Промовирани огласи »

Ова се казните од камерите на „Сејф сити“, највисоката 400 евра

Возач кој добие три забрани за управување во рок од четири години, автоматски ја губи возачката дозвола. Повторно полагање е можно најрано по една година.

Со воведувањето на системот „Сејф сити“, Македонија ќе има автоматско казнување за четири конкретни сообраќајни прекршоци, со јасно утврдени и фиксни казни, во согласност со Законот за прекршоци и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

1. Пречекорување на дозволената брзина

Казните за прекршување на брзинскиот лимит се определуваат според тоа колку километри на час е надмината границата:

  • до 20 km/h над дозволеното: 20 евра во денарска противвредност
  • од 20 до 30 km/h: 45 евра
  • од 30 до 50 km/h: 300 евра и забрана за управување со возило од 3 до 12 месеци
  • над 50 km/h: 400 евра, 4 казнени поени и забрана за управување најмалку 12 месеци

Во населено место, казните се построги и може да достигнат 500 евра со задолжителна забрана за управување.

2. Минување на црвено светло

Системот автоматски санкционира минување на црвено светло со:

  • 250 евра парична казна
  • забрана за управување со моторно возило од 3 до 12 месеци

Доколку прекршокот предизвика опасност или сообраќајна незгода, се применува и кривична одговорност.

3. Управување со истечена сообраќајна дозвола или регистрација

За возење со истечена сообраќајна дозвола:

  • 100 евра казна за возачот
  • 250 евра казна за сопственикот, ако е друго лице

Системот автоматски проверува преку регистрите на МВР.

4. Непрописно запирање и паркирање

Казни за непрописно запирање или паркирање:

  • 30 евра за стандардни прекршоци
  • 45 евра ако возилото го попречува сообраќајот
  • 50 евра ако возилото е паркирано на место за лица со попреченост

Во случаи каде што возилото претставува ризик, се применува и подигнување со пајак-служба со дополнителни трошоци.

Ако казната се плати во рок од 8 дена, сторителот плаќа само 50% од износот. По истекот на рокот, казната се наплатува во целост, со можност за присилна наплата.

Возач кој добие три забрани за управување во рок од четири години, автоматски ја губи возачката дозвола. Повторно полагање е можно најрано по една година.

Со воведувањето на системот „Сејф сити“, класичните полициски контроли се заменуваат со автоматско мониторирање, каде видеокамерите и сензорите на „Безбеден град“ ќе ја обезбедуваат безбедноста и ќе санкционираат прекршителите без директна присутност на полицијата.

Тагови: казни Сејф сити - Безбеден град

Промовирани огласи »

Трите најдобри билни чаеви за здравје и добро расположение

Билни чаеви за имунитет, варење и подобар сон

Во време кога сè повеќе луѓе се враќаат кон природни решенија за подобро здравје, чајот останува еден од наједноставните и најдостапните начини за поддршка на организмот. Освен што делува смирувачки, одредени билни чаеви имаат моќ да го зајакнат имунитетот, да го подобрат варењето и да придонесат за целокупна виталност.

Чај од камилица – за смирување и подобар сон

Камилицата е позната по своето смирувачко дејство. Таа помага при стрес, анксиозност и несоница, а истовремено го олеснува варењето и ги намалува воспалителните процеси во организмот. Овој чај е идеален избор за вечерна релаксација и баланс на нервниот систем.

Чај од нане – за варење и освежување

Чајот од нане е одличен сојузник на дигестивниот систем. Тој помага при надуеност, желудочни тегоби и грчеви, а истовремено делува освежувачки и ја подобрува концентрацијата. Благодарение на своите антисептички својства, нането е корисно и при настинки и проблеми со дишните патишта.

Чај од ѓумбир – за имунитет и енергија

Ѓумбирот е природен стимулатор на организмот. Чајот од ѓумбир го зајакнува имунитетот, ја подобрува циркулацијата и помага при настинки и воспаленија. Освен тоа, тој придонесува за забрзување на метаболизмот и зголемување на енергијата, што го прави идеален избор во студените денови.

Редовното консумирање на билни чаеви може значително да придонесе за подобро здравје и благосостојба. Иако се природни, важно е да се консумираат умерено и, доколку постојат здравствени проблеми, да се побара совет од стручно лице. Во светот на брзиот начин на живот, една шолја чај може да биде мал, но моќен чекор кон поголема грижа за себе.

Тагови: здрав напиток здравје чај

Промовирани огласи »

Трет мобилен оператор на пазарот: „Оне Македонија“ доби лиценца

„ОНЕ Македонија“ денеска доби лиценца за 5Г-радиофреквенциски спектар од Агенцијата за електронски комуникации

„ОНЕ Македонија“ денеска доби лиценца за 5Г-радиофреквенциски спектар од Агенцијата за електронски комуникации и официјално ќе работи како трет мобилен оператор во државата. Првично ќе почне да работи на територијата на Скопје, а ќе ја користи мрежата на постојните два оператора додека да изгради сопствена.

Директорот на АЕК, Јетон Акику, ги врачи трите одобренија што се доделуваа со тендерот на Пал Заранди, претседател на одборот на директори на „Оне Македонија“ и директор на стратегии во Групацијата 4иГ, Бране Ѓуровиќ, извршен директор на „Оне Македонија“, и на Габор Алтман, заменик-извршен директор во компанијата.

Очекувам сериозен удел на пазарот. Со спроведениот трансперентен и структуриран процес на тендерот се испраќа јасен сигнал дека Македонија е посветена на фер конкуренција, долгорочни инвестиции и развој на доверливи дигатални инфаструктури – рече Заранди.

Тој најави дека ќе имаат нивна автономна мрежа и оти нема да зависат од другите за што ќе ангажираат експерти што ќе прават истражувања на пазарот како најдобро да се позиционираат.

За да бидеме целосно независни, тоа бара време и затоа ќе ја користиме мрежата на нашите конкуренти за т.н. национален роаминг. Првично ќе ја лансираме мрежата во Скопје, а потоа и на територијата на цела Македонија – рече Заранди најавувајќи дека ќе имаат договор со „Ериксон“ и ќе се придржуваат до законите на државата за користење безбедна мрежа.

Игор Бојаџиев, претставник на Агенцијата за електронски комуникации, соопшти дека „Оне Македонија“ на 14 јануари го уплатил еднократниот надомст во износ од 8.020.003 евра, со што ги исполни сите услови да ги добие трите одобренија.

Новиот оператор до крајот на март 2027 година треба да покрие еден град со 5Г, до крајот на 2028 година главните коридори, а до крајот на 2030 година сите градови во државата. До крајот на 2032 година се очекува секој граѓанин да има можност за пристап до интернет преку 5Г со минимална брзина на пристап до интернет од најмалку 100 Mbps.

Процесот за воведување трет мрежен оператор за мобилни мрежи и услуги почна минатата година откога Групацијата 4иГ, преку својата подружница „Оне Македонија телекомуникации“, на 17 декември 2024 година, официјално достави писмо за намери до АЕК, каде што изрази интерес за обезбедување достапни радиофреквенции како дел од планот за влез на телекомуникацискиот пазар како нов оператор во државата. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски во изјава за медиумите тогаш оцени дека официјализирањето на интересот за влез на пазарот од Групацијата 4иГ ќе значи крај на дуополот на двата мобилни оператора во земјата и намалување на цените за мобилни услуги.

На 22 април 2025 година Агенцијата за електронски комуникации отвори јавна расправа, која резултира со писмa за искажување интерес од „Оне Македонија телекомуникации“ ДООЕЛ Скопје, „Битстрим мобиле“ ДООЕЛ Скопје и од „Е&ппф телеком груп Б. В“., а на 19 јули 2025 година донесе одлука за распишување јавен тендер со јавно наддавање за доделување одобренија за користење радиофреквенции од радиофреквенциските опсези 700 MHz, 1800 MHz и 3.x GHz.

Единствен квалификуван понудувач на тендерот беше „Оне Македонија телекомуникации“, а одлуката за избор на најповолен понудувач на тендерот беше донесена на 12 јануари годинава.

Тагови: Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) мобилен оператор ОНЕ Македонија

Промовирани огласи »

Безбеден град ќе се спроведе - изгласан е Законот за прекршоци со 81 глас ЗА

Од 1. февруари стартува „Сејф Сити“.

Собранието на  Македонија денеска ги изгласа измените на Законот за прекршоци, со кои се овозможува целосно воведување на системот „Safe City“. За усвојување на промените се изјаснија 81 пратеник „ЗА“, додека 19 гласа беа „ПРОТИВ“.

Измените беа разгледани и изгласани по скратена постапка. Пратениците од ДУИ и СДСМ беа против, додека останатите партии во собраниската сала ја поддржаа законската иницијатива.

Дел од пратениците од ВМРО ДПМНЕ на социјалните мрежи споделија дека законот е изгласан. 

Со стапувањето во сила на промените, системот „Safe City“ ќе почне да функционира со санкционирање на сообраќајните прекршоци во првите градови опфатени со проектот, а во следниот период се очекува проширување на целата територија на државата. 

Тагови: закон Сејф сити - Безбеден град собрание

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »