Промовирани огласи »

Три забрани во четири години: Возачите ќе останат без возачка дозвола

Ново правило носи построги санкции за повторувачите на сериозни сообраќајни прекршоци — по три забрани во четири години, следи одземање на возачката дозвола.

Возачите кои во рок од четири години трипати ќе добијат правосилна забрана за управување со моторно возило од иста категорија, ќе останат без возачка дозвола. Новото правило предвидува одземање на дозволата веднаш по третата изречена забрана, со цел да се санкционираат оние кои повторено прават сериозни сообраќајни прекршоци и претставуваат ризик за безбедноста на патиштата.

По одземањето, возачот нема да може веднаш повторно да седне зад волан. За повторно стекнување на правото на управување, ќе треба да помине најмалку една година, по што лицето ќе може повторно да полага возачки испит.

Со новите мерки се испраќа јасна порака дека повторувањето на тешки сообраќајни прекршоци ќе има директни последици. Властите очекуваат правилото да делува превентивно и да ги поттикне возачите посериозно да ги почитуваат сообраќајните прописи, особено кога прекршоците се повторуваат во краток временски период.

Тагови: возачка дозвола казни

Промовирани огласи »

Почнува изградбата на автопатот Скопје–Блаце: Поради сложениот терен ќе има повеќе мостови и тунели на растојание од 10.5 километри

Почнува изградбата на најсложениот и најтешкиот автопат кој, како што изјави директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, на мало растојание од само 10.5 километри ќе има бројни тунели, вијадукти, мостови и галерии.

Почнува изградбата на најсложениот и најтешкиот автопат кој на мало растојание од само 10.5 километри ќе има бројни тунели, вијадукти, мостови, галерии на комплексен ридско-планински терен кој ќе биде предизвик и за проектантите и изведувачите, изјави директорот на Јавното претпријатие Коце Трајановски на денешното поставување на камен темелник за започнување на изградбата на втората фаза на автопатот Скопје-Блаце.

Денес не поставуваме само камен-темелник на еден автопат, туку поставуваме темел за побрза, побезбедна и посилно поврзана Македонија со соседите, регионот и Европа. Со отпочнувањето на изградбата на автопатот Скопје – Блаце, од клучката Стенковец до граничниот премин Блаце, во должина од околу 10,5 километри, правиме значаен исчекор кон заокружување на оваа стратешка регионална врска. Со изборот на „Гранит“ за изведувач се создадоа конкретни услови за поставување на овој камен-темелник. Оваа инвестиција е особено значајна затоа што не поврзува со пристаништето во Драч, со Албанија, Црна Гора и Србија преку Косово, рече Трајановски.

Тој уште рече дека финансирањето е обезбедено преку заем од Европската банка за обнова и развој во висина од 167,6 милиони евра, грант од Рамката за инвестиции за Западен Балкан од 30,82 милиони евра, средства од буџетот на ЈПДП за експропријација, како и грант средства за проектантите Hill International и ADT Omega.

Трајановски во својот говор се осврна и на техничките карактеристики на автопатот кој ќе има две коловозни ленти, секоја со по две сообраќајни ленти и лента за застанување, со вкупна ширина од околу 27,5 метри.

Ова е најсложениот и најтешкиот автопат кој на мало растојание од само 10.5 км ќе има бројни тунели, вијадукти, мостови, галерии и кој ќе биде предизвик и за проектантите и изведувачите.  Поради сложениот ридско-планински терен, проектот предвидува изградба на: 5 тунели со лева и десна цевка, 8 мостови, 11 потпатници, 4 галерии, 9 потпорни ѕидови. Рокот на изградба е 4 години, рече Трајановски.

Тагови: автопат Скопје-Блаце

Промовирани огласи »

Вработување во Зегин!

Најнови огласи за работа во Зегин!

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа.

Одговорно лице за основни средства
Овластен сметководител
IT Project Manager/Scrum Master
Лепач на декларации
Хигиеничар/ка во магацин - Маџари

Останатите огласи од Зегин ќе ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Останатите огласи можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: Зегин ДОО Скопје

Промовирани огласи »

На панел-дискусијата „AI & DATA REVOLUTION“, во рамките на дводневниот настан во Семос Академии, KARIERA.mk учествуваше во разговорот за едно од најактуелните прашања на современиот пазар на труд: како вештачката интелигенција, податоците и новите вештини ја менуваат иднината на кариерата?

Како платформа која оваа година одбележува 10 години постоење, KARIERA.mk има директен увид во промените што се случуваат на пазарот на трудот и од перспективата на компаниите и од перспективата на кандидатите.

Од платформа за огласи до целосен кариерен екосистем

KARIERA.mk денес не е само место каде што се објавуваат огласи за работа. Во текот на изминатите 10 години, платформата прерасна во екосистем кој ги поврзува луѓето, компаниите, знаењето и кариерните можности. Нашата мисија отсекогаш била да бидеме мост помеѓу талентите и компаниите, но денес тој мост е многу поширок.

Една од клучните теми на дискусијата беа вештините што кандидатите треба да ги развиваат за да останат конкурентни во услови на брзи технолошки промени. Она што го покажуваат секојдневните огласи за работа е јасно: дипломата и работното искуство повеќе не се единствените критериуми.

Во согласност со промените на пазарот, KARIERA.mk активно инвестира во развој на технологии кои ќе го направат процесот на вработување поефикасен. Еден од резултатите на оваа насока е Kariera AI локално развиено AI решение за HR процеси. Системот овозможува анализа на CV-ата според релевантни критериуми како образование, работно искуство, вештини, квалификации и seniority, со цел компаниите полесно да добијат преглед и да ги рангираат кандидатите според барањата на конкретната позиција.

Развојот на KARIERA AI не е насочен само кон компаниите. Една од важните насоки е технологијата да им помогне и на кандидатите преку насоки за подобрување на CV-то, подобро претставување на искуството и вештините и поголема релевантност на нивната апликација за конкретната работна позиција.

Како следен чекор, KARIERA.mk го развива и Kariera Hub, систем кој ќе овозможи полесно следење и управување со различните фази од процесот на вработување од селекција на кандидати и први интервјуа, до коментари, белешки, состаноци и следни чекори.

Исто така продуктот HR Scanner како алатка беше дел од овој разговор. Во современиот HR свет, податоците стануваат сè поважни за донесување стратешки одлуки. Токму во оваа насока, преку соработката со Pikasa AI, KARIERA.mk разви решение кое овозможува анализа и следење на конкуренцијата од аспект на нејзиното вработување. Компаниите можат да следат што се случува во нивната индустрија според различни параметри од градови и временски периоди до типови на позиции.

Тоа овозможува подобро разбирање на пазарот: кои позиции се најбарани, каде постои недостиг на кадар, какви се трендовите во индустријата и каде треба да се насочи HR стратегијата.Со други зборови, податоците повеќе не се само статистика тие стануваат основа за подобро планирање.

Од образование до реална кариера: партнерството со Семос Едукација

Посебен дел од разговорот беше посветен и на соработката помеѓу KARIERA.mk и Семос Едукација. Партнерството претставува природно продолжение на заедничката цел да им се помогне на луѓето полесно да го направат чекорот од стекнатото знаење до реална кариера.

За студентите на Семос Академиите, образованието не завршува со сертификатот

Преку MojaKARIERA, студентите добиваат дополнителна поддршка во процесот на барање работа. По завршувањето на Академијата, преку активирање на MojaKARIERA PRO картичката, нивното CV може да добие дополнителна видливост пред компаниите и да биде препорачано до релевантни работодавачи.

Така се создава вистински кариерен мост. Семос Едукација го обезбедува знаењето и практичните вештини, а KARIERA.mk помага тие знаења да се претворат во реална кариерна можност. Иднината на кариерата е комбинација од човек и технологија. Главната порака од панел-дискусијата „AI & DATA REVOLUTION“ е дека иднината на работата не е едноставно приказна за технологијата. Таа е приказна за луѓето кои знаат како да ја користат технологијата.

AI ќе менува професии, процеси и начини на работа. Но, компаниите и понатаму ќе имаат потреба од луѓе кои размислуваат критички, комуницираат, создаваат, решаваат проблеми и се подготвени да учат.

Токму затоа KARIERA.mk продолжува да инвестира во технологии, партнерства и решенија кои ќе го направат патот од знаење до вработување пократок, поедноставен и поефикасен.

По 10 години, приказната за KARIERA.mk не завршува. Напротив започнува нова ера во која знаењето, вештините, податоците и вештачката интелигенција заедно ја креираат иднината на кариерата.

Тагови: AI HR Scanner Kariera.AI Кариера Онлајн

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »