Подкастот „НА КАДЕ ОДИМЕ?“ ја започнува својата четврта сезона со нови разговори, инспиративни приказни и теми што отвораат важни прашања за професионалниот развој, комуникацијата и предизвиците на современото деловно опкружување.
Гостинка во новата епизода е Наташа Велковска, Growth & Business Development Director, консултант за комуникации и професионалец со богато искуство во областа на односи со јавноста, продукција на содржини и стратешки комуникации. Нејзиното професионално искуство опфаќа различни области од телевизијата и медиумите до развојот на брендови и комуникациските стратегии.
Во разговорот, Велковска споделува размислувања за тоа како се гради препознатлив личен бренд, колку е важно начинот на кој комуницираме и каква улога има довербата во создавањето професионална репутација.
Меѓу темите за кои се разговара во епизодата се:
- Личниот бренд и професионалната препознатливост – што значи да бидеш видлив, а што навистина препознатлив и како се гради автентичен личен бренд.
- Комуникацијата во кризна ситуација – како треба да реагираат компаниите и лидерите кога се соочуваат со критики и предизвици што можат да ја нарушат нивната репутација.
- Јавниот настап и комуникациските вештини – што го прави говорникот убедлив и како да се надмине стравот од камера, интервју или настап пред публика.
- Влијанието на вештачката интелигенција врз комуникацијата – кои човечки квалитети и вештини ќе стануваат сè поважни во време кога технологијата овозможува брзо создавање содржини.
- Професионалниот развој и кариерните одлуки – кои совети вреди да се следат, а кои понекогаш треба да се преиспитаат.
- Низ отворен и содржаен разговор, епизодата ги истражува прашањата што стојат зад успешната комуникација, градењето доверба и развојот на професионалниот идентитет.
Со четвртата сезона, „На Каде Одиме?“ продолжува да отвора простор за разговори со луѓе кои преку своето искуство, знаење и лични приказни нудат поинаква перспектива за професионалниот и личниот развој.
Следете ја новата сезона на „На Каде Одиме?“ и дознајте повеќе за приказните, искуствата и ставовите на нашите гости.
Тагови: бизнис идеи брендови НА КАДЕ ОДИМЕ Наташа Велковска