Огласи за работа во Тетово!

Најновите огласи за работа во Тетово!

Барате работа во Тетово? Проверете ги најновите огласи за вработување и најдете ја идеалната можност за вашиот кариерен напредок! Без разлика дали сте искусен професионалец или почетник кој бара прва работа, тука ќе најдете огласи што одговараат на вашите потреби и квалификации.

Придружете се на успешни компании и започнете ново поглавје во вашата кариера. Не чекајте! Аплицирајте веднаш и осигурете си посветла иднина.

Асистент на продажба - Тетово
Продажен персонал - Тетово
Менаџер и помошник за логистика
Персонал за работа - Тетово
Visual Merchandiser for our stores in Tetovo Palma Mall (40 hours per week)
Аранжер (Visual Merchandiser) - Тетово Re Mall
Работници во производство на дрвени прозорци и термопан стакло

Прочитајте и за: Најди работа во Битола!

Се уште сте во потрага по идеалното работно место?! Проверете ги сите останати огласи и аплицирајте ТУКА.

Повисоки плати во Армијата: Што сè ќе опфати најавеното покачување?

Владата го усвои Предлог-буџетот за 2027 година со кој се предвидува зголемување на платите во Армијата и одбраната. Покачувањето треба да ја опфати основната плата и сите нејзини компоненти.

Со Предлог-буџетот за 2027 година се предвидува зголемување на платите за 10 проценти за вработените во Армијата и одбраната, соопшти министерот за одбрана Владо Мисајловски. Буџетскиот предлог веќе е усвоен од Владата, а во следната фаза треба да биде доставен до Собранието на разгледување и одлучување.

Според Мисајловски, најавеното покачување ќе ја опфати не само основната плата, туку и сите останати компоненти што влегуваат во вкупната месечна заработка. Тој оцени дека станува збор за историски најголемо зголемување во апсолутна вредност, нагласувајќи дека оваа мерка е резултат на социјалниот дијалог и соработката со синдикатите.

Министерот порача дека подобрувањето на материјалниот статус на припадниците на Армијата останува меѓу клучните приоритети на Министерството за одбрана. Воедно, упати благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска за поддршката, додека конечната одлука за предложеното покачување ќе ја носи Собранието.

Тагови: Армија на РСМ зголемување на плати

Ова се најстресните работни места денес: Дали вашата работа е на листата?

Проверете дали вашата професија е меѓу најстресните!

Стресот на работното место е сè почеста појава, а кратките рокови, големата одговорност, постојаната комуникација со луѓе и високите очекувања се само дел од причините поради кои секојдневната работа може да стане исцрпувачка.

Според истражување спроведено во Холандија од CBS и TNO, меѓу професиите со високо ниво на работен стрес се издвојуваат:

  • Фармацевтски техничари – голема одговорност и постојана работа со клиенти.
  • Наставници – справување со ученици, родители и административни обврски.
  • Медицински сестри и лекари – долги смени и одговорност за здравјето на пациентите.
  • Медицински асистенти – динамична работа и голем број задачи.
  • Келнери и барски персонал – брзо темпо и постојана комуникација со гости.
  • Готвачи и пекари – физички напор, кратки рокови и работа под притисок.

Сепак, стресот не зависи само од професијата. Лошата работна атмосфера, нереалните рокови, недоволната поддршка и нарушениот баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот можат да ја направат стресна речиси секоја работа.

Тагови: професии работнички права стрес на работно место

Македонците сè повеќе трошат за храна и гориво, а штедат на облека и мебел

Новите податоци покажуваат дека семејните буџети сè повеќе се трошат на основни потреби, додека купувањето непрехранбени производи опаѓа.

Потрошувачките навики на граѓаните во Македонија покажуваат јасна промена, при што најголем дел од парите завршуваат за храна, пијалаци и гориво, додека за другите производи се троши значително помалку. Најновите податоци на Државниот завод за статистика за септември 2026 година укажуваат дека семејните буџети сè повеќе се насочуваат кон покривање на основните потреби.

Според статистиката, прометот во малопродажбата на храна, пијалаци и тутун номинално пораснал за 24,1 процент во однос на истиот месец лани, додека реалниот раст изнесува 19,4 проценти. Уште посилен скок има кај продажбата на гориво, каде прометот на бензинските пумпи е повисок за 38,7 проценти, а реалниот раст достигнува 12 проценти во споредба со септември 2025 година.

Во исто време, трговијата со непрехранбени производи бележи пад, што значи дека граѓаните сè поретко купуваат облека, обувки, мебел и апарати за домаќинство. Овие бројки покажуваат дека кога најголемиот дел од буџетот оди за храна и транспорт, останува сè помалку простор за други трошоци, а штедењето на непрехранбени производи станува сè поизразен тренд.

Тагови: Државниот завод за статистика (ДЗС) Македонци храна