Промовирани огласи »

Најнови огласи за работа во Куманово!

Најди работа во Куманово!

Куманово, како еден од поголемите градови во Македонија, нуди голем број можности за работа во различни индустрии. Без разлика дали сте млад професионалец, квалификуван работник, или студент кој бара прво работно искуство, пазарот на труд во Куманово нуди разновидни опции за сите профили на кандидати.

Моментално се отворени следниве работни позиции:

Оператор во производство - Куманово
Магацински работници - подготвувачи на роба - Куманово
Вилушкарист - Куманово
Fleet Maintenance Coordinator
Техничар за телекомуникациска мрежа - Куманово

Се уште невработени?! Сите останати работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Најди работа во Битола!

Промовирани огласи »

Западнонилската треска се шири во Грција: 232 случаи и 19 жртви

Бројот на заразени со западнонилска треска во Грција нагло расте, а најпогодено е поширокото подрачје на Атина. Здравствените власти апелираат на засилена заштита од комарци.

Грција бележи нагло зголемување на случаите на западнонилска треска, со вкупно 232 потврдени инфекции и 19 починати од почетокот на годината, соопшти Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ). Најголем број од заразените се регистрирани во поширокиот регион на Атина, што предизвикува дополнителна загриженост поради големиот број жители и туристи во ова подрачје.

Податоците покажуваат брзо ширење на болеста во краток рок: на крајот на јули биле евидентирани 42 случаи, а пред само една недела 157. Со најновиот биланс, бројот на заразени е повеќе од петпати поголем во споредба со крајот на јули, што укажува на засилена активност на вирусот во летниот период.

Епидемиолозите апелираат до граѓаните и посетителите редовно да користат заштита од комарци, особено во делови од денот кога тие се најактивни. Западнонилскиот вирус се пренесува преку убод од заразен комарец и најчесто поминува без симптоми или со благи тегоби, но кај повозрасни лица и кај хронично болни може да предизвика сериозни, па и животозагрозувачки компликации.

Тагови: болести Грција комарци Западнонилска треска

Промовирани огласи »

Back To School со УниБанка!

Back To School никогаш не бил поисплатлив: Еве што добиваш со УниБанка!

Back To School со УниБанка!

Искористи CASHBACK со секое купување!

Новата учебна година носи нови почетоци, нови планови и многу подготовки. Ранец, училишен прибор, облека, обувки... трошоците се собираат, но со кредитните картички на УНИБанка дел од нив се враќаат назад кај вас.

Купувајте. Заштедувајте. Добијте повеќе.

Со кредитните картички на УНИБанка добивате:

  • CASHBACK за трансакции на ПОС терминали и интернет
  • Специјални попусти и поволности кај нашите трговци партнери
  • До 40 дена бескаматен период
  • Бесплатна членарина за првата година за нови клиенти со приливи во Банката

Од првиот училишен ден во секојдневните семејни купувања, користете ја вашата кредитна картичка и добијте повеќе од парите што веќе ги трошите.

А за следната семејна авантура...

Со Mastercard® Gold кредитната картичка добивате и премиум поволности, меѓу кои бесплатен пристап до деловни зони на повеќе од 1.800 аеродроми низ светот, за уште поголем комфор при вашите патувања.

Тагови: УНИ БАНКА АД

Промовирани огласи »

Повисоки плати како дел од континуираната грижа за вработените

КАМ повторно ги зголемува платите!

КАМ продолжува со својата посветеност кон унапредување на условите за работа и подобрување на финансиската сигурност на вработените преку нови зголемувања на платите во двата најголеми сектори во компанијата.

Зголемувањето на платите на вработените во Логистичкиот центар е веќе реализирано со мајската исплата, додека за вработените во нашите маркети промените стапија на сила со исплатата на јулската плата.

Со овие измени, на ниво на сите работни позиции во секторот Продажба, основната плата во просек е за 29% повисока од минималната плата во државата.

Воедно, просечната исплатена плата на ниво на компанијата е за 22% повисока од просечната исплатена плата во браншата.

Дополнително, како дел од континуираната грижа за својот тим, КАМ годинава ќе исплати регрес за годишен одмор во износ од 52.000 денари, кој е речиси три пати повисок од законски утврдениот минимален регрес во земјата.

Со тоа, КАМ повторно ја потврдува својата позиција како компанија која долгорочно и системски вложува во вработените, преку плати, надоместоци, бенефиции и подобри услови за работа.

Во нашата компанија веруваме дека препознавањето и вреднувањето на трудот на вработените треба да биде континуиран процес. Затоа, покрај редовните усогласувања на платите, во континуитет го развиваме и системот за бенефиции за вработените. Последно изминатиот месец обезбедивме ваучери за пазарење во dm, што претставува уште еден начин да им се заблагодариме за нивната посветеност и придонес кон заедничкиот успех. Нашата цел е да создаваме работна средина во која луѓето се чувствуваат ценети, поддржани и мотивирани - велат од КАМ.

Како предводник во својата бранша, КАМ континуирано поставува нови стандарди во грижата за вработените, инспирирајќи ги и другите компании да ги следат нејзините практики.

Тагови: Кам Доо Илинден

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »