На панел-дискусијата „AI & DATA REVOLUTION“, во рамките на дводневниот настан во Семос Академии, KARIERA.mk учествуваше во разговорот за едно од најактуелните прашања на современиот пазар на труд: како вештачката интелигенција, податоците и новите вештини ја менуваат иднината на кариерата?
Како платформа која оваа година одбележува 10 години постоење, KARIERA.mk има директен увид во промените што се случуваат на пазарот на трудот и од перспективата на компаниите и од перспективата на кандидатите.
Од платформа за огласи до целосен кариерен екосистем
KARIERA.mk денес не е само место каде што се објавуваат огласи за работа. Во текот на изминатите 10 години, платформата прерасна во екосистем кој ги поврзува луѓето, компаниите, знаењето и кариерните можности. Нашата мисија отсекогаш била да бидеме мост помеѓу талентите и компаниите, но денес тој мост е многу поширок.
Една од клучните теми на дискусијата беа вештините што кандидатите треба да ги развиваат за да останат конкурентни во услови на брзи технолошки промени. Она што го покажуваат секојдневните огласи за работа е јасно: дипломата и работното искуство повеќе не се единствените критериуми.
Во согласност со промените на пазарот, KARIERA.mk активно инвестира во развој на технологии кои ќе го направат процесот на вработување поефикасен. Еден од резултатите на оваа насока е Kariera AI локално развиено AI решение за HR процеси. Системот овозможува анализа на CV-ата според релевантни критериуми како образование, работно искуство, вештини, квалификации и seniority, со цел компаниите полесно да добијат преглед и да ги рангираат кандидатите според барањата на конкретната позиција.
Развојот на KARIERA AI не е насочен само кон компаниите. Една од важните насоки е технологијата да им помогне и на кандидатите преку насоки за подобрување на CV-то, подобро претставување на искуството и вештините и поголема релевантност на нивната апликација за конкретната работна позиција.
Како следен чекор, KARIERA.mk го развива и Kariera Hub, систем кој ќе овозможи полесно следење и управување со различните фази од процесот на вработување од селекција на кандидати и први интервјуа, до коментари, белешки, состаноци и следни чекори.
Исто така продуктот HR Scanner како алатка беше дел од овој разговор. Во современиот HR свет, податоците стануваат сè поважни за донесување стратешки одлуки. Токму во оваа насока, преку соработката со Pikasa AI, KARIERA.mk разви решение кое овозможува анализа и следење на конкуренцијата од аспект на нејзиното вработување. Компаниите можат да следат што се случува во нивната индустрија според различни параметри од градови и временски периоди до типови на позиции.
Тоа овозможува подобро разбирање на пазарот: кои позиции се најбарани, каде постои недостиг на кадар, какви се трендовите во индустријата и каде треба да се насочи HR стратегијата.Со други зборови, податоците повеќе не се само статистика тие стануваат основа за подобро планирање.
Од образование до реална кариера: партнерството со Семос Едукација
Посебен дел од разговорот беше посветен и на соработката помеѓу KARIERA.mk и Семос Едукација. Партнерството претставува природно продолжение на заедничката цел да им се помогне на луѓето полесно да го направат чекорот од стекнатото знаење до реална кариера.
За студентите на Семос Академиите, образованието не завршува со сертификатот
Преку MojaKARIERA, студентите добиваат дополнителна поддршка во процесот на барање работа. По завршувањето на Академијата, преку активирање на MojaKARIERA PRO картичката, нивното CV може да добие дополнителна видливост пред компаниите и да биде препорачано до релевантни работодавачи.
Така се создава вистински кариерен мост. Семос Едукација го обезбедува знаењето и практичните вештини, а KARIERA.mk помага тие знаења да се претворат во реална кариерна можност. Иднината на кариерата е комбинација од човек и технологија. Главната порака од панел-дискусијата „AI & DATA REVOLUTION“ е дека иднината на работата не е едноставно приказна за технологијата. Таа е приказна за луѓето кои знаат како да ја користат технологијата.
AI ќе менува професии, процеси и начини на работа. Но, компаниите и понатаму ќе имаат потреба од луѓе кои размислуваат критички, комуницираат, создаваат, решаваат проблеми и се подготвени да учат.
Токму затоа KARIERA.mk продолжува да инвестира во технологии, партнерства и решенија кои ќе го направат патот од знаење до вработување пократок, поедноставен и поефикасен.
По 10 години, приказната за KARIERA.mk не завршува. Напротив започнува нова ера во која знаењето, вештините, податоците и вештачката интелигенција заедно ја креираат иднината на кариерата.
Тагови: AI HR Scanner Kariera.AI Кариера Онлајн