри отсуство без дополнителни дијагностички критериуми најмногу до пет дена, наместо досегашните седум. За продолжување на боледувањето ќе бидат потребни дополнителни испитувања или специјалистички прегледи, во зависност од состојбата на пациентот.

Од Фондот за здравствено осигурување појаснуваат дека ова не значи автоматско враќање на работа по петтиот ден, ниту ограничување на правото на боледување. Матичните лекари и понатаму ќе можат да отвораат боледување до 15 дена, а за подолг период ќе одлучува лекарска комисија. За боледување подолго од 60 дена, по правило, ќе биде потребно и конзилијарно мислење од тројца специјалисти, со исклучоци за одредени тешки заболувања и хронични пациенти.

Правилникот предвидува и можност за приоритетен упат кога е медицински оправдано, како и електронско издавање извештаи, постапка за повторно отворање боледување и право на приговор на лекарската оценка. Дел од лекарите, сепак, бараат дополнителни појаснувања, особено во случаи кога пациентите не можат навреме да добијат термин кај специјалист. Фондот најави работилници на 19 и 20 ноември, како и отворена дебата со лекарите за практичната примена на новите критериуми.

Тагови: боледувања Фонд за здравствено осигурување (ФЗО) матични лекари