Промовирани огласи »

Меѓународниот Славјански Универзитет е единствениот македонски универзитет на средбите на ММФ и Светска банка

МСУ во Бангкок: Вештачката интелигенција, економскиот раст и иднината на работните места во фокусот

Македонски универзитет на светската економска сцена: Славјански е единствен македонски универзитет на Годишните средби на ММФ и Светска банка во Бангкок

Меѓународниот Славјански Универзитет (МСУ) е единствениот македонски универзитет на листата на учесници на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата Светска банка, кои годинава се одржуваат во Бангкок, Тајланд од 12. до 18. октомври.

На овој престижен глобален настан, кој ги обединува водечките претставници на меѓународните финансиски институции, владите, бизнис-секторот и академската заедница, МСУ го претставуваат Михаела Ѓорчева, заменик-претседател на Управниот одбор, и Иван Спасев, член на Управниот одбор.

Претставниците на македонскиот универзитет веќе присуствуваа на неколку значајни сесии, меѓу кои и дискусии со претседателот на Групацијата Светска банка, Аџај Банга, како и на промоцијата на публикацијата „Shaping the Future of Asia“, отворена од генералната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева.

Меѓу темите што го привлекоа вниманието беше и вештачката интелигенција, со посебен акцент на нејзината улога во создавањето нови работни места, зголемувањето на продуктивноста и економскиот развој.

Присуството на МСУ на ваков меѓународен форум претставува можност македонското високо образование да биде дел од глобалните дискусии за иднината на економијата, технологијата и општеството.

Учеството овозможува директен пристап до најновите глобални сознанија, размена на искуства и воспоставување контакти со претставници на институциите што ги обликуваат меѓународните развојни политики.

Годишните средби се еден од најзначајните глобални економски настани, кој на едно место ги обединува министрите за финансии, гувернерите на централните банки, претставниците на меѓународните финансиски институции, светските бизнис-лидери и академската заедница.

Токму на овие средби се дискутира за најголемите предизвици на светската економија, финансиската стабилност, инвестициите, економскиот раст, новите технологии и намалувањето на сиромаштијата. Дискусиите и заклучоците придонесуваат за обликување на меѓународните економски политики и развојните приоритети во наредните години.

Тагови: Меѓународниот Славјански Универзитет

Промовирани огласи »

Најди работа во Скопје!

Најновите огласи за работа во Скопје!

Скопје како главен град и економски центар на Македонија нуди широк спектар на можности за вработување во разни индустрии и сектори. Во последно време, пазарот на трудот во Скопје забележува зголемена побарувачка за професионалци од различни области, од технологија и маркетинг до угостителство и администрација. 

Еве некои од најновите и најпопуларни огласи за работа во градот:

Магационери / дистрибутери - Скопје
Шалтерски работник во менувачница
Електроинженер – дизајн на системи / Координација на производствениот процес
Келнер/ка
Шанкер/ка

Останатите оглси за во Скопје можете да ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Нови кариерни можности во Охрид!

Промовирани огласи »

Како да ги документирате трошоците за службено патување со сопствено возило

За надоместот да биде признат, мора да постои одлука за користење на сопствено возило со наведени податоци за возилото и корисникот

Право на надомест и оданочување

Вработените кои на службено патување користат сопствено возило имаат право на надомест од 30% од цената на литар гориво по изминат километар, согласно член 113 од Законот за работни односи и член 35 од Општиот колективен договор. Исплатениот надомест над 3.500 денари месечно се оданочува со персонален данок, а 70% од исплатениот износ подлежи на оданочување со данок на добивка.

Документација за исплата

За надоместот да биде признат, мора да постои одлука за користење на сопствено возило со наведени податоци за возилото и корисникот, патен налог, приложени патарини, документи за сместување и ноќевање, како и доказ за пристигнување на дестинацијата (на пр. фискална сметка од купен предмет).

Посебни случаи

Сите правила важат за вработени во фирмата. Ако службеното патување го врши лице кое не е вработено, целосниот износ на направените трошоци се оданочува со персонален данок и данок на добивка. Сите трошоци мора да бидат директно поврзани со дејноста на фирмата за да бидат признати.

Тагови: документи трошоци службено патување автомобил

Промовирани огласи »

Од 15 ноември 2026 задолжителна зимска опрема во возилата, казна 45 евра за прекршителите

Возачите од 15 ноември 2026 ќе мора да имаат пропишана зимска опрема во возилата. За непочитување следува казна од 45 евра и 25 негативни бодови.

Од 15 ноември 2026 година стапува во сила обврската за задолжително поседување пропишана зимска опрема во моторните возила и мобилните машини. Според Законот за безбедност на патниот сообраќај, секој возач што нема да ги почитува правилата за користење и носење зимска опрема ќе добие платен налог со глоба од 45 евра во денарска противредност, а ќе му бидат евидентирани и 25 негативни бодови.

За возилата со најголема дозволена маса до 3.500 килограми, задолжителни се зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 4 мм, или летни гуми со иста минимална длабочина ако возилото има синџири за снег соодветни на погонските тркала. За возилата со погон на сите тркала (4х4), потребни се зимски пневматици со минимална длабочина од 6 мм, односно летни гуми од 4 мм ако се обезбедени синџири за снег за задната осовина или за погонските тркала, зависно од типот на погонот.

Возилата потешки од 3.500 килограми треба да имаат зимски гуми на сите тркала со најмалку 6 мм длабочина на шарата, или летни гуми со минимум 4 мм доколку поседуваат соодветни синџири за снег. За автобусите и товарните возила што не можат да постават синџири на тркалата, задолжителни се зимски гуми на погонските тркала, како и прирачен алат. Надлежните апелираат возачите навреме да ја проверат опремата и да ги усогласат возилата со законските правила пред почетокот на зимската сезона.

Тагови: зимска опрема казна Министерство за внатрешни работи (МВР)

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »