Какво време ќе донесе петокот?

Еве какво време нè очекува овој петок!

Променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Во утринските часови, во одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Во Скопје се очекува променлива облачност, проследена со слаб до умерен ветер од северен правец.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

6.11.2026 Петок   4° / 11° 07:11   17:27
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h

















11°
9°
8°
6°
5°
4°
4°

2

2

2

2

3

3

3
7.11.2026 Сабота   1° / 11° 07:12   17:26
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
3°
3°
3°
2°
2°
2°
1°
1°
2°
5°
8°
9°
10°
11°
11°
11°
11°
9°
7°
7°
6°
5°
5°
5°

3

3

3

3

3

2

2

2

2

2

1

2

2

2

2

2

2

1

1

1

1

1

1

1
8.11.2026 Недела   2° / 11° 07:13   17:25
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
4°
4°
3°
3°
3°
3°
2°
2°
3°
4°
6°
7°
8°
10°
11°
11°
11°
9°
8°
7°
6°
6°
6°
5°

1

1

1

1

1

1

1

1

1

2

2

2

3

3

3

3

3

2

2

2

2

2

2

2

Видливоста не е исто што и препознатливоста: Наташа Велковска во новата сезона на „На Каде Одиме?“

Четврта сезона на „На Каде Одиме?“: Наташа Велковска за комуникациските предизвици и новите професионални вештини

Подкастот „НА КАДЕ ОДИМЕ?“ ја започнува својата четврта сезона со нови разговори, инспиративни приказни и теми што отвораат важни прашања за професионалниот развој, комуникацијата и предизвиците на современото деловно опкружување.

Гостинка во новата епизода е Наташа Велковска, Growth & Business Development Director, консултант за комуникации и професионалец со богато искуство во областа на односи со јавноста, продукција на содржини и стратешки комуникации. Нејзиното професионално искуство опфаќа различни области од телевизијата и медиумите до развојот на брендови и комуникациските стратегии.

Во разговорот, Велковска споделува размислувања за тоа како се гради препознатлив личен бренд, колку е важно начинот на кој комуницираме и каква улога има довербата во создавањето професионална репутација.

Меѓу темите за кои се разговара во епизодата се:

  • Личниот бренд и професионалната препознатливост – што значи да бидеш видлив, а што навистина препознатлив и како се гради автентичен личен бренд.
  • Комуникацијата во кризна ситуација – како треба да реагираат компаниите и лидерите кога се соочуваат со критики и предизвици што можат да ја нарушат нивната репутација.
  • Јавниот настап и комуникациските вештини – што го прави говорникот убедлив и како да се надмине стравот од камера, интервју или настап пред публика.
  • Влијанието на вештачката интелигенција врз комуникацијата – кои човечки квалитети и вештини ќе стануваат сè поважни во време кога технологијата овозможува брзо создавање содржини.
  • Професионалниот развој и кариерните одлуки – кои совети вреди да се следат, а кои понекогаш треба да се преиспитаат.
  • Низ отворен и содржаен разговор, епизодата ги истражува прашањата што стојат зад успешната комуникација, градењето доверба и развојот на професионалниот идентитет.

Со четвртата сезона, „На Каде Одиме?“ продолжува да отвора простор за разговори со луѓе кои преку своето искуство, знаење и лични приказни нудат поинаква перспектива за професионалниот и личниот развој.

Следете ја новата сезона на „На Каде Одиме?“ и дознајте повеќе за приказните, искуствата и ставовите на нашите гости.

Видливоста не е исто што и препознатливоста: Наташа Велковска во новата сезона на „На Каде Одиме?“

Тагови: бизнис идеи брендови НА КАДЕ ОДИМЕ Наташа Велковска

Погледнете ги сите отворени работни позиции во Струга!

Најнови огласи за работа во Струга!

Дали бараш нова работна можност во Струга? Без разлика дали си искусен професионалец или штотуку започнуваш со својата кариера, KARIERA.mk ти овозможува брзо и лесно да ја најдеш идеалната работа за тебе!

Работни позиции достапни во Струга, во моментов има различни можности за вработување, како што се:

Асистент на продажба - Струга
Оператор за прием на стока - виљушкарист - Струга
Оператор за припрема на стока - Струга
Шофер Ц категорија - Струга
Касиери/ки - Струга
Менаџер на смена - Струга
Kомерцијалист / Амбулантна продажба - Охрид/Струга

Не чекај! Секој ден се објавуваат нови огласи, затоа следи ги редовно и аплицирај веднаш за да си обезбедиш работна позиција што одговара на твоите вештини и интереси.

Посети ја KARIERA.mk и започни ја твојата кариера во Струга денес!

Прочитајте и за: Најнови огласи за работа во Тетово!

Скопје со олеснување за младите брачни парови: Пониски трошоци за изградба на првиот дом

Нова мерка во Скопје носи финансиско олеснување за младите брачни парови што градат прва семејна куќа, преку намалување на дел од комуналните трошоци.

Младите брачни парови во Скопје ќе добијат можност за пониски почетни трошоци при изградба на својот прв дом, откако Град Скопје ја прифати иницијативата за ослободување од дел од комуналните давачки. Мерката се однесува на изградба на прва семејна куќа и има цел да го олесни финансискиот товар при започнување на станбен проект.

Според одлуката, ослободувањето важи само за делот од надоместокот за уредување на градежното земјиште што му припаѓа на Град Скопје. Тоа значи дека корисниците на оваа поволност и понатаму ќе треба да го платат делот од комуналниот надоместок што законски ѝ припаѓа на општината каде што се наоѓа парцелата.

Право на ова олеснување ќе имаат само брачни парови кај кои ниту еден од сопружниците не поседува друга соодветна станбена недвижност. Дополнително, куќата што ќе се гради мора да биде наменета за лично домување. Иницијативата, поднесена од советничката група на Левица, според градските власти треба да придонесе за намалување на трошоците и поголема поддршка за младите семејства во Скопје.

Тагови: брак Скопје