Промовирани огласи »

Најди работа во Куманово!

Најнови огласи за работа во Куманово!

Куманово, како еден од поголемите градови во Македонија, нуди голем број можности за работа во различни индустрии. Без разлика дали сте млад професионалец, квалификуван работник, или студент кој бара прво работно искуство, пазарот на труд во Куманово нуди разновидни опции за сите профили на кандидати.

Моментално се отворени следниве работни позиции:

Козметичар/ка терапевт ласерска епилација - Куманово
Промотерки за кариерен ден - Куманово
Продавачи во салон за расвета - Куманово
Truck Driver Recruiter
Магацински работници - подготвувачи на роба - Куманово

Се уште невработени?! Сите останати работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Нови отворени позиции во Охрид!

Промовирани огласи »

ЕУ сè уште го менува часовникот и покрај барањата на милиони граѓани

Иако 84% од учесниците во консултацијата на ЕУ побараа крај на сезонското поместување на часовникот, земјите членки сè уште не можат да се договорат кое време да остане трајно.

​Двапати годишно милиони Европејци ги поместуваат стрелките на часовникот, иако многу земји во светот одамна се откажаа од оваа практика. Исланд, Турција, Русија, Белорусија, Ерменија и Грузија веќе не преминуваат од летно на зимско сметање на времето, додека Европската Унија, и покрај силната јавна поддршка, сè уште не успеа да стави крај на сезонските промени.

Во 2018 година, Европската комисија организираше јавна консултација во која учествуваа околу 4,6 милиони граѓани, а дури 84% од нив се изјаснија за укинување на менувањето на часовникот. По ова, беше предложено земјите членки да изберат дали трајно ќе останат на летно или на зимско време. Но токму овој избор стана главна пречка, бидејќи не беше постигнат заеднички договор ниту за моделот, ниту за координацијата меѓу соседните држави.

Во меѓувреме, голем дел од светот веќе функционира без сезонско поместување на времето, вклучително и бројни земји во Азија, Блискиот Исток и Јужна Америка. Причините се поедноставување на секојдневниот живот, избегнување проблеми во транспортот, бизнисот и компјутерските системи, како и малата практична корист во одредени региони. Европа, сепак, останува заглавена во дебатата, па последното поместување на стрелките засега не е ни блиску да биде навистина последно.

Тагови: ЕУ зимско сметање на времето

Промовирани огласи »

Зошто ни се врти во глава кога стануваме нагло?

Еве што може да биде причината

Сигурно ви се случило седите или лежите подолго време, станувате нагло и одеднаш чувствувате вртоглавица, слабост или краткотрајно заматување на видот. Најчесто трае само неколку секунди, но зошто се случува тоа?

Една од најчестите причини е наглиот пад на крвниот притисок при станување, познат како ортостатска хипотензија. Кога сме во лежечка или седечка положба, крвта е распределена поинаку во телото. Кога ќе станеме нагло, гравитацијата предизвикува дел од крвта привремено да се задржи во нозете, па за момент до мозокот може да стигне помалку крв.

Телото вообичаено брзо реагира  срцето го забрзува ритамот, а крвните садови се стегаат за да го одржат крвниот притисок. Доколку оваа реакција не е доволно брза, може да почувствуваме вртоглавица, нестабилност, заматен вид или слабост.

Кога почесто се случува?

Ваквото чувство може да се појави почесто ако не сме внеле доволно течности, сме се испотиле, сме биле долго време во иста положба или сме станале многу брзо. Може да биде почесто и при земање одредени лекови или кај луѓе со состојби што влијаат врз крвниот притисок и циркулацијата.

Дали треба да нè загрижува?

Краткотрајната вртоглавица при нагло станување често не е причина за загриженост, особено ако се случува ретко и брзо поминува. Сепак, ако често се повторува, трае подолго, доведува до паѓање или несвестица, или е придружена со други симптоми, добро е да се разговара со лекар за да се утврди причината.

Како да го намалиме чувството на вртоглавица?

Едноставна навика може да помогне: наместо веднаш да станете, прво седнете неколку секунди, особено ако сте лежеле подолго време, а потоа полека исправете се. Исто така, важно е да внесувате доволно течности и да не ги игнорирате симптомите доколку се појавуваат често.

Најважно е да не го занемаруваме телото повремената кратка вртоглавица може да биде безопасна, но честото повторување е сигнал дека треба да се провери причината.

Тагови: здрава храна здравје крвен притисок

Промовирани огласи »

Во Јужна Кореја сè поголемо внимание привлекуваат таканаречените „допамински сајтови“ виртуелни продавници кои изгледаат и функционираат речиси исто како вистинските онлајн-продавници, но имаат една голема разлика: на крајот нема вистинска наплата, ниту пак производот пристигнува на домашна адреса.

Корисниците можат да разгледуваат производи, да користат филтри, да читаат рецензии, да додаваат работи во кошничка и да поминат низ речиси целиот процес на нарачување. Дури и испораката е симулирана, со можност за следење на „пратката“ во реално време.

Иако на прв поглед звучи како обична дигитална игра, идејата зад овој тренд е многу посериозна. За дел од младите, виртуелното купување претставува начин да го добијат чувството на возбуда и задоволство што го носи шопингот, без притоа да направат трошок.

Зад оваа необична форма на онлајн шопинг стои едноставна идеја да се задржи возбудата од разгледувањето и „купувањето“, но без реалниот трошок. Корисникот може да помине низ целиот процес, од изборот на производ до виртуелното плаќање, и на тој начин да го почувствува задоволството што обично го носи купувањето.

Интересот за ваквите платформи расте во период кога вниманието кон личните финансии и секојдневните трошоци е сè поголемо. Наместо вистински производ, корисниците добиваат кратко дигитално искуство кое им овозможува да „пазаруваат“ без да ја отвораат паричникот.

Но, токму тука се отвора и една интересна дилема. Ако уживањето во купувањето може да се добие и без вистинска нарачка, дали иднината на шопингот можеби ќе биде повеќе поврзана со самото искуство отколку со производите што ги купуваме?

Тагови: онлајн купување продавници Јужна Кореја шопинг

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »