ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ:
- Претходно работно искуство во производствена дејност ќе се смета за предност;
- Способност за работа на различни производствени линии и работни процеси, вклучувајќи монтажа, точкасто заварување, полнење, виткање, премачкување, работа со печки, намотување жица, обработка на цевки, калибрација, PTFE обработка, CNC поддршка и работа на преси;
- Завршено најмалку средно образование, со предност за кандидати со завршено средно стручно образование;
- Подготвеност за работа во три смени;
- Одговорност, дисциплинираност и внимателност во извршувањето на работните задачи;
- Почитување на правилата и процедурите за безбедност и здравје при работа;
- Способност за тимска работа;
- Подготвеност за учење и професионално усовршување;
- Добри комуникациски вештини и ориентираност кон решавање проблеми;
- Кандидатите треба да имаат живеалиште во Северна Македонија или да бидат подготвени да се преселат и да живеат во Северна Македонија.
РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
- Извршување на работните задачи на доделената производствена линија согласно производствениот план;
- Извршување на производствените процеси во согласност со утврдените стандарди за квалитет;
- Правилно ракување со машините и производствената опрема;
- Одржување на редот и чистотата на работното место;
- Почитување на сите правила и процедури за безбедност и здравје при работа;
- Активно придонесување кон остварување на поставените производствени цели;
- Навремено и целосно извршување на работните задачи и насоките добиени од претпоставените.
Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу.