Промовирани огласи »

Краен рок за завршување на автопатот Кичево-Охрид е 31 мај 2027 година - дополнителни пет месеци за дозавршување на градежните работи

Нов конечен датум! Ќе биде ли конечно „историскиот“ автопат?

Со нов анекс на Договорот за изградба на автопатот КичевоОхрид што ќе го потпишат Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и изведувачот кинески „Синохидро“ треба да се овозможи дозвршување на градежните работи на автопатот во изградба, при што се предвидуваат дополнителни 186 милиони евра, а ревидираниот краен рок за завршување е 31 мај 2027 година, со којшто се обезбедуваат уште 151 ден за добивање употребна дозвола на автопатот.

Дополнителните финансии се за активностите што беа најавени за стабилизација на свлечишта со изградба на 14 галерии, поставување еластична одбојна, изградба на паралелни пристапни патишта што не биле предвидени за поврзување на населените места, како и за контролен центар за тунелите.

Со дополнувањата на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница КичевоОхрид, што ги изгласа синоќа Собранието, се предвидува да се случи Анекс бр. 8, за автопатот во должина од 57 километри што се гради од 2014 година, а од кој досега се пуштени 40-ина километри.

Интензивно се работи на проектот, задоволен сум со динамиката што ја има и со овој анекс конечно ќе го завршиме автопатот КичевоОхрид, рече вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, образложувајќи ги законските измени во матичната собраниска комисија.

Тој изнесе три причини за новиот анекс истакнувајќи дека првата е потребно да се дозавршат градежните работи за целосно и квалитено завршување на проектот со работи што не биле предвидени од основниот проект, како што е тоа дека кога се работел проектот во 2013 и 2014 година не се направени ниту геотехнички истражувања.

За таа цел предвидуваме непредвидени работи за стабилизација на свлечишта. Ќе се градат 14 галерии долж автопатот. Ќе се изведат и дополнителни работи за еластична одбојна ограда, со примена на европски стандарди, а која не била предвидена воопшто. Непредвидени дополнителни финансиски средства за изградба на контролен центар за тунелите кој ќе служи и за тунелот што ќе се гради на делницата Кичево-Букојачни, рече Николоски.

Исто така, дополни, дополнителни работи за паралелни пристапни патишта што не биле предвидени во првичниот план, а се предвидени во Анекс бр. 3 (2018 г.) и Анекс бр. 6, (2024) како и укажување од надзорот за потребата од изградба на останатите паралелни патишта, како неопходни за функционалност и сообраќајно поврзување на населените места долж автопатот. Тоа се пристапни патишта од село Арбиново до село Издеглавје, од село Издеглавје до Ново село, од Ново Село до село Ботун, од Мешеиште до Требениште, од Требениште до Подмоље и до Охрид. И останата проектна документација за поврзување на локални патишта со паралелни пристапни патишта.

Ова е причината зошто се прави овој прв корпус на измени што ќе значи дополнително финансирање на проектот во износ од 186 милиони евра, наведе Николоски, дополнувајќи дека тие средства ќе бидат обезбедени од Јавното претпријатие за државни патишта, инвеститор во име на државата.

Втората причина, како што рече, е употребната дозвола за автопатот за која што се дава рок од 151 ден, а третиот дел се однесува на барањата за надомест а изведувачот се откажува од сите досегашни и сите потенцијално нови кои би биле поднесени до 31.12.2026 година.

Со потпишувањето на Анекс бр.8, инвеститорот и изведувачот се согласни дека изведувачот има право на продолжување на Рокот за завршување за дополнителни 151 ден, согласно потточка 8.4 од Општите и Деталните услови на Договорот. Согласно потточка 1.1.3.3 од Детални услови на Договорот дел А (Договорни податоци) и потточка 8.4 од Деталните услови на Договорот Дел Б -Детални одредби, Рокот за завршување на работите се менува од 4627 во 4778 дена во дел А- Договорни податоци (Додаток кон понудата). Според тоа, ревидираниот краен рок е 31.05.2027 година, се вели во нацрт-анексот на Договорот.

Како што наведува надзорот за изградбата на автопатот, Градежниот институт Македонија, инвеститорот доставил измени и дополнувања на четири основни проектни целини (поставување на еластична одбојна ограда по МКС EN 1317, примена на технички мерки за заштита на усеци и стабилизација на свлечишта, паралелни пристапни патишта, контролен центар за тунел Пресека).

Согласно условите на Договорот по FIDIC Red Book, клаузула 8.4 (а), при промени или значителна промена на квантитетот на работите, изведувачот има право на продолжување на рокот за завршување. Надзорот смета дека: предложениот рок за завршување до 31.05.2027 година е реално остварлив технички оправдан; условен е со добра организација на работите од страна на изведувачот, а неопходно е инвеститорот да обезбеди услови за непречено одвивање на работите и навремено финансиско сервисирање на обврските, се вели во мислењето од надзорот.

По 11 години изградба на автопатот Кичево-Охрид на 13 јули лани беа пуштени првите 20 километри, на потегот од Врбјани до Ботун, а на 7 септември  уште една делница, Климештани-Охрид, во должина од 17 километри. За изградбата заклучно со крајот на минатата година  реализирани се 557.985.782 евра или 93,3 проценти од предвиденото.

Тагови: автопат Охрид Кичево

Промовирани огласи »

РАБОТНАТА НЕДЕЛА ОД 48 ЈА СКРАТУВААТ НА 40 ЧАСА: За која земја се работи?

Добра вест за работниците

Мексико постепено ја намалува работната недела на 40 часа до 2030 година, и ова е реформа што Конгресот ја поддржа. 

Мексиканскиот Конгрес денеска одобри закон со кој постепено ќе се скратува работната недела во земјата од сегашните 48 на 40 часа, со планирано намалување од два часа годишно до 2030 година.

Реформата, која ќе влијае на околу 13,4 милиони работници, беше усвоена во Претставничкиот дом со поддршка од 469 пратеници, додека никој не гласаше против неа, пренесува Ројтерс.

Пратениците од опозицијата изразија загриженост дека законот не оди доволно далеку во корист на работниците, но по повеќе од десет часа дебата, тие се придружија на владејачкото мнозинство и го поддржаа законот.

Тагови: Мексико работна недела работници

Промовирани огласи »

21-годишен маж одбива да работи затоа што ‘никогаш не побарал да се роди’

Интернетот поделен околу неговата логика

21-годишен маж предизвика огромна дебата на социјалните мрежи откако изјави дека одбива да работи, бидејќи никогаш не дал согласност да биде роден. Според него, одлуката за неговото постоење ја донеле неговите родители, па затоа тие имаат обврска финансиски да го поддржуваат. Тој тврди дека е неправедно некој да биде принуден да работи за живот што не го избрал.

Неговата изјава стана вирална и ги подели мислењата. Дел од јавноста го критикува како незрел и неодговорен, нагласувајќи дека секој возрасен човек мора сам да се грижи за себе. Други, пак, сметаат дека отвора пошироко прашање за притисокот на современата работна култура и очекувањата што општеството ги наметнува.

Некои ја поврзуваат неговата позиција со филозофијата на антинатализмот, која ја преиспитува моралната оправданост на носење нов живот на свет. Со една контроверзна изјава, тој поттикна глобална дискусија за личната одговорност, изборот и тоа што навистина си должиме едни на други.

Тагови: работа работнички права родител одбива

Промовирани огласи »

Зошто најдобрите работници најчесто остануваат на исто место?

Зошто оние кои работат најпаметно често не се движат нагоре?

Можеби сте забележале дека некои од најталентираните и најпосветените професионалци често остануваат на истата позиција со години. Зошто тоа се случува, и дали тоа е поради недостаток на амбиција или нешто друго? Истражувањата и практичните искуства покажуваат дека причините се посложени:

1. Страв од промена

Најдобрите работници знаат што можат да очекуваат на сегашното место и ја ценат стабилноста. Ново работно место го носи непознато – различна култура, нови тимови, и неизвесна кариера. Понекогаш стравот од неуспех ги спречува да направат следен чекор.

2. Лојалност и чувството на припадност

Многу професионалци вложуваат години во градење односи и влијание во компанијата. Чувството на лојалност кон колегите и тимот често ги држи на истата позиција, иако други можеби би ги привлекле повисоки плати или нови предизвици.

3. Недостаток на признание

Често најдобрите работници се „невидливи“ – тие завршуваат повеќе работа, но нивниот труд не се препознава со промоција или повисока плата. Кога наградите и унапредувањата се ретки, мотивацијата за менување на позицијата се намалува.

4. Конформизам и комфор зона

Со текот на времето, колку повеќе експертиза стекнуваат, толку полесно се поставуваат во рутина. Новите предизвици бараат ризик и учење, а не секој е подготвен да ја напушти комфор зоната, дури и ако тоа значи стагнација.

5. Стратегија за кариера

Некои од најуспешните работници всушност остануваат на истата позиција со стратегија – тие се фокусираат на развој на вештини, мрежа и влијание, наместо на формални титули. На долг рок, тоа често носи поголеми резултати од честите промени на позиции.

Останувањето на истата позиција не е секогаш негативно. Тоа често е резултат на внимателна стратегија, лојалност, или избор на стабилност над краткорочни промоции. Клучот е да се препознае кога „оставањето“ станува ограничување и да се преземе активна улога во креирањето на својата кариера.

Прочитајте и за: Најдобри CV генератори за секој професионален профил

Тагови: совети за работа

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »