Промовирани огласи »

Најновите огласи за работа во Тетово!

Огласи за работа во Тетово!

Барате работа во Тетово? Проверете ги најновите огласи за вработување и најдете ја идеалната можност за вашиот кариерен напредок! Без разлика дали сте искусен професионалец или почетник кој бара прва работа, тука ќе најдете огласи што одговараат на вашите потреби и квалификации.

Придружете се на успешни компании и започнете ново поглавје во вашата кариера. Не чекајте! Аплицирајте веднаш и осигурете си посветла иднина.

Оператор на CNC - машина
Асистент на продажба - Тетово
Оператор во прашкасто бојадисување
Оператор со робот за заварување - Тетово
Референт за продажба во Тетово
Оператор на производна машина
Sales Representative in Tetovo
Шивач/ка

Прочитајте и за: Најнови огласи за работа во Куманово!

Се уште сте во потрага по идеалното работно место?! Проверете ги сите останати огласи и аплицирајте ТУКА.

Промовирани огласи »

Што значи неплатен одмор и кој има право на истиот?

Детали за мирување на работниот однос во подолг период

Понекогаш работните обврски мора да направат пауза поради лични околности, семејни обврски, стручно усовршување или други причини. Во такви ситуации, работникот може да побара неплатено отсуство од работа, но важно е да знае дека постојат правила и ограничувања.

Според Законот за работните односи, работникот може да отсуствува од работа без надомест на плата и придонеси, во случаите и под условите утврдени со колективен договор. Неплатеното отсуство може да трае најдолго три месеци во текот на една календарска година.

Што значи тоа за работникот?

За време на неплатеното отсуство, не се исплаќа плата, ниту се плаќаат придонеси од плата, а правата и обврските од работниот однос мируваат. Тоа значи дека периодот не се третира како редовно присуство на работа.

Причините и условите за користење на неплатено отсуство можат подетално да бидат уредени со применливиот колективен договор. На пример, во одредени колективни договори како причини се наведуваат нега на член на семејството, изградба или поправка на дом, лекување на сопствен трошок, учество во културни или спортски настани, конгреси и конференции или стручно усовршување.

Дали работодавачот мора да го одобри?

Не секое барање за неплатено отсуство значи дека работникот може еднострано да престане да доаѓа на работа. Потребно е отсуството да биде одобрено согласно условите што важат за конкретниот работен однос, а работникот треба навреме да поднесе барање и да добие соодветна одлука.

Затоа, пред да го искористите ова право, проверете што предвидува колективниот договор што се применува кај вашиот работодавач и каква процедура е предвидена за поднесување на барањето.

Што е со работното место?

Неплатеното отсуство значи мирување на правата и обврските од работниот однос, а не автоматски престанок на работниот однос. Работникот треба да се врати на работа согласно одобрениот период на отсуство.

Тагови: неплатен одмор работнички права

Промовирани огласи »

Парадокс на пазарот на трудот: Над 88 илјади невработени, а компаниите не можат да најдат кадар

И покрај 88.541 активни баратели на работа, македонските компании пријавуваат над 10.100 слободни работни места и сериозен недостиг од работна сила.

Македонскиот пазар на труд се соочува со изразен парадокс: во јуни биле евидентирани 88.541 активни баратели на работа, што е за 2.425 повеќе од мај, додека дополнително има и 41.281 пасивни баратели. Сепак, и покрај високата бројка на невработени, компаниите алармираат на сериозен недостиг од работна сила и сè поголема тешкотија да најдат соодветен кадар.

Податоците покажуваат дека најголем дел од невработените имаат пониско образовно ниво. Дури 58 отсто од активните баратели се без образование или со основно образование, а уште 25 отсто имаат средно образование. Тоа значи дека околу 83 отсто од невработените имаат најмногу средно образование, што укажува на сериозно несовпаѓање меѓу квалификациите на лицата што бараат работа и потребите на работодавачите.

Во меѓувреме, речиси 62 отсто од работодавачите очекуваат нови вработувања, а во приватниот сектор годинава се планирани 14.498 нови работни места. Најголема побарувачка има во преработувачката индустрија, трговијата, градежништвото и угостителството, додека на национално ниво се отворени повеќе од 10.100 слободни позиции. Поради недостигот од домашна работна сила, државата ја зголеми квотата на 10.000 работни дозволи за странци, што дополнително потврдува дека клучниот проблем не е само невработеноста, туку и несоодветноста меѓу понудата и побарувачката на пазарот на труд.

Тагови: Агенција за вработување (АВРМ) невработеност

Промовирани огласи »

УНИБанка им посака среќен почеток на првачињата!

Првачињата добија посебно изненадување од УниБанка!

Некои денови едноставно не се пропуштаат, првиот училишен ден е еден од нив. Новото ранче, возбудата, првото ѕвонче, моменти што остануваат во сеќавање засекогаш.

Токму затоа, УНИБанка организираше посебно дружење за децата на своите вработени кои оваа година стануваат првачиња. Во весела атмосфера, со аниматор, игра и многу насмевки, секое дете доби можност да се претстави и да го покаже својот талент и она што го прави посебно. Првачињата одговараа и на едноставни, но многу симпатични прашања. Нивните одговори и изведбите предизвикаа многу насмевки и можете да ги погледнете на следниот ЛИНК.

Малите таленти добија големи аплаузи, а секое прваче доби и подарок од УНИБанка за среќен почеток на новата училишна авантура.

Во УНИБанка веруваме дека грижата за вработените значи да бидеме тука за нив и во моментите што им значат најмногу. Затоа, и оваа година, им овозможивме слободен ден на првиот училишен ден на сите вработени чии деца се првачиња, за да бидат покрај своите најмили кога започнува едно од најважните поглавја во нивниот живот.

Со оваа иницијатива продолжуваме да градиме средина во која се важни луѓето, семејството и моментите што навистина значат.

Среќно, првачиња!

Тагови: УНИ БАНКА АД

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »