Промовирани огласи »

Повисоки плати како дел од континуираната грижа за вработените

КАМ повторно ги зголемува платите!

КАМ продолжува со својата посветеност кон унапредување на условите за работа и подобрување на финансиската сигурност на вработените преку нови зголемувања на платите во двата најголеми сектори во компанијата.

Зголемувањето на платите на вработените во Логистичкиот центар е веќе реализирано со мајската исплата, додека за вработените во нашите маркети промените стапија на сила со исплатата на јулската плата.

Со овие измени, на ниво на сите работни позиции во секторот Продажба, основната плата во просек е за 29% повисока од минималната плата во државата.

Воедно, просечната исплатена плата на ниво на компанијата е за 22% повисока од просечната исплатена плата во браншата.

Дополнително, како дел од континуираната грижа за својот тим, КАМ годинава ќе исплати регрес за годишен одмор во износ од 52.000 денари, кој е речиси три пати повисок од законски утврдениот минимален регрес во земјата.

Со тоа, КАМ повторно ја потврдува својата позиција како компанија која долгорочно и системски вложува во вработените, преку плати, надоместоци, бенефиции и подобри услови за работа.

Во нашата компанија веруваме дека препознавањето и вреднувањето на трудот на вработените треба да биде континуиран процес. Затоа, покрај редовните усогласувања на платите, во континуитет го развиваме и системот за бенефиции за вработените. Последно изминатиот месец обезбедивме ваучери за пазарење во dm, што претставува уште еден начин да им се заблагодариме за нивната посветеност и придонес кон заедничкиот успех. Нашата цел е да создаваме работна средина во која луѓето се чувствуваат ценети, поддржани и мотивирани - велат од КАМ.

Како предводник во својата бранша, КАМ континуирано поставува нови стандарди во грижата за вработените, инспирирајќи ги и другите компании да ги следат нејзините практики.

Тагови: Кам Доо Илинден

Промовирани огласи »

Нови правила за „Hug & Fly“ на скопскиот аеродром од 1 септември 2026

Бесплатното застанување од 10 минути останува, но секое возило ќе може да ја користи зоната „Hug & Fly“ само еднаш во 24 часа.

Патниците и граѓаните кои носат или пречекуваат блиски на Меѓународниот Аеродром Скопје од 1 септември 2026 година ќе треба да ги почитуваат новите правила за користење на зоната „Hug & Fly“. Како што соопшти ТАВ Македонија, и понатаму ќе остане на сила можноста за бесплатно кратко застанување до 10 минути за оставање или преземање патници.

Новината е што едно возило ќе може да ја користи оваа зона само еднаш во рок од 24 часа. Контролата ќе се врши преку автоматско препознавање на регистарските таблички, со цел да се намали задржувањето пред терминалот и да се обезбеди подобар проток на сообраќај, особено во периоди со зголемен број патници.

За оние на кои им е потребно подолго задржување, на располагање останува големиот паркинг пред терминалната зграда, кој располага со 1.200 паркинг-места за автомобили и шест места за автобуси. Од ТАВ Македонија велат дека мерката е воведена за побезбеден и поефикасен пристап до терминалот, а повеќе информации за правилата и цените за подолго паркирање се достапни на официјалната веб-страница на скопскиот аеродром.

Тагови: автобус ТАВ Македонија „Hug & Fly“

Промовирани огласи »

САД привремено ги одложуваат термините за визи во сите амбасади и конзулати

Американската администрација привремено го стопира закажувањето визи ширум светот поради нова обука на конзуларните службеници, во потег што отвора нови прашања за заострената имиграциска политика.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп привремено го прекина закажувањето термини за кандидати за визи од целиот свет, како дел од ново заострување на имиграциската политика во неговиот втор мандат. Од Стејт департментот соопштија дека во сите американски амбасади и конзулати е започната глобална програма за обука, поради што термините ќе бидат приспособени и одложени.

Засега не е познато колку долго ќе трае обуката, ниту има повеќе детали за нејзината содржина. Според официјалните информации, целта е конзуларните службеници подобро да ги идентификуваат и одбиваат апликантите за кои се проценува дека би можеле да станат зависни од социјална помош во САД, а сите апликации да се разгледуваат „сеопфатно и доследно“. Според „Фајненшл тајмс“, кандидатите кои веќе имале закажани термини добиле електронски известувања дека нивните состаноци се одложени и ќе бидат презакажани.

Овој потег е дел од пошироката имиграциска стратегија на Трамп, која вклучува построги мерки, одземање визи и зелени карти, како и одбивање апликации по различни основи. Иако Белата куќа тврди дека целта е зајакнување на безбедноста, мерките веќе предизвикаа правни и политички реакции. Федерален судија неодамна поништи една од одлуките за суспензија на имигрантски визи за кандидати од 75 земји, додека организациите за човекови права предупредуваат дека ваквите политики создаваат несигурност и можат да доведат до дискриминација.

Тагови: амбасада визи САД

Промовирани огласи »

Три забрани во четири години: Возачите ќе останат без возачка дозвола

Ново правило носи построги санкции за повторувачите на сериозни сообраќајни прекршоци — по три забрани во четири години, следи одземање на возачката дозвола.

Возачите кои во рок од четири години трипати ќе добијат правосилна забрана за управување со моторно возило од иста категорија, ќе останат без возачка дозвола. Новото правило предвидува одземање на дозволата веднаш по третата изречена забрана, со цел да се санкционираат оние кои повторено прават сериозни сообраќајни прекршоци и претставуваат ризик за безбедноста на патиштата.

По одземањето, возачот нема да може веднаш повторно да седне зад волан. За повторно стекнување на правото на управување, ќе треба да помине најмалку една година, по што лицето ќе може повторно да полага возачки испит.

Со новите мерки се испраќа јасна порака дека повторувањето на тешки сообраќајни прекршоци ќе има директни последици. Властите очекуваат правилото да делува превентивно и да ги поттикне возачите посериозно да ги почитуваат сообраќајните прописи, особено кога прекршоците се повторуваат во краток временски период.

Тагови: возачка дозвола казни

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »