Друштво за контролинг, финансии и консалтинг КФК, со фокус на даночно советување, менаџирање на финансии и сметководството, ја огласува следната работна позиција:
ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
ОПИС НА РАБОТНАТА ПОЗИЦИЈА:
- Обработка на сметководствени документи, подготовка и водење на трговски/деловни книги;
- Обработка на влезно-излезна финансиска документација по класи и конта, согласно законските прописи;
- Книжење на финансиска документација во сметководствен систем;
- Учество при изготвување извештаи за државни институции (УЈП, ЦРМ, ДЗС, НБРМ и сл.);
- Усогласување на книговодствената документација со фактичката состојба;
- Соработка и комуникација со клиенти на дневна основа;
- Следење и примена на важечките закони, даночни прописи и сметководствени стандарди (МСФИ/МСС), како и интерни процедури;
- Изготвување на завршни сметки.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Завршено високо образование;
- Најмалку 5 години работно искуство на иста или слична работна позиција;
- Лиценца за овластен сметководител;
- Одлично познавање на Microsoft Office и Excel;
- Одлични комуникациски и организациски вештини;
- Одговорност и доверливост;
- Тимски играч.
Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу или на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.