Промовирани огласи »

Скопје до декември ги добива првите 30 електрични автобуси

По завршувањето на тендерот и жалбената постапка, Скопје е чекор поблиску до модернизација на јавниот превоз со првите 30 нови електрични автобуси.

Скопје ќе ги добие првите 30 нови електрични автобуси до декември годинава, односно најдоцна до јануари 2027 година, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според него, жалбената постапка за тендерот е завршена и сега следува потпишување на договорот со избраниот понудувач, унгарската компанија „Електробус Икарус“ во заедничка понуда со австриската ЕВН.

Со тендерот е предвидена набавка на вкупно 150 електрични автобуси за јавниот превоз во Македонија, од кои 100 се наменети за ЈСПСкопје“, а останатите 50 ќе бидат распределени во други градови низ државата. Николоски посочи дека рокот за испорака на првите автобуси е шест месеци од потпишувањето на договорот, но побарал првите возила да пристигнат уште во декември.

Според планот, следните 60 автобуси треба да бидат испорачани во рок од 12 месеци, а последните 60 во рок од 18 месеци, со што целата набавка треба да се заокружи за година ипол. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека станува збор за историски чекор во обновата на возниот парк на ЈСП и почеток на помодерен, почист и побезбеден јавен превоз во главниот град.

Тагови: Јавно Сообраќајно Претпријатие (ЈСП) Скопје електрични автобуси

Промовирани огласи »

Најди работа во Куманово!

Најнови огласи за работа во Куманово!

Куманово, како еден од поголемите градови во Македонија, нуди голем број можности за работа во различни индустрии. Без разлика дали сте млад професионалец, квалификуван работник, или студент кој бара прво работно искуство, пазарот на труд во Куманово нуди разновидни опции за сите профили на кандидати.

Моментално се отворени следниве работни позиции:

Магацински работник и администратор во логистички дистрибутивен центар Куманово
Асистент на продажба - Куманово
Вилушкарист - Куманово
Магацински работници - подготвувачи на роба - Куманово
Продавач/ка - Касиер/ка - Реон Куманово
Референт за продажба во Куманово
Truck Driver Recruiter
Customer Service Coordinator - Kumanovo
Relationship Manager Assistant
Агент за теренска наплата - Куманово (хонорарна работа)

Се уште невработени?! Сите останати работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Најди работа во Битола!

Промовирани огласи »

Пријавување и одјавување од работа: Кои се роковите и што треба да знаете?

Не ја прескокнувајте оваа важна постапка

Почнувате нова работа или го прекинувате работниот однос? Во двата случаи потребно е да се регулира вашето пријавување или одјавување од задолжителното социјално осигурување. Најчесто постапката ја завршува работодавачот, преку административната служба или сметководството.

Пријавување на работен однос

Работодавачот е должен да го пријави работникот најдоцна еден ден пред започнувањето со работа. Пријавувањето може да се изврши електронски или непосредно во надлежниот центар за вработување.

По завршувањето на постапката, пријавата се евидентира преку електронскиот образец М1/М2. Во зависност од случајот, се приложуваат ППР образец, овластување и потребната документација поврзана со вработувањето.

Одјавување од работа

При престанок на работниот однос, работодавачот треба да го одјави работникот во рок од осум дена од денот на престанокот на работниот однос.

За одјавување се користи електронскиот образец М1/М2, заедно со потребната документација. Во приватниот сектор, одјавувањето може да се направи и електронски доколку и пријавувањето било спроведено на тој начин.

Што е важно за вас?

Иако најчесто работодавачот ја завршува целата постапка, добро е да проверите дали пријавата или одјавата е навремено евидентирана и да ја чувате документацијата поврзана со работниот однос.

Тагови: Агенција за вработување (АВРМ) документи одјава пријава работнички права

Промовирани огласи »

Почна исплатата на регресот за годишен одмор – К-15, а работниците во приватниот сектор годинава можат да очекуваат повисок минимален износ. 

Според пресметките врз основа на просечните нето-плати, минималниот К-15 годинава благо надминува 19 илјади денари или поточно 19.116 денари. 

Зголемувањето на регресот е резултат на растот на просечната плата во земјава. Согласно со Колективниот договор за приватниот сектор, минималниот регрес за годишен одмор изнесува 40 проценти од просечната нето-плата исплатена во последните три месеци.  

За пресметката годинава се земени предвид просечните нето-плати за февруари, март и за април 2026 година, кои изнесувале 46.159, 48.433 и 48.779 денари. Просекот на овие три износи е околу 47.790 денари, од кои 40 проценти даваат минимален К-15 од приближно 19.116 денари. 

Тоа значи дека работниците годинава имаат право на регрес што е повисок од минатогодишниот.  Иако за најголем дел од работниците сумата од околу 19.116 денари ќе биде минималниот износ, тоа не значи дека толку мора да добијат сите.  

Работодавците можат да исплатат и значително повисок регрес доколку е предвидено тоа со колективен договор, со интерните акти на компанијата или со одлука на работодавецот. Во одредени компании, К-15 веќе достигнува 40.000 или 50.000 денари, додека има и компании што исплаќаат регрес од 80.000, па дури и 100.000 денари. Особено повисоки суми се исплаќаат во компаниите што имаат добри деловни резултати, но и во секторите каде што има недостиг од работна сила. За работодавците, повисокиот К-15 е еден од начините да ги задржат квалитетните работници и да привлечат нови кадри – велат од Сојузот на синдикатите на Македонија.

Тагови: годишен одмор К-15

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »