Промовирани огласи »

Од 15 ноември 2026 задолжителна зимска опрема во возилата, казна 45 евра за прекршителите

Возачите од 15 ноември 2026 ќе мора да имаат пропишана зимска опрема во возилата. За непочитување следува казна од 45 евра и 25 негативни бодови.

Од 15 ноември 2026 година стапува во сила обврската за задолжително поседување пропишана зимска опрема во моторните возила и мобилните машини. Според Законот за безбедност на патниот сообраќај, секој возач што нема да ги почитува правилата за користење и носење зимска опрема ќе добие платен налог со глоба од 45 евра во денарска противредност, а ќе му бидат евидентирани и 25 негативни бодови.

За возилата со најголема дозволена маса до 3.500 килограми, задолжителни се зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 4 мм, или летни гуми со иста минимална длабочина ако возилото има синџири за снег соодветни на погонските тркала. За возилата со погон на сите тркала (4х4), потребни се зимски пневматици со минимална длабочина од 6 мм, односно летни гуми од 4 мм ако се обезбедени синџири за снег за задната осовина или за погонските тркала, зависно од типот на погонот.

Возилата потешки од 3.500 килограми треба да имаат зимски гуми на сите тркала со најмалку 6 мм длабочина на шарата, или летни гуми со минимум 4 мм доколку поседуваат соодветни синџири за снег. За автобусите и товарните возила што не можат да постават синџири на тркалата, задолжителни се зимски гуми на погонските тркала, како и прирачен алат. Надлежните апелираат возачите навреме да ја проверат опремата и да ги усогласат возилата со законските правила пред почетокот на зимската сезона.

Тагови: зимска опрема казна Министерство за внатрешни работи (МВР)

Промовирани огласи »

Времето ќе биде претежно облачно и посвежо, со повремени локални врнежи од дожд низ земјава. Поинтензивни врнежи се очекуваат во југоисточните предели, додека на повисоките планини, поради навлегувањето на постудена воздушна маса од север, дождот повремено ќе преминува во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој особено ќе се чувствува дожд на Повардарието.

Во Скопје се очекува облачно и студено време, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер, кој повремено ќе засилува во одделни делови од котлината.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

13.10.2026 Вторник   10° / 13° 08:43   20:00
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h













12°
13°
12°
12°
11°
11°
11°
10°
10°
10°
10°

4

4

4

4

3

4

4

3

3

4

4
14.10.2026 Среда   9° / 16° 08:44   19:59
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
10°
10°
10°
10°
10°
10°
10°
10°
9°
10°
11°
12°
12°
13°
14°
15°
16°
16°
15°
13°
12°
11°
10°
9°

5

5

5

5

5

5

5

5

5

5

5

5

5

6

6

5

5

5

4

3

3

3

3

3
15.10.2026 Четврток   4° / 17° 08:46   19:57
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
7°
6°
5°
5°
4°
4°
4°
4°
4°
7°
11°
13°
15°
16°
17°
17°
17°
17°
16°
14°
13°
12°
11°
11°

3

3

3

3

3

3

3

3

3

3

2

3

4

5

5

4

4

4

3

2

2

2

3

3

Промовирани огласи »

Турција забранува социјални мрежи за деца под 15 години од 1 ноември 2026

Нови строги правила во Турција: задолжителна проверка на возраста, приватни профили за тинејџери и поголема родителска контрола на социјалните мрежи.

Турција од 1 ноември 2026 година воведува забрана за отворање и користење профили на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, согласно нова регулатива објавена во Службен весник. Сите платформи достапни во земјата, без разлика дали се домашни или странски, ќе мора задолжително да ја проверуваат возраста на корисниците преку државниот портал e-Devlet, со цел да се зголеми безбедноста на децата и да се намали изложеноста на штетни содржини.

За младите на возраст од 15 до 17 години, користењето на социјалните мрежи ќе остане дозволено, но под значително построги услови. Нивните профили ќе мора да бидат приватни, нема да можат да емитуваат во живо, а пораки ќе можат да примаат само од профили што самите ги следат. Дополнително, платформите ќе треба да ограничат функции што поттикнуваат прекумерно користење, како бескрајното скролање, како и да воведат построги филтри за штетни содржини и ограничувања за персонализирани реклами.

Новите мерки ќе важат и за веќе постојните профили, а платформите имаат рок до 31 март 2027 година да ја завршат проверката. Доколку се утврди дека профил припаѓа на дете под 15 години, тој ќе биде затворен по претходно известување. Регулативата предвидува и поголема родителска контрола, вклучително ограничување на времето поминато на платформите и одобрување купувања, како и право на бесплатен приговор на турски јазик доколку корисник смета дека возраста му е погрешно утврдена.

Тагови: забрана на социјалните мрежи Турција

Промовирани огласи »

Огласи за работа во државна администрација!

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Моментално отворени позиции:

Благајник II, Виш референт благајник, Одделение за финансии и сметководство, Административна служба

Советник за општи и нормативно правни работи - Секретар, Одделение за нормативно - правни работи, човечки ресурси и општи работи, Административна служба

Соработник за подготовка на материјали и документи при буџетска координација, Одделение за буџетска координација, Сектор за финансиски прашања

Помлад соработник за административно - оперативна и техничка поддршка и изработка на решенија за спроведени инспекциски надзори од областа на работните односи - Куманово, Одделение за инспекциски надзор во областа на работните односи - Регион II, Сектор за инспекциски надзор во областа на работните односи, Државен инспекторат за труд

Помлад соработник - Административно - оперативна и техничка поддршка и изработка на решенија за спроведени инспекциски надзори од областа на работните односи - Струга, Одделение за инспекциски надзор во областа на работните односи - Регион VIII, Сектор за инспекциски надзор во областа на работните односи, Државен инспекторат за труд

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: државна администрација

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »