Промовирани огласи »

Најди работа во Скопје!

Најновите огласи за работа во Скопје!

Скопје како главен град и економски центар на Македонија нуди широк спектар на можности за вработување во разни индустрии и сектори. Во последно време, пазарот на трудот во Скопје забележува зголемена побарувачка за професионалци од различни области, од технологија и маркетинг до угостителство и администрација. 

Еве некои од најновите и најпопуларни огласи за работа во градот:

Магационери / дистрибутери - Скопје
Шалтерски работник во менувачница
Електроинженер – дизајн на системи / Координација на производствениот процес
Келнер/ка
Шанкер/ка

Останатите оглси за во Скопје можете да ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Нови кариерни можности во Охрид!

Промовирани огласи »

Како да ги документирате трошоците за службено патување со сопствено возило

За надоместот да биде признат, мора да постои одлука за користење на сопствено возило со наведени податоци за возилото и корисникот

Право на надомест и оданочување

Вработените кои на службено патување користат сопствено возило имаат право на надомест од 30% од цената на литар гориво по изминат километар, согласно член 113 од Законот за работни односи и член 35 од Општиот колективен договор. Исплатениот надомест над 3.500 денари месечно се оданочува со персонален данок, а 70% од исплатениот износ подлежи на оданочување со данок на добивка.

Документација за исплата

За надоместот да биде признат, мора да постои одлука за користење на сопствено возило со наведени податоци за возилото и корисникот, патен налог, приложени патарини, документи за сместување и ноќевање, како и доказ за пристигнување на дестинацијата (на пр. фискална сметка од купен предмет).

Посебни случаи

Сите правила важат за вработени во фирмата. Ако службеното патување го врши лице кое не е вработено, целосниот износ на направените трошоци се оданочува со персонален данок и данок на добивка. Сите трошоци мора да бидат директно поврзани со дејноста на фирмата за да бидат признати.

Тагови: документи трошоци службено патување автомобил

Промовирани огласи »

Од 15 ноември 2026 задолжителна зимска опрема во возилата, казна 45 евра за прекршителите

Возачите од 15 ноември 2026 ќе мора да имаат пропишана зимска опрема во возилата. За непочитување следува казна од 45 евра и 25 негативни бодови.

Од 15 ноември 2026 година стапува во сила обврската за задолжително поседување пропишана зимска опрема во моторните возила и мобилните машини. Според Законот за безбедност на патниот сообраќај, секој возач што нема да ги почитува правилата за користење и носење зимска опрема ќе добие платен налог со глоба од 45 евра во денарска противредност, а ќе му бидат евидентирани и 25 негативни бодови.

За возилата со најголема дозволена маса до 3.500 килограми, задолжителни се зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 4 мм, или летни гуми со иста минимална длабочина ако возилото има синџири за снег соодветни на погонските тркала. За возилата со погон на сите тркала (4х4), потребни се зимски пневматици со минимална длабочина од 6 мм, односно летни гуми од 4 мм ако се обезбедени синџири за снег за задната осовина или за погонските тркала, зависно од типот на погонот.

Возилата потешки од 3.500 килограми треба да имаат зимски гуми на сите тркала со најмалку 6 мм длабочина на шарата, или летни гуми со минимум 4 мм доколку поседуваат соодветни синџири за снег. За автобусите и товарните возила што не можат да постават синџири на тркалата, задолжителни се зимски гуми на погонските тркала, како и прирачен алат. Надлежните апелираат возачите навреме да ја проверат опремата и да ги усогласат возилата со законските правила пред почетокот на зимската сезона.

Тагови: зимска опрема казна Министерство за внатрешни работи (МВР)

Промовирани огласи »

Времето ќе биде претежно облачно и посвежо, со повремени локални врнежи од дожд низ земјава. Поинтензивни врнежи се очекуваат во југоисточните предели, додека на повисоките планини, поради навлегувањето на постудена воздушна маса од север, дождот повремено ќе преминува во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој особено ќе се чувствува дожд на Повардарието.

Во Скопје се очекува облачно и студено време, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер, кој повремено ќе засилува во одделни делови од котлината.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

13.10.2026 Вторник   10° / 12° 08:43   20:00
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h















12°
12°
11°
11°
11°
10°
10°
10°
10°

4

4

3

4

4

3

3

4

4
14.10.2026 Среда   9° / 16° 08:44   19:59
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
10°
10°
10°
10°
10°
10°
10°
10°
9°
10°
11°
12°
12°
13°
14°
15°
16°
16°
15°
13°
12°
11°
10°
9°

5

5

5

5

5

5

5

5

5

5

5

5

5

6

6

5

5

5

4

3

3

3

3

3
15.10.2026 Четврток   4° / 17° 08:46   19:57
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
7°
6°
5°
5°
4°
4°
4°
4°
4°
7°
11°
13°
15°
16°
17°
17°
17°
17°
16°
14°
13°
12°
11°
11°

3

3

3

3

3

3

3

3

3

3

2

3

4

5

5

4

4

4

3

2

2

2

3

3
Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »