Промовирани огласи »

Lidl и Einride пуштија автономен електричен камион на јавни патишта во Германија

Без возач, без кабина и без безбедносен оператор – Lidl и Einride започнаа редовна логистичка употреба на автономен камион на јавни патишта во Германија.

Lidl и шведската технолошка компанија Einride започнаа редовна употреба на автономен електричен камион на јавни патишта во Германија, што претставува значаен чекор во модернизацијата на логистиката. Возилото, кое работи на четврто ниво на автономија, превезува стока од дистрибутивниот центар на Lidl во Едерминде до блиска продавница, без возач, без класична кабина и без безбедносен оператор.

Камионот се движи со официјална дозвола од германската Сојузна управа за моторен транспорт (KBA), а според компаниите, ова е прво вакво одобрение во земјата. Возилото има капацитет за 15 европалети и може да ја помине зададената рута до трипати дневно. Во рамки на четиримесечниот проект, се очекува да превезе повеќе од 3.000 палети и целосно да ја преземе испораката на суви производи на оваа релација.

Иако станува збор за реална секојдневна испорака, автономниот камион се движи во строго дефиниран оперативен простор, што значи дека не е наменет за сите патишта и услови. Ако тест-фазата се покаже успешна, Lidl и Einride планираат проширување на системот со повеќе попатни станици. Технологијата се гледа како можен одговор на недостигот од професионални возачи, растечките трошоци и потребата од поефикасна логистика, но нејзиното пошироко воведување ќе зависи од безбедноста, регулативата и резултатите од проектот.

Тагови: Германија Lidl електричен камион

Промовирани огласи »

Најнови огласи за работа во Лидл!

Нови кариерни можности во Лидл!

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи. Веќе повеќе од четириесет години, уникатниот пристап на Лидл ги менувa и подобрувa заедниците во 30 земји, каде што Лидл се прошири и оперативно работи со околу 12.200 продавници и вработува повеќе од 376.000 луѓе.

Моментално се отворени следниве позиции:

Асистент на продажба - Струга
Асистент на продажба - Куманово
Асистент на продажба - Тетово
Асистент на продажба - Кичево
Асистент на продажба - Скопје
Асистент на продажба - Битола
Асистент на продажба - Кавадарци
Асистент на продажба - Струмица
Асистент на продажба - Гевгелија
Магацински работник и администратор во логистички дистрибутивен центар Куманово

Доколку сакате да бидете дел од успешниот тим на Лидл, не се двоумете и аплицирајте веднаш!

Се уште сте во потрага по ново работно место? Сите останати огласи можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: Лидл Северна Македонија дооел

Промовирани огласи »

KARIERA.mk и Меѓународен Славјански Универзитет потпишаа Меморандум за соработка

Нови можности за студентите: KARIERA.mk со ново партнерство

Со задоволство споделуваме дека KARIERA.mk потпиша Меморандум за соработка со Меѓународен Славјански Универзитет, со цел заеднички да придонесеме кон поголема вработливост и професионален развој на студентите.

Преку оваа соработка, ќе работиме на создавање нови можности за вработување, пракса и професионален развој, како и на поврзување на студентите со компании кои имаат потреба од нови кадри.

Партнерството предвидува реализација на кариерни денови, работилници, презентации и активности за подготовка на студентите за интервјуа и процеси на селекција, како и други заеднички иницијативи насочени кон нивниот кариерен развој.

Особено ни е драго што преку ова партнерство дополнително ја поврзуваме академската заедница со пазарот на трудот и создаваме конкретни можности за младите уште пред да го направат својот прв професионален чекор.

Продолжуваме да градиме партнерства кои отвораат нови можности за кариера.

Тагови: креативност пазарот на труд потпишување меморандум Меѓународен Славјански Универзитет

Промовирани огласи »

Како да се справите со пасивно - агресивни колеги

Сарказам, игнорирање и „случајно“ доцнење? Можеби имате пасивно - агресивен колега!

Понекогаш зборовите звучат сосема нормално, но тонот, однесувањето или постапките кажуваат нешто сосема друго.

Работата со пасивно-агресивен колега може да биде особено исцрпувачка затоа што проблемот често не е директно изразен. Наместо отворено да каже што му пречи, колегата може да избегнува разговор, да доцни со задачи, да користи сарказам или намерно да остава нејасни пораки.

Важно е да не се обидувате веднаш да го „дијагностицирате“ колегата. Фокусирајте се на конкретното однесување и неговото влијание врз работата.

Еве како можете професионално да реагирате.

1. Не возвраќајте со истото однесување

Кога некој е пасивно-агресивен, лесно е да паднете во истата замка. Сарказам за сарказам. Игнорирање за игнорирање. Кратки и ладни одговори за кратки и ладни одговори.

Но, тоа само го продлабочува проблемот. Наместо да ја зголемувате тензијата, останете смирени и професионални. Не мора да го копирате однесувањето на другиот за да се заштитите. Вашата цел е да го решите проблемот, а не да победите во пасивно-агресивна размена.

