Денес направивме уште еден чекор кон создавање повеќе можности за учење, развој и градење успешна професионална иднина.
Со особено задоволство споделуваме дека KARIERA.mk потпиша Меморандум за соработка со Бизнис Академија Смилевски, со кој започнуваме партнерство насочено кон поврзување на образованието со реалните потреби на пазарот на трудот.

Преку оваа соработка ќе работиме на создавање нови можности за студентите и младите професионалци, преку кариерни активности, практични знаења, работилници, презентации, можности за поврзување со компании и активности кои ќе им помогнат полесно да го направат следниот чекор во својата кариера.
Посебен фокус ќе ставиме на развојот на вештините, професионалната ориентација и полесното поврзување на младите со компании и работодавачи кои бараат нови таленти.
Веруваме дека кога образованието, практичното искуство и можностите за развој се поврзани, младите добиваат подобра основа за своите идни професионални чекори.
Токму затоа ни е особено драго што преку ова партнерство со Бизнис Академија Смилевски ќе придонесеме кон создавање уште повеќе можности младите да ги препознаат своите потенцијали, да ги развиваат своите вештини и посигурно да го градат својот професионален пат.
Ова е почеток на нова соработка, а пред нас се бројни заеднички активности и можности.

KARIERA.mk продолжува да гради мостови меѓу младите, образованието и бизнис-секторот, создавајќи простор каде знаењето може да се претвори во вистинска професионална можност.
Тагови: креативност пазарот на труд потпишување меморандум Бизнис Академија Смилевски