ВРАБОТУВАМЕ БРЕНД МЕНАЏЕР (BRAND MANAGER)
Локација: Скопје, ул. Ленинова бр. 53
Работно време: Понеделник – петок, 08:00 – 16:00
Пријавување: [најави се за да го видиш е-маилот]
ЗОШТО GERMAN PX?
German PX е компанија посветена на премиум велосипеди, ски-опрема и врвна outdoor и кампинг опрема. Со долгогодишно искуство, градиме препознатливо име засновано на квалитет, експертиза и врвна услуга. Соработуваме со најреномираните светски брендови и постојано ги следиме најновите трендови, технологии и иновации во светот на велосипедизмот, скијањето и outdoor индустријата.
Нашиот тим го сочинуваат професионалци и ентузијасти кои ја споделуваат љубовта кон спортот, природата и активниот животен стил. Кај нас ќе имаш можност за професионален развој, континуирана едукација и работа во динамична средина, со можност директно да придонесуваш за развојот на компанијата и брендовите што ги застапуваме. Доколку спортот, квалитетот и работата со светски брендови се твоја страст, те покануваме да станеш дел од нашиот тим!
ШТО НУДИМЕ?
- Конкурентна плата и дополнителни бонуси согласно постигнатите резултати.
- Можности за патувања и посета на меѓународни саеми и презентации надвор од
- Македонија.
- Работа со врвни светски брендови и професионален, мотивиран тим.
- Динамична работна средина со можности за учење и напредување.
- Слободни викенди и празници.
ТВОИТЕ ОДГОВОРНОСТИ
- Управување и следење на продажбата, залихите, нарачките и испораките.
- Комуникација, координација и преговори со домашни и странски добавувачи.
- Анализа на продажните резултати и подготовка на предлози за нивно подобрување.
- Следење на пазарот, конкуренцијата и актуелните трендови.
- Планирање и координација на активностите поврзани со брендовите.
- Следење на перформансите и развојот на брендовите во продажниот асортиман.
КАКОВ КАНДИДАТ БАРАМЕ?
- Претходно искуство во управување со брендови, продажба, нарачки и следење залихи.
- Способност за анализа и интерпретација на продажни податоци.
- Одлично познавање на Microsoft Office, особено Excel.
- Високо образование, при што диплома од техничките науки ќе се смета за предност.
- Одлично познавање на англискиот јазик.
- Развиени комуникациски, организациски и аналитички вештини.
- Самостојност, иницијативност и способност за паралелно управување со повеќе
- активности.
- Флексибилност и подготвеност за работа во динамична средина.
СТАНИ ДЕЛ ОД НАШИОТ ТИМ!
Доколку се препознаваш во овој опис и сакаш да ја развиваш својата кариера во компанија која ги обединува спортот, квалитетот и светските брендови, вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу или на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]