2. Фокусирајте се на конкретното однесување

Избегнувајте изјави како: „Ти си пасивно-агресивен/на.“ Таквата реченица лесно може да предизвика одбрана и расправија.

Наместо тоа, зборувајте за конкретната ситуација. На пример: „Забележав дека информацијата ми беше испратена дури по истекот на рокот. Следниот пат, ако има проблем со рокот, би сакал/а да ме информираш порано.“

На овој начин не го напаѓате карактерот на личноста, туку разговарате за однесување кое може да се промени.

3. Не погодувајте што мисли колегата прашајте

Пасивно-агресивната комуникација често остава простор за претпоставки. Колегата кажува „Во ред“, но изгледа незадоволно.

Наместо да поминете цел ден размислувајќи што значел неговиот коментар, поставете директно прашање: „Имам впечаток дека нешто не е во ред. Дали има нешто што треба да го разгледаме?“

Или: „Дали имаш некаква забелешка за начинот на кој ја организиравме задачата?“

Понекогаш директното и смирено прашање е доволно за да се отвори вистински разговор.

4. Поставете јасни граници

Ако колегата често користи сарказам, игнорира пораки или намерно го отежнува процесот на работа, важно е да поставите граница.

Можете да кажете: „Разбирам дека можеби не се согласуваш со одлуката, но би сакал/а тоа да го разговараме директно за да можеме да продолжиме со работата.“

Границата не треба да биде агресивна. Таа само покажува како очекувате да комуницирате и што нема да прифаќате како нормален начин на соработка.

5. Комуницирајте јасно и писмено кога е потребно

Ако имате работа која зависи од информација или задача од колегата, бидете конкретни.

Наместо: „Кога ќе можеш, прати ми го тоа.“

Подобро: „Те молам испрати ми ја финалната верзија до 15:00 часот за да можам да го завршам извештајот.“

Јасните рокови и очекувања оставаат помалку простор за недоразбирања. Кога станува збор за важни задачи, корисно е договорите да останат и во писмена форма.

6. Не дозволувајте туѓото однесување да влијае врз вашата работа

Ако постојано се прашувате:

  • „Дали се налути?“
  • „Што сакаше да каже?“
  • „Дали намерно го направи тоа?“

Можете да потрошите огромна количина енергија на нешто што не можете целосно да го контролирате.

Фокусирајте се на она што можете да го контролирате: вашата комуникација, вашите граници и квалитетот на вашата работа.

Не мора да ја дешифрирате секоја промена во туѓото расположение.

7. Документирајте го проблемот ако влијае врз работата

Ако се повторуваат ситуации во кои колегата намерно го попречува процесот, не ги потпирајте се само на сеќавањето. Зачувајте релевантни мејлови, пораки и договори поврзани со задачите.

Не станува збор за создавање „досие“ против колегата, туку за тоа да имате точна слика за ситуацијата доколку проблемот стане сериозен и треба да го разговарате со менаџер.

8. Знајте кога да го вклучите менаџерот

Не секој непријатен коментар бара интервенција од менаџер. Но, ако однесувањето редовно влијае врз вашата работа, роковите, тимската комуникација или создава непријателска атмосфера, не мора сами да го решавате проблемот.

Кога разговарате со менаџерот, фокусирајте се на конкретни примери и влијанието врз работата, наместо на лични квалификации.

На пример: „Во последните неколку недели имавме повеќе ситуации во кои информациите ми беа доставени по договорениот рок. Тоа предизвика доцнење во мојот дел од проектот. Би сакал/а да најдеме начин комуникацијата и роковите да бидат појасни.“

Ова е многу покорисно од: „Колегата е невозможен човек.“

Што да не правите?

Кога работите со тежок колега, избегнувајте:

  • Озборување со останатите колеги;
  • Враќање со сарказам;
  • Јавна конфронтација;
  • Претпоставки за неговите намери;
  • Испраќање лути пораки;
  • Собирање „сојузници“ против колегата.

Колку и да е фрустрирачка ситуацијата, обидете се да останете на професионален терен.

Не можете да го контролирате туѓото однесување

Можеби колегата нема веднаш да го промени својот начин на комуникација. Но, можете да контролирате како вие ќе реагирате. Бидете директни без да бидете агресивни. Поставете граници. Комуницирајте јасно. Држете се до фактите и не дозволувајте туѓото однесување да ве вовлече во конфликт.

И најважно не секоја непријатна комуникација е пасивна агресија. Некој може да биде уморен, под стрес, интровертен или едноставно да има поинаков стил на комуникација. Затоа, пред да донесете заклучок, гледајте го однесувањето во контекст и фокусирајте се на тоа дали реално влијае врз работата. Професионалноста не значи дека мора да се согласувате со сите. Значи дека знаете како да комуницирате и кога не се согласувате.

Прочитајте и за: Како професионално да признаете дека сте направиле грешка

Тагови: совети за работа

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »