Маркетинг асистент

Објавенпред 6 часа
Активен до18.11.2026
ПозицијаМаркетинг/ПР/Дигитал
ЛокацијаСкопје
Телефон02/3228458
За компанијата

МАГРОНИ ДОО - Скопје е една од водечките македонски компании за производство и дистрибуција на природна минерална и природна изворска вода, освежителни безалкохолни пијалаци и алкохолни пијалаци. Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

МАГРОНИ ДОО - Скопје е една од водечките македонски компании за производство и дистрибуција на природна минерална и изворска вода, освежителни безалкохолни и алкохолни пијалаци.

Нашиот успешен тим има потреба од: Маркетинг асистент

Основни работни обврски:

  • Учество во подготовка и реализација на маркетинг плановите и активностите за брендовите на компанијата
  • Учество во подготовка на брифови, информации и материјали за маркетинг агенциите и надворешните соработници
  • Координација со агенциите при реализација на кампањи и активности на социјалните мрежи, со следење на роковите и усогласеноста со насоките за брендовите
  • Преглед на предложените содржини и креативни решенија и координација на повратните информации и одобрувањата
  • Адаптација на постојни графички решенија и изработка на поедноставни промотивни материјали
  • Поддршка при организација и реализација на промоции, дегустации, саеми и други бренд-настани
  • Соработка со продажниот тим при реализација на промотивни активности и поставување маркетинг материјали во малопродажба и HoReCa
  • Следење на пазарните трендови, промотивните активности и настапот на конкуренцијата
  • Сумирање и анализа на резултатите од маркетинг активностите и агенциските извештаи, со предлози за подобрување
  • Следење на маркетинг трошоците во рамките на одобрениот буџет
  • Координација со другите сектори за навремена и усогласена реализација на маркетинг активностите

Барања за позицијата:

  • Завршено високо образование
  • Одлично познавање на работа со Microsoft Office и социјални мрежи
  • Одлични организациски и комуникациски вештини
  • Прецизност и внимание на детали
  • Способност за работа со рокови и повеќе задачи паралелно
  • Одлично познавање на англиски јазик (пишување и зборување)
  • Познавање на Photoshop / Illustrator
  • Работно искуство на слична позиција ќе се смета за предност

Компанијата нуди:

  • Стабилна и професионална работна средина
  • Можност за професионален развој
  • Работа во динамичен тим со поддршка и обука
  • Конкурентна плата и бенефиции

Доколку ги исполнувате горенаведените услови и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу или на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 18.11.2026. Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју и проверка на знаењата.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.
Други активни огласи од ДТУ МАГРОНИ ДОО Скопје

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе