Промовирани огласи »

Подгответе се за промена на времето

Попладнето носи промена

Денес времето ќе биде претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во ноќните часови. На места се очекуваат пообилни врнежи, со над 30 литри дожд на квадратен метар. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец.

Во Скопје ќе преовладува облачно и постудено време. Во попладневните часови и во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи од дожд, а во одредени делови од котлината тие ќе бидат умерени, повремено и засилени. Ветерот ќе биде слаб до умерен и ќе дува од променлив правец.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

26.9.2026 Сабота   12° / 19° 08:26   20:28
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h





12°
12°
12°
12°
12°
13°
15°
16°
18°
19°
19°
19°
19°
19°
17°
16°
15°
13°
12°

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

3

3

3

3

3

3

3
27.9.2026 Недела   9° / 22° 08:27   20:26
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
12°
11°
11°
10°
10°
10°
9°
9°
10°
13°
15°
17°
19°
21°
22°
22°
22°
22°
21°
20°
18°
16°
15°
13°

3

3

3

3

3

3

2

3

3

3

2

3

3

2

3

3

3

3

3

2

2

2

2

2
28.9.2026 Понеделник   9° / 23° 08:28   20:25
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
12°
11°
11°
11°
10°
10°
10°
9°
10°
13°
16°
18°
20°
21°
22°
22°
23°
22°
22°
20°
18°
16°
16°
16°

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

3

3

4

4

3

2

2

2

2

Промовирани огласи »

Пензиите од септември повисоки за 3 отсто: Се враќа законското процентуално усогласување

Од септември пензионерите ќе добиваат 3 отсто повисоки пензии. Еве колку ќе изнесуваат новите суми и што значи враќањето на процентуалниот модел.

Пензиите од септември ќе се зголемат за 3 отсто, потврди директорот на ПИОМ, Никола Мемов, со што по две години линеарни покачувања повторно се враќа процентуалното усогласување предвидено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Усогласувањето се пресметува според законска формула: 50 отсто од растот на трошоците на живот и 50 отсто од растот на просечно исплатената плата, а се врши двапати годишно.

Според пресметките, просечната пензија од 28.050 денари ќе се зголеми за околу 841 денар и ќе достигне приближно 28.891 денар. Просечната старосна пензија од 29.609 денари ќе порасне за околу 888 денари, на околу 30.497 денари. Пензионер што сега прима 20.228 денари ќе добие околу 606 денари повеќе, додека кај пензија од 94.332 денари зголемувањето ќе изнесува околу 2.830 денари, што ја покажува разликата меѓу процентуалниот и линеарниот модел.

Според податоците на ПИОМ, во август пензија примиле 349.334 корисници. Во изминатите две години пензиите беа покачувани четири пати со фиксен износ, при што вкупното линеарно зголемување достигна 7.000 денари месечно. Иако дел од пензионерите со пониски примања бараа продолжување на тој модел, со враќањето на законското усогласување секое идно покачување повторно ќе зависи од висината на пензијата и од економските параметри утврдени со закон.

Тагови: зголемување на пензиите ПИОМ

Промовирани огласи »

Нова соработка за повеќе можности за младите: KARIERA.mk и Бизнис Академија Смилевски

Нови можности за знаење, развој и кариера: ново партнерство на KARIERA.mk

Денес направивме уште еден чекор кон создавање повеќе можности за учење, развој и градење успешна професионална иднина.

Со особено задоволство споделуваме дека KARIERA.mk потпиша Меморандум за соработка со Бизнис Академија Смилевски, со кој започнуваме партнерство насочено кон поврзување на образованието со реалните потреби на пазарот на трудот.

Преку оваа соработка ќе работиме на создавање нови можности за студентите и младите професионалци, преку кариерни активности, практични знаења, работилници, презентации, можности за поврзување со компании и активности кои ќе им помогнат полесно да го направат следниот чекор во својата кариера.

Посебен фокус ќе ставиме на развојот на вештините, професионалната ориентација и полесното поврзување на младите со компании и работодавачи кои бараат нови таленти.

Веруваме дека кога образованието, практичното искуство и можностите за развој се поврзани, младите добиваат подобра основа за своите идни професионални чекори.

Токму затоа ни е особено драго што преку ова партнерство со Бизнис Академија Смилевски ќе придонесеме кон создавање уште повеќе можности младите да ги препознаат своите потенцијали, да ги развиваат своите вештини и посигурно да го градат својот професионален пат.

Ова е почеток на нова соработка, а пред нас се бројни заеднички активности и можности.

KARIERA.mk продолжува да гради мостови меѓу младите, образованието и бизнис-секторот, создавајќи простор каде знаењето може да се претвори во вистинска професионална можност.

Тагови: креативност пазарот на труд потпишување меморандум Бизнис Академија Смилевски

Промовирани огласи »

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Моментално отворени позиции:

Помлад инспектор Битола со градовите: Прилеп, Ресен, Крушево и Демир Хисар, Одделение за инспекциски надзор Битола со градовите: Прилеп, Ресен, Крушево и Демир Хисар, Сектор за инспекциски надзор и други работи, Државен пазарен инспекторат

Помлад инспектор за лифтови, жичари, дигалки и транспортери, Одделение за инспекциски надзор на лифтови, жичари, дигалки и транспортери, Сектор за инспекциски надзор и други работи, Државен пазарен инспекторат

Советник инспектор - Советник за инспекциски надзор за лифтови, жичари, дигалки и транспортери - Инспектор, Одделение за инспекциски надзор на лифтови, жичари, дигалки и транспортери, Сектор за инспекциски надзор и други работи, Државен пазарен инспекторат

Помлад инспектор - Штип со градовите: Кочани, Делчево, Берово, Виница, Свети Николе и Пробиштип, Одделение за инспекциски надзор Штип со градовите: Кочани, Делчево, Берово, Виница, Свети Николе и Пробиштип, Сектор за инспекциски надзор и други работи, Државен пазарен инспекторат

Советник инспектор - Советник за инспекциски надзор - Штип со градовите: Кочани, Делчево, Берово, Виница, Свети Николе и Пробиштип - Инспектор, Одделение за инспекциски надзор Штип со градовите: Кочани, Делчево, Берово, Виница, Свети Николе и Пробиштип, Сектор за инспекциски надзор и други работи, Државен пазарен инспекторат

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: државна администрација

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